Позитивно оценет документираниот Систем за квалитет на АХВ
- Петок, 01 Март 2019 11:37
Агенцијата за храна и ветеринарство доби позитивни оценки од страна на сертификациското тело MQS за документираниот Систем за квалитет, согласно барањата на стандардот за квалитет ISO 9001:2015, по спроведената прва редовна проверка, откако лани Агенцијата стана прва државна институција сертифифицирана согласно барањата на стандардот за квалитет. На 26 февруари, 2019 година во Агенцијата за храна и ветеринарство од страна на аудитори на надворешното сертификациско тело MQS, партнер на Quality Austria беа проверувани реализацијата на услуги по сектори и одделенија, процесот на лидерство и посветеност на врвното раководство, контекстот на агенцијата, документираните информации, процесите на следење, мерење, анализа и евалуација, како и континуирано подобрување на Агенцијата.
Повеќе: Позитивно оценет документираниот Систем за квалитет на АХВ
Во тек втората фаза од истражувањето за навиките во исхраната кај децата
- Среда, 27 Февруари 2019 09:08
Како дел од активностите кои што произлегуваат од потпишаниот договор со Европската Агенција за безбедност на храна (ЕФСА) за реализација на проект за спроведување на истражување за навиките во исхраната на деца од 1 до 9 годишна возраст, во текот на месец февруари 2019 година, Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Институтот за јавно здравје започна со спроведување на втората (зимска) фаза од истражувањето.
Зимската фаза на истражувањето ќе трае до 15 март, а анкетите ќе се спроведуваат на целата територија на Република Северна Македонија, при што ќе бидат опфатени 270 домаќинства.Како дел од активностите кои што произлегуваат од потпишаниот договор со Европската Агенција за безбедност на храна (ЕФСА)
Повеќе: Во тек втората фаза од истражувањето за навиките во исхраната кај децата
Експерти ги здружуваат силите за превенција од африканска свинска чума на Балканот
- Петок, 22 Февруари 2019 10:00
Намалување на ризикот од појава и подобрување на подготвеноста за брзо откривање и контрола на болеста африканска свинска чума во балканските земји е главната тема на четири-дневната работилница на ФАО која завршува денеска во Белград, на која присуствуваат и претставници од Република Северна Македонија.
Африканската свинска чума е вирусна хеморагична болест која убива до 100 проценти од инфицираните домашни и диви свињи. Не претставува ризик за здравјето на луѓето, но има потенцијал да ги загрози животот во руралните средини, безбедноста на храната и трговијата во засегнатите региони.
Во последниве години, болеста постепено се шири и нејзината појава во Бугарија, Унгарија и Романија во 2019 година претставува сериозна и неизбежна закана за Балканот.
Повеќе: Експерти ги здружуваат силите за превенција од африканска свинска чума на Балканот
Во Брисел се одржа експланаторниот (објаснувачки) скрининг за Поглавјето 12
- Петок, 22 Февруари 2019 11:35
Делегација на Република Северна Македонија, предводена од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство д-р Зоран Атанасов и г-дин Бојан Маричиќ, посебен советник за евроатлански интеграции во кабинетот на Премиерот Зоран Заев, во својство на заменик шеф на делегацијата и технички преговарач во пристапните преговори со Европската унија, од 18 до 22 Февруари 2019 година во Брисел, со високи претставници на Европската Комисија од областа на безбедноста на храна, ветеринарна политика и фитосанитарни прашања, учествуваше на експланаторниот (објаснувачки) скрининг.Скринингот е дел од процесот за започнување на пристапните преговори на нашата држава со Европската унија и на него учество зедоа и претставници од надлежните институции од Поглавјето 12 - Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика - Агенција за храна и ветеринарство, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државен инспекторат за земјоделство, Фитосанитарна Управа и Управа за семе и саден материјал.
Повеќе: Во Брисел се одржа експланаторниот (објаснувачки) скрининг за Поглавјето 12
AХВ спроведе еко акција за почиста животна средина
- Сабота, 16 Февруари 2019 13:44
Еко акција за чистење и уредување на дворот спроведоа денес вработените на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и во соработка со комуналната служба на Општина Аеродром. Акцијата која се реализира денес е во рамки на спроведување на владините мерки за намалување на аерозагадувањето и заштита и унапредување на животната средина.





































