Соопштенија
Листи за пропишани пратки кои подлежат и кои не подлежат на преглед од страна на официјален ветеринар на граничен премин:
1.Листа на животни, производи и нус производи од животинско потекло кои при увоз и транзит подлежат на проверка
2. Листа на производи од животинско потекло кои не подлежат на инспекција при увоз и транзит
Во „Службен весник на РМ“ бр. 189 од 15.10.2018 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Соединетите Американски Држави.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 181 од 28.09.2018 година, се објавено е:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 177 од 21.09.2018 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 174 од 18.09.2018 година, објавени се правните прописи:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 144 од 03.08.2018 година, се објавени следниве правни прописи:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 124 од 05.07.2018 година, се објавени следниве правни прописи:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 58 од 2018 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Германија.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 47,53,54 и 57 од 2018 година, објавени се правни прописи во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
1.Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија
Во „Службен весник на РМ“ бр. 43 од 08.03.2018 година, објавени се правни прописи во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
1.Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 3 од 09.01.2018 година, е објавен правeн пропис во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство под следниот наслов:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 193 од 27.12.2017 година, е објавен правeн пропис во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство под следниот наслов:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 185 од 18.12.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 173 од 30.11.2017 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Швајцарија.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 171 од 28.11.2017 година, објавени се нови правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 165 од 16.11.2017 година, објавени се следните правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 159 од 08.11.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 157 од 06.11.2017 година, објавен е правниот пропис:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 155 од 02.11.2017 година, објавени се следните правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 145 од 12.10.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 138 од 02.10.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 135 од 26.09.2017 година, објавено е ,,Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Германија,,.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 130 од 18.09.2017 година, објавени се следните правни прописи:
Во пресрет на локалните избори, Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 12.09.2017 година ги донесе следниве акти:
Што е Авијарна Инфлуенца (Птичји грип)
Авијарната инфлуенца (АИ), е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ од фамилијата Orthomyxiviridae, која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија, во производството на птици (кокошки, мисирки, потполошки, бисерки, итн) и ограничувања во увозот и извозот живи птици и производи од живина. Кај домашната живина, птици кои се држат како миленичиња и диви птици, болеста предизвикува висока стапка на смртност.
Постојат многу видови на вируси на Авијарна Инфлуенца кои генерално може да се поделат во две категории:
- ниско патогена Авијарна Инфлуенца (LPAI) која обично се манифестира со малку или без клинички промени кај птиците и
- високо патогена Авијарна Инфлуенца (HPAI) која предизвикува сериозни клинички промени и/или висока смртност кај птиците.
Загриженоста во однос на болеста е подигната поради степенот на вирулентност не само кај живината, туку и во дивите птици, но и способноста да се заразат цицачи. Додека вирусите на АИ се генерално високо видови специфични вируси, од високо патогениот Х5Н1 АИ вирус, може да бидат заразени и луѓето. Вирусот исто така е изолиран и кај цицачи вклучувајќи ги и луѓето, стаорци и глувци, ласици, свињи, мачки, тигри и кучиња.
Ниско патогените соеви на вирусот на АИ Х5Н1 постојат, но не предизвикуваат значителни клинички знаци кај птиците.
Авијарната Инфлуенца е болест наведена во листат на болести на Светската организација за здравје на животните (OIE) која задолжително се пријавува особено подтиповите, H5 и H7.
Каде се појавува болеста?
Авијарната Инфлуенца може да се појави во целиот свет и различни видови на вирусот се присутни во различни области на светот.
Од посебен интерес се епидемиите на високопатогени Х5Н1 АИ што се случуваа во југо-источна Азија кон крајот на 2003 година. Во текот на изминатите години, и други азиски земји објавија епидемии а во некои болеста сега се смета за ендемски присутна (секогаш присутна). Појава на високо патогена авијарна инфлуенца Х5Н1, исто така е пријавена во Африка и Европа. Последните жаришта на болеста на Европскиот континент се пријавени во текот на месец Ноември оваа година во Германија, Холандија и Велика Британија.
Како болеста се шири и пренесува?
Глобализацијата и меѓународната трговијата (легална и нелегална), саемите и пазарите на птици, начинот на држење на живината и присуството на вирусот кај дивите птици се неколку фактори кои придонесуваат за ширење и пренесување на Авијарната Инфлуенца.
Дивите птици нормално може да го носат вирусот на Авијарната Инфлуенца во нивниот респираторен или цревен тракт без да се разболуваат. Дивите птици историски се познати како резервоари за вируси на Авијарната Инфлуенца, главно од ниско патогени соеви затоа на глобално ниво се спроведуваат мерки за надзор, следење, појава и карактеристика на вируси на Авијарната Инфлуенца во дивите птици иако поголемото мнозинство на овие вируси не предизвикува болест.
Се уште не е позната точната улога на дивите птици во ширењето на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца Х5Н1. Генерално, постојат многу неизвесности за вклученоста на дивите птици, миграторните рути и пред сè, на можноста дека некои видови може да станат постојан резервоар на Х5Н1 вирус без да покажуваат клинички знаци на болеста.
Вирусот на Авијарна Инфлуенца може да се шири преку директен контакт со секрети од заразени птици, особено фекалии или преку контаминирана храна, вода, опрема и облека.
Освен тоа што е високо заразна за живината, вирусите на Авијарна Инфлуенца лесно се пренесува од одгледувалиште до одгледувалиште преку движење на домашните птици, луѓето (преку контаминирани чевли и облека), контаминирани возила, опрема, храна, кафези и други предмети.
Период на инкубација на болеста е 3 до 5 дена.
Високо патоген вирус може да преживее долг периоди во животната средина, особено на ниски температури. На пример, високо патогениот Х5Н1 вирус може да опстане во измет од птици најмалку 35 дена при ниска температура (4оC). На повисока температура (37оC), Х5Н1 вирусот во фекални примероци преживува шест дена.
Инфекции кај мачките и свињите се од посебен интерес бидејќи овие животни се подложни на инфекции на птичји и човечки вируси на инфлуенца што може да доведе до можност вирусот на Авијарна Инфлуенца Х5Н1 да се приспособи или мутира. Иако кај свињите и мачките во текот на изминатите три години се пријавени спорадични инфекција со високо патогениот Х5Н1 не постојат научни докази кои укажуваат дека овие видови на животни имаат важна улога во епидемиологијата на болест или дека претставуваат извор на вирусот на други видови.
Кој е ризикот по здравјето на луѓето поврзан со оваа болест?
Авијарната инфлуенца е зооноза (болест која првенствено се појавува кај животните - птиците но предизвикува болест и кај луѓето).
Соевите на вирусот на Авијарна инфлуенца се високо специфични за приемчивите видови но во ретки случаи можно е да се заразат и луѓето. Пренос на луѓето се случува кога постои близок контакт со заразени птици или во високо контаминирана средина.
Иако од Авијарна инфлуенца предизвикана од високо патоген сој на вирусот понекогаш може да се зарази човекот, ова болест не треба да се помеша/замени со сезонскиот грип кај луѓето (обично предизвикани од Х1 и Н3 вируси).
Поради големиот потенцијал за инфекција кај луѓето се препорачува луѓето кои работат со или кои се во контакт со живина за која постои сомневање дека е заразена со Авијарна инфлуенца, да носат облека за лична заштита која вклучува; маски за лице, заштитни очила, ракавици и чизми.
Веројатноста за вирусот на Авијарна инфлуенца Х5Н1 да се промени во форма која е многу заразна за луѓето која масовно и лесно ќе се шири од човек на човек е непознат. Сепак, оваа можност во комбинација со зголемување на отпорност на вирусот на Авијарна инфлуенца Х5Н1 во отсуство на соодветно лекување и недостаток на вакцинација ја прави оваа болест високо ризична за здравјето на луѓето.
Нема докази со кои се потврдува дека консумирањето на термички недоволно третирана живина или јајца можат да го пренесат вирусот на АИ на луѓето.
Кои се клиничките знаци на болеста?
Во блага форма, заболените животни може да покажат клиничка слика со знаци болеста како накострешени пердуви, намалено производството на јајца или благи симптоми на респираторниот систем.
Во тешка форма на болеста, вирусот влијае на респираторниот систем, но исто така предизвикува промени по повеќе органи и ткива што резултира со големи внатрешни крварења.
Кај птици заразени со високо патоген вирус на АИ (вклучувајќи Х5Н1) се запазуваат дел или сите од следните клинички знаци:
- тишина и екстремна депресија;
- ненадеен пад во производството на јајца, со несење на „меки“ јајца или јајца без лушпа;
- оток и конгестија на кикиритка и подбрадници кај живината;
- оток на кожата под очите;
- кашлање, кивање и нервниот симптоми;
- дијареја;
- хеморагии на скочниот зглоб;
- состојба на појава на зголемена смртност, која прогресира при што стапката на смртност се зголемува и може да биде и 100% во рок од 48 часа
Како се дијагностицира болеста?
Авијарната инфлуенца (АИ) може да се дијагностицира врз основа на клиничките знаци, епидемиолошки податоци и со лабораториска потврда на примероците кои се земени за анализа.
Мерки кои се спроведуваат за спречување на појава и контрола на болеста?
Од особена важност е постоењето на систем за рано пријавување и рано откривање на болеста но и спроведување на превентивни мерки како дел од ефективна стратегија за справување со Авијарна Инфлуенца надополнето со потенцијална спремност за одговор во случај на појава на жариште на болеста.
Мерките за надзор имаат за цел да се открие присуство на инфекција кај живината според OIE стандарди за надзор на авијарната инфлуенца. Дополнително програми за следење на појавата, ширењето и типизација на вирусите на Авијарната Инфлуенца утврдени кај дивите птици. Надзорот кај дивите птици опфаќа различни миграциски рути и особено собирни места каде птиците преселници од различни континенти се мешаат .
Од есенцијална важност е одгледувачите на живина и птици да одржуваат високо ниво на биосигурносни мерки на одгледувалиштето за да се спречи внесување на вирусот во самото одгледувалиште.
Биосигурносни мерки
Мерки кои се препорачуваат на ниво на фарма/одгледувалиште вклучуваат:
- живината да се држи по далеку од области кои се посетувани од диви птици;
- да се контролира пристапот на луѓе и внесувањето на опрема на одгледувалиштата на живина;
- од одгледувалиштата да се отстранат предмети кои може да привлечат диви птици;
- одржување на хигиена на имотот, објектите каде се држи живината и опремата;
- да не се внесува живина/птици со непознат здравствен статус во јатото/на одгледувалиштата;
- да се води евиденција за болни и угинати птици;
- соодветно да се отстранува ѓубрето и угинатата живина.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРИЈАВИ СЕКОЈА ЗГОЛЕМЕНА СМРТНОСТ НА ОДГЛЕДУВАЛИШТАТА КАДЕ СЕ ОДГЛЕДУВА ЖИВИНА ДО ВЕТЕРИНАРНИТЕ ДРУШТВА И ОФИЦИЈАЛНИТЕ ВЕТЕРИНАРИ!
Интервју на директорот Зоран Атанасов за весникот Вечер
- Вторник, 02 Јануари 2018 15:15
Македонските потрошувачи консумираат безбедна храна. Тоа го потврдува и фактот дека во текот на 2017 година регистрирани се вкупно 9 алиментарни интоксикации. Она на што најчесто се жалат потрошувачите се присуство на мушички, мувла, стакло, метален предмет и незадоволување на хигиенски услови. Од областа на ветеринарството, поплаките најчесто се однесуваат на неодговорното сопствеништво и нападите од кучиња бездомници, што претставува голем проблем и за кој треба системски да се делува, вели директорот на АХВ, Зоран Атанасов
Едно од најчесто поставуваните прашања е дали јадеме безбедна храна и колку се контролира храната во Македонија?
– Согласно мониторинг програмите кои ги спроведуваме и резултатите од истата можам слободно да потврдам дека македонските потрошувачи консумираат безбедна храна. Тоа го потврдува и фактот дека во текот на 2017 година регистрирани се вкупно 9 алиментарни интоксикации.
При увоз на границите храната редовно се контролира. Агенцијата за храна и ветеринарство има изработено и годишна програма за контрола на храната при увоз. Покрај редовните плански контроли кои ги спроведуваме при увозот, исто така се прави испитување и контрола на храната врз основа на сомнеж, како и врз основа на нотификациите кои ги добиваме преку РАСФФ-системот за брзо информирање на ЕУ. Доколку се утврди дека има некоја пратка која не ги задоволува законските стандарди на Република Македонија, таа се враќа назад или се уништува. Следните пратки кои доаѓаат од тој производител се под засилени контроли.
Колку Македонија ги следи европските и светските стандарди за безбедност на храна?
– Агенцијата за храна и ветеринарство редовно ги следи промените во европското законодавство, врз основа на кои се врши усогласување и на нашето законодавство.
АХВ е контакт точка со Европската агенција за безбедност на храна – ЕФСА, а како институција, во комуникација сме и со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО. Сите новитети во оваа област кои се воспоставуваат во светски или европски рамки се имплементираат, не само во нашето законодавство, туку и кај операторите со храна.
Дали се обесштетени сите сточари чиј сточен фонд претрпе штета од болеста јазлеста кожа и дали болеста е ставена под контрола?
– Со моето преземање на должноста директор, затекнав поголем број сточари кои не беа обесштетени од штетите кои ги претрпеле од болеста јазлеста кожа која беше присутна во 2016 година. На наша иницијатива Владата на Република Македонија донесе одлука за обесштетување и на сточарите кои не беа исплатени за настанатите штети од јазлестата кожа во 2016 година. Со одлука на Владата на РМ Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и рурален развој беше задолжена да ги изработи решенијата за обесштетување, а врз основа на податоците доставени од Агенцијата за храна и ветеринарство. Колку што сум известен поголем дел од сточарите ги добија парите, а за преостанатите исплатата ќе се заокружи до крајот на 2017 година. Исто така затекнавме и поголем број сточари кои не беа исплатени и по основ на одземен добиток при спроведувањето на програмите за спречување и искоренување на заразни болести кај животните. Можам само да потврдам дека ги решивме сите овие случаи.
Болеста јазлеста кожа е ставена под контрола благодарение на успешно спроведената вакцинација и нема појава на нови случаи. Последниот случај на појава на болеста е евидентиран во јуни годинава во Кривопаланечко и тој уредно го пријавивме во Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ и во ЕУ. Вакцинација против оваа болест ќе биде спроведена и во 2018 година. На состанокот на Постојаната експертска група за јазлеста кожа за Југоисточна Европа беше договорено вакцинација да спроведеме и во наредниот период, бидејќи вирусот е присутен и се уште циркулира во регионот. Наредниот состанок на оваа експертска група, на наша покана, ќе се одржи во Македонија, и на него присутни ќе бидат претставници на ФАО, ОИЕ , ЕУ и земјите од регионот.
Дали има засилени контроли на граничните премини и кои производи најчесто се враќаат или уништуваат како небезбедни од животинско или од неживотинско потекло?
– Производите на граничните премини редовно се контролираат и доколку постои сомнеж или индикации дека се случуваат одредени отстапувања во однос на задоволување на законските критериуми за безбедност, задолжително се преземаат мерки од страна на инспекциските служби на Агенцијата. Досега се вратени 13 пратки со храна од неживотинско потекло поради несоодветен квалитет и зголемени количини на резидуи од пестициди над максимално дозволеното ниво. Исто така вратени се и околу 100 тони храна од животинско потекло, а уништени како небезбедни се над 1,6 тони храна од животинско потекло. Меѓу овие производи има месо, сирење, млечни производи итн.
Согласно годишните програми за безбедност на храната во РМ и храната која се произведува кај домашните оператори или производители на храна исто така подлежи на контрола, најпрво кај самите производителите, а потоа и во маркетите и на пазарите. Покрај контролите кои ги врши Агенцијата, самите оператори, во рамки на ХАЦЦП плановите, имаат обврска да вршат контроли на храната која ја произведуваат.
Колкав е бројот на претставки од потрошувачите и на што тие најчесто се жалат?
– До средината на декември, до Агенцијата се пристигнати 317 претставки, најчесто за сомнеж за присуство на контаминенти во храната – мушички, мувла, стакло, метален предмет, незадоволување на добрите производствени и хигиенски практики, нехигиенски услови на производство или манипулирање со храната, изменети органолептички својства на храната – боја, мирис и вкус, како и за сомнеж за труење од храна. Од областа на ветеринарството, поплаките најчесто се однесуваат на неодговорното сопствеништво и нападите од кучиња бездомници, што претставува голем проблем и за кој треба системски да се делува.
Потребно е да се отвори центар за социјализација на кучиња. Постои иницијатива заедно со Министерството за одбрана да формираме еден таков центар за социјализација на кучињата во рамки на Единицата за одгледување и дресура на АРМ, во кој би се вршела нивна ресоцијализација, по што како безопасни тие би се вратиле во општеството. На ваков начин, би започнал и процесот на исполнување на законската обврска на државата за формирање и постоење на ваков центар.
Повод последните несакани случувања со бездомните кучиња сакам да ја искористам ова прилика и да апелирам, во услови кога за жал несовесни граѓани фрлаат отрови со кои се убиваат бездомните кучиња, тоа да не го прават. До граѓаните апелирам да не се обидуваат сами да ги собираат отровите, бидејќи така можат во опасност да го доведат и сопственото здравје, туку за тоа треба да ги известат надлежните органи. Сепак, на крај, институциите се тие кои треба да го решат оваа прашање.
Што треба да биде означено на декларацијата на производите со новите правила за означување на храната во ЕУ? Дали македонските компании се придржуваат на овие правила?
– Во однос на означувањето на храната, со новиот Правилник сме усогласени со ЕУ. Она што е посебно важно при означувањето е содржината и квалитетот. На декларацијата треба да стои името на производот, количината на состојките, рокот на употреба, условите на чување, нето тежина, сите состојки присутни во производот, производителот, земјата на потекло, алергените и енергетската вредност. Заедно со Организацијата на потрошувачи на Македонија – ОПМ редовно спроведуваме голем број истражувања, а оваа година направивме истражување исклучиво за обележувањето. Земени беа околу 120 производи од маркетите, од домашни и странски производители. Бројките покажаа дека најчестите отстапувања се однесуваат на обележувањето на хранливата вредност, етикетирање на македонски јазик и доведување во заблуда на потрошувачите, односно несоодветно обележување. Како институција може да кажеме дека резултатите од ова истражување се задоволителни и дека нашите оператори со храна генерално ги почитуваат правилата и се придржуваат до законските обврски за означување на храната.
Со оглед на тоа дека во Македонија се фрла многу храна, какви мерки презема АХВ за да се намали фрлањето на храна и дали се преземаат некои акции за донирање на храна?
– Ова прашање е доста интересно и во иднина ќе биде доста актуелно и кај нас. Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со МЗШВ и министерствата за финансии и труд и социјална политика активно е вклучена во разгледување на иницијативата на невладината организација ,,АЈДЕ МАКЕДОНИЈА” за креирање на законско решение за донирање на храна. Во моментов се разгледува како сето тоа законски да се усогласи и таквата храна која е при крај на рокот на употреба и храната која има подолг рок на употреба и по истекот на гарантираниот рок, да може да се донира на социјално загрозените семејства во Република Македонија наместо да завршува на депониите. Со ова законско решение, како одговорна институција за безбедноста на храната ќе водиме сметка и оваа категорија граѓани да биде заштитена и да консумира безбедна и здрава храна. Во ЕУ веќе има некои решенија. Со иницијативата “Ајде Македонија” разгледувани се законските решенија од повеќе земји – од Бугарија, Англија, Франција, Америка… Ние се обидуваме да најдеме наше, македонско решение во склоп со нашите навики и менталитетот на нашите граѓани.
Она за што се размислува е имплементацијата на донирањето на храната да биде спроведено во повеќе фази. Во првата фаза ќе биде храната која се произведува и која се продава во маркетите, во втората ќе бидат опфатени кетеринзите, а последната, во третата фаза ќе биде храната од домаќинствата.
Со Министерството за финансии бараме соодветно решение операторите кои ќе донираат храна да бидат ослободени од давачките за таа храна и на тој начин да бидат мотивирани ваквата храна да ја донираат.
Со оглед на тоа дека добивме дозвола за извоз на јагнешко во Кина, производи од риба во ЕУ, што е следно?
– Следното е извозот на жива риба на пазарите на ЕУ. Затоа го подготвивме и одговоривме на прашалникот за извоз на жива риба на пазарите на ЕУ. Деновиве подготвуваме документи за патот кој треба да го изодиме за да добиеме дозвола за извоз на свежо свинско месо на европскиот пазар. Тоа е малку посложена процедура и ќе трае подолго време затоа што се бара Македонија да не врши вакцинација против болеста класична свинска чума. Затоа деновиве го креираме начинот како да го постигнеме тоа ниво, да ја гарантираме безбедноста, односно да водиме сметка болеста да не се појави на фармите.
Затоа од јануари 2018 година почнуваме со проценка на биосигурносните мерки во свињарските фарми за да ги кренеме условите на истите во нив на повисоко ниво. Засега направивме пилот-проект на 12 поголеми фарми. Првичните резултати се задоволителни и затоа ќе продолжиме ова да го правиме и наредната година.
Исто така, преку дипломатските тела на Република Македонија доставивме прашалник до Израел за можноста за извоз на живо јагне таму. Сега очекуваме одговор од страна на израелските служби.
Исто така почнавме да разгледуваме кои се условите и гаранциите кои треба да ги дадеме како држава, за можноста за извоз на живо јагне и на пазарите во земјите членки на Европската Унија каде засега извезуваме само јагнешко месо.
Колку во Македонија има ГМО храна и колку таа е штетна за здравјето на луѓето?
– Членовите кои порано постоеја во Закон за безбедност на храна со кои се дозволуваше производство и влез на ГМО храна во Република Македонија се укинаа со политичка одлука. Сакаме да се отвори јавна дебата. И научниците да си го кажат своето мислење за ГМО храната. Во светот веќе сериозно се дискутира по ова прашање. Многу земји ја имаат прифатено ГМО храната и јас не гледам причина зошто Македонија да не го направи тоа. Сепак, право на потрошувачите е да изберат што ќе консумираат.
Сметаме дека е потребно повторно да се вратат тие членови во Законот за безбедност на храна. ГМО веќе не е табу тема, можеби беше пред 20 или 30 година кога почна да се појавува. Според прописите што порано беа на сила во Македонија беше предвидено да има ГМО, но тоа да биде означено на храната и самиот потрошувач да одлучи дали ќе купува ГМО или не. Сите научни сознанија укажуваат дека за опстанок на човештвото понатаму му треба ГМО храна.
На што ќе се фокусирате во наредната 2018 година и кои ќе бидат вашите приоритети во однос на безбедноста на храната со оглед на тоа што здравјето на луѓето зависи од безбедноста и квалитетот на храната?
– Пред два месеци дадов налог да се направи анализа за тоа што е критично во однос на безбедноста на храната во Македонија. Анализата е спроведена за период од 2010 до 2017 година при што се утврдени одредени зачестени отстапувања или слабости. Анализата ни укажа каде треба да се сконцентрираме во идниот период. Како, на пример, утврдивме дека најчесто настануваат безбедносни проблеми со храната во кетерингот и онаму каде се носи и служи храна која не се подготвува на лице место, по фабриките, во рестораните, во сендвичарниците. Следната работа е воспоставување на македонскиот РАСФФ-систем кој треба да биде пандан на европскиот и преку кој ќе добиваме брзи информации и проценки за можните ризици и појава на небезбедна храна во прометот.
Доста активности се посветуваат и на антимикробната резистентност и употребата на антибиотиците. За следната година изработивме посебна Програма за контрола и превентива во однос на физички, биолошки и хемиски опасности за определени видови на храна. Со оваа програма ќе бидат контролирани хемиско-физичките карактеристики, односно квалитетот на производите. Со оваа програма, исто така, за прв пат ќе се испитува и тоа дали храната е третирана со јонизирачко зрачење, една од технологиите за продолжување на рокот на производите, а која според законските прописи треба да биде означено на производот.
А.Стојческа
Изворно интервјуто можете да го прочитате ОВДЕ