„Коалиција против ГМО“ неосновано шири невистини за ГМО храната
- Вторник, 11 Декември 2018 15:11
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира наводите од денешното соопштение на неформалната група граѓани и организации „Коалиција против ГМО“ во врска со изјавите на директорот на АХВ Зоран Атанасов дадени во емисијата Отворено студио на ТВ 1, во врска со ГМО храната. Како одговорна институција за безбедноста на храната, ја информираме јавноста дека сите наводи изнесени во соопштението се невистинити и голем дел се однесуваат на надлежности на други институции, а не на Агенцијата за храна и ветеринарство.
АХВ е надлежна за уредување на легислативата и контролата на ГМО храната и ГМО храната за животни, но, не и за одобрување и пуштање во промет на ГМО семињата, ниту за култивацијата и одгледувањето на култури кои се генетски модифицирани. АХВ не е надлежна институција ниту за контрола на влијанието на овие генетски модифицирани култури врз животната средина и врз диверзитетот во природата.
Повеќе: „Коалиција против ГМО“ неосновано шири невистини за ГМО храната
Одржан работен состанок со Светска Банка
- Вторник, 11 Декември 2018 12:59
Делегација на АХВ го одбележа празникот Свети Климент Охридски
- Сабота, 08 Декември 2018 18:09
Делегација од Агенцијата за храна и ветеринарство, предводена од директорот Зоран Атанасов, денес, пред Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, положи свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски. Празникот Свети Климент Охридски и 25-годишнината од смртта на Блаже Конеск со положување на свежо цвеќе ја одбележаа и владина делегација предводена од министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски, како и делегации од Собранието на Република Македонија, од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Армијата на Република Македонија, Сојузот на борци од НОВ, дипломатските претставници и претставници на останатите институции, политички партии и здруженија на граѓани.
Во Република Mакедонија нема Африканска свинска чума
- Понеделник, 10 Декември 2018 16:26
Агенцијата за храна и ветеринарство го најостро го демантира известувањето пратено до собирачите на други шумски производи, испратено од ,,Македонски шуми,, ПСШ Демир Капија во кое неодговорно се тврди дека во Република Македонија е потврдена појавата на опасната заразна болест Африканска свинска чума кај диви свињи. Бараме од одговорното лице во ова јавно претпријатие кое ја дезинформира јавноста и непотребно внесе страв и паника кај граѓаните официјално да ја демантира ваквата дезинформација.
Повеќе: Во Република Mакедонија нема Африканска свинска чума
Хрватскиот Институт за ветеринарство ќе ги сподели искуствата за отворање на преговорите со ЕУ
- Петок, 07 Декември 2018 20:06
Пренесување на искуствата во процесот на отворањето на преговорите за членство на Република Хрватска во Европската унија во делот на ветеринарството, состојбата со безбедноста на храната од животинско потекло во оваа земја, презентирање на поставеноста на хрватскиот Ветеринарен институт во системот на здравствена заштита на животните со поставување на основите на идната соработка со македонската Агенција за безбедност на храната, се темите на кои дискутираа на денешната средба, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и првиот човек на Хрватскиот ветеринарен институт , проф Д-р Борис Хабрун.
На состанокот на кој присуствуваа и проф Д-р Лазо Пендовски декан на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје и проф Д-р Јована Стефановска, раководител на Ветеринарниот институт во состав на Факултетот за ветеринарна медицина, директорот Атанасов ја презентираше организационата поставеност на Агенцијата и надлежностите на институцијата.
Изразена беше заедничка подготвеност за соработка и за споделување на хрватските искуства со релевантните институции од Република Македонија, со помош и посредство на Агенцијата.





































