• Македонски (MK)
  • Почетна
  • Храна
    • Општи барања за храна
      • Означување на храната
      • Нутритивни и здравствени тврдења
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети тврдења
        • Постапка за одобрување
      • Адитиви во производство на храна
        • Легислатива
        • Одобрени адитиви
        • Постапка за авторизација
      • НАССР
      • Материјали што доаѓаат во контакт со храната
        • Легислатива
        • Одобрени материјали
        • Изјава на усогласеност
        • Постапка за одобрување
      • Алиментарни заболувања
      • Микробиолошки критериуми
      • Лаборатории
      • Храна добиена со иновирани технологии
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети производи
        • Постапка за одобрување
      • Храна третирана со јонизирачко зрачење
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети производи
        • Постапка за одобрување
    • Безбедност на храна од неживотинско потекло
      • Додатоци во исхраната
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети состојки
        • Постапка за одобрување
      • Храна за посебна нутритивна употреба
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети состојки
        • Постапка за одобрување
      • Збогатена храна
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети состојки
        • Постапка за одобрување
      • ГМО храна
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети ГМО
        • Постапка за одобрување
      • Минерална вода
        • Легислатива
        • Одобрени минерални води
        • Постапка за одобрување
      • Програма за безбедност на храната во РМ
    • Безбедност на храна од животинско потекло
      • Одобрување на објекти
        • Регистар на Одобрени објекти
      • Регистрирање на објекти
        • Регистар на Регистрирани објекти
      • Преструктуирање на објекти и оператори со храна
      • Бришење на регистрирани и одобрени објекти
      • Мониторинг програми
        • Резидуи и контаминенти
      • Контрола на трихинелоза
      • TSE/BSE
      • Упатства
      • Извоз во Руска Федерација
    • Квалитет на храна
      • Означување на храната
      • Млеко и млечни производи
      • Месо и производи од месо
      • Други производи
      • Упатства и процедури
  • Ветеринарство
    • Здравствена заштита на животни
      • Болести кај копнени животни
      • Болести кај аквакултура
      • Болести кај диви животни
      • Пријавување на болести
      • Внатрешен промет
        • Сертификати
        • Одобрени собирни центри
        • Одобрени трговци
        • Одобрени превозници
      • Лаборатории
      • Планови за итни мерки
      • Статистички податоци
    • Идентификација и регистрација
      • Систем за И&Р
      • Упатства за учесниците во системот
      • Извештаи
      • Статистички податоци
      • Регистар на учесници во системот
        • Овластени ветеринарни друштва
        • Добиточни пазари
        • Кланици
        • Овластени добавувачи на средства за идентификација
    • Благосостојба на животни
      • Фармски животни
        • Говеда
        • Свињи
        • Кокошки несилки
        • Бројлери
        • Овци и кози
        • Други фармски животни
        • Обука
      • Домашни миленици
        • Регистрирани кучиња
        • Нерегистрирани кучиња и кучиња скитници
        • Опасни кучиња
        • Прифатилишта
      • Експериментални животни
        • Одобрување и регистар на субјекти
        • Одобрување и регистар на проекти
        • Обука
        • Мислења на Комисијата за благосостојба
      • Други животни
      • Зоолошки градини
      • Превоз на животни
        • Одобрување и регистар на превозници
        • Одобрение за превозни срeдства
        • Регистар и сертификат за компетентност
        • Регистар и сертификат за возачи и надзоници на патување
      • Благосостојба за време на колење
    • Ветеринарни служби
      • Регистар на ветеринарни друштва
    • Ветеринарно медицински препарати
      • Упатства и процедури
      • Одобрување на ВМП
      • Фармаколошка внимателност
      • MRLs
      • Антимикробна резистентност
    • Контрола на салмонела
  • Храна за животни
    • Безбедност
    • Одобрување на објекти
      • Регистар на Одобрени објекти
    • Означување
    • Регистрирање на објекти
      • Регистар на Регистрирани објекти
    • Адитиви
    • Непожелни супстанции
    • Медицирана храна за животни
    • Методи за земање на мостри и анализа
  • НПЖП
    • Нуспроизводи
      • Категоризација
      • Собирање, транспорт, складирање
      • Преработка
      • Нештетно отстранување
      • Упатства за имплементација
      • Процедури
      • Одобрување на објекти
        • Регистар на Одобрени објекти
      • Регистрирање на објекти
        • Регистар на Регистрирани објекти
  • Меѓународна трговија
    • Објекти одобрени за увоз
    • Транзит
    • Забрани
    • RASFF
    • Домашни миленици
    • EXIM Упатства
    • Личен багаж
  • Меѓународна соработка
    • TAIEX
      • Најава на настани
      • Изминати настани
    • BTSF
    • EFSA
    • Други донатори
    • ИПА
      • Што е ИПА
      • ИПА Проекти во АХВ

arhiva.fva.gov.mk

 

galerija-banner

 

 

ПРЕПОРАКИ ДО НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПОПЛАВЕНИТЕ РЕГИОНИ

Среда, 05 Август 2015 15:11

01

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД ЗАРАЗНИТЕ БОЛЕСТИ КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ПРЕКУ ХРАНАТА И ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ

- За време на поплавите постојано да се следат информациите за водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење преку локалните и националните телевизии, радиjа и преку интернет порталите.

- За пиење, за подготовка на храна и за одржување на лична хигиена, да се користи само пакувана вода или вода за пиење од цистерни која ја доставуваат јавните водоснабдителни претпријатија.

- Доколку постојат резерви вода, истата да не се употребува додека не се преврие (вриење најмалку 15 минути), или водата да се хлорира на соодветен начин, или од страна на стручно лице. 

- Доколку водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти, каде е видливо заматување на водата, истата да не се користи за пиење и за готвење, се до санирање на состојбата и до добивање на лабораториска потврда дека водата е безбедна.

- Доколку водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти каде нема видливи промени на водата, се препорачува да се изврши нејзина превентивна дезинфекција.

02

- Редовно да се одржува хигиената на рацете со сапун или средство за дезинфекција, особено по контактот со водата од поплавата или со предметите кои биле поплавени, особено по чистењето и пред подготовка на храна. 

- Да се заштити готовата храна за да не дојде во контакт со водата од поплавата или со отпадните води.

- Целата храна која била во контакт со водата од поплавата, во поплавени фрижидери, замрзнувачи или подруми, да не се користи за исхрана, односно, се препорачува храната да се фрли.

- Да се дезинфицираат сите работни површини, како и приборот за готвење и јадење.

- Храната да се подготвува со безбедна вода и задолжително термички да се обработи на температура повисока од 70 степени Целзиусови.

- Подготвената храна да не се чува подолго од два часа на собна температура, односно истата треба да се чува на температура пониска од 10 степени Целзиусови.

03

- Да се избегнува контакт на сировата храна со термички обработената храна.

- Како дополнителни мерки препорачуваме храната темелно термички да се обработи, особено храната од животинско потекло, додека овошјето и зеленчукот кое обично се користи сирово, сега

дополнително да се измие во млака вода, да се исчисти, повторно да се измие и термички да се обработи.

- Малите деца се препорачува да се хранат со индустриски подготвена храна.

 

ЗАШТИТЕТЕ ГИ И ЖИВОТНИТЕ ОД ПОПЛАВИ

04    

ПОСТАПКИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОПЛАВИ

Имајќи ја во предвид состојбата со поплавите на територија на Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви препораки до сопствениците и одгледувачите на животни во поглед на заштитата и благосостојбата на животните.
-Без разлика дали се работи за домашен миленик или за домашни животни, сопствениците и одгледувачите имаат должност да бидат подготвени во случај на елементарна непогода и да водат сметка за заштитата и благосостојбата на животните.
-Сопствениците и одгледувачите на животни треба постојано да ја следат метеоролошката состојба, особено предупредувањата од надлежните органи за опасност од појава на поплави, за да можат навремено да ги извршат неопходните подготовки за заштита на животните. Основна работа е на животните да им се обезбеди соодветна храна, вода и засолниште.

 -Доколку постои предупредување за поплава, ако има можност, животните пред надоаѓање на водата да се префрлат на безбедна локацијa.

-Ако во краток рок е потребно да се напушти местото на живеење, а не е можно да се понесат животните со себе, ако е можно животните треба да се префрлат на безбедно место. Ако се во штала и се држат врзани, животните треба да се одврзат и доколку постои можност, да се дислоцираат на повисоко место каде ризикот од поплавување е помал. Исто така, треба и да се отворат вратите од боксовите и шталите со што животните би имале шанса да побегнат. Животните кои се држат на отворено исто така треба да се префрлат на повисоко место каде ризикот од поплавување е помал.

05

-Доколку е можно, храната треба да се складира и префрли на безбедно и суво место, по можност да се складира и свежа вода (во херметички затворени резервоари, цистерни, буриња итн.).

-Животните треба да бидат обележани согласно Законот за идентификација и регистрација, односно говедата, овците и козите и свињите со ушни маркици, а доколку се работи за животни кои немаат идентификација, сопственикот може привремено да ги обележи за да можат да се идентификуваат во случај да се изгубат. 
-Фармскиот регистер и податоците за животните да се складираат на безбедно и суво место.

06

-Доколку се најдат животни во поплавени подрачја, со истите треба да се постапува внимателно, имајќи во предвид дека се вознемирени и исплашени. Прво треба да се згрижат помладите животни. На истите треба што побрзо да им се обезбеди свежа и безбедна вода (доколку нема друга опција за безбедна вода, на животните може да им се даде да пијат дождовница). Храната може да се даде во помала количина од вообичаената. Одгледувачите треба да се обратат до екипите на терен кои ќе им дадат соодветни информации каде и како може да обезбедат свежа вода и соодветна храна. На животните не треба да им се дава да пијат од поплавената вода.

 -Доколку има ограничен извор на вода, на животните дневно треба да им се обезбеди следната количина на вода (во зависност од возраста, големината и продукцијата на животните):
- Говеда 30-50 литри
- Коњи 20-45 литри
- Свињи 4-12 литри
- Овци и кози 6 литри
- Живина 0.5 литри
-За да се намали жедтта, доколку има потреба, на животните треба да им се дава помала количина на храна, пресушување на млечните крави кои се во подоцнежна фаза на лактација итн.
-Одгледувачите треба да бидат во контакт со надлежниот ветеринар за давање совети, инструкции, а по потреба и за давање на ветеринарно медицинска грижа.

 

07

-По поплавата, прво треба механички да се исчисти отпадот кој е надојден, да се изврши дезинфекција и дезинсекција. Животните се враќаат во одгледувалиштето кога објектите се безбедни, чисти и суви и по консултација и дозвола од надлежен ветеринар. Ветеринарот треба да ја провери здравствената состојба на животните.

-Доколку животните не може да се сместат во шталите на истите треба да им се обезбеди соодветно засолниште со суви и безбедни лежишта. Животните треба да имаат пристап до свежа вода и храна.
-Доколку се наиде на мртво животно треба да му се запише бројот на ушната маркица или идентификационата ознака. Лешевите од животните треба нештетно да се отстранат по претходна консултација со надлежните лица. 
-Животните кои не се во добра здравствена состојба, кои очигледно патат и страдаат, во консултација со надлежен ветеринар треба да се убијат на хуман начин.

od-niva-do-trpeza-video

е-Билтен за Потрошувачи

Микрочипирање Миленици

Отчетност за трошењата

Одобрување на превозници на животни

Овластени правни лица за обуки за безбедност на храната 

opm2

AvInf

 BANER MK

BANER AL

opm2

anketa-korisnici-ahv

vodic-mk

vodic-al

INAP

rasff-banner

dcs-banner

gmplat

macefdrr

qualily-austria

arhiva.fva.gov.mkFood and Veterinary Agency, 2013 ©