експериментални животни
- Вторник, 17 Декември 2013 13:29
Условите за заштита и благосостојба на експерименталните животни се пропишани во одделот III од Законот за заштита и благосостојба на животните како и во Правилникот за заштита и благосостојба на експериментални животни.
Постојат 2 типа на институции и тоа
Институции за одгледување и институции за снабдување со експериментални животни и
Институциите корисници кои вршат експерименти со животни
Во законската регулатива се пропишани и условите за изведување на експериментите како и постапката на одобрување на експериментите во кои се користат животни.
Законот за заштита и благосостојба на животните може да го превземете тука
Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните може да го превземете тука
Правилникот за заштита и благосостојба на експерименталните животни може да го превземете тука