• Македонски (MK)
  • Почетна
  • Храна
    • Општи барања за храна
      • Означување на храната
      • Нутритивни и здравствени тврдења
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети тврдења
        • Постапка за одобрување
      • Адитиви во производство на храна
        • Легислатива
        • Одобрени адитиви
        • Постапка за авторизација
      • НАССР
      • Материјали што доаѓаат во контакт со храната
        • Легислатива
        • Одобрени материјали
        • Изјава на усогласеност
        • Постапка за одобрување
      • Алиментарни заболувања
      • Микробиолошки критериуми
      • Лаборатории
      • Храна добиена со иновирани технологии
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети производи
        • Постапка за одобрување
      • Храна третирана со јонизирачко зрачење
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети производи
        • Постапка за одобрување
    • Безбедност на храна од неживотинско потекло
      • Додатоци во исхраната
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети состојки
        • Постапка за одобрување
      • Храна за посебна нутритивна употреба
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети состојки
        • Постапка за одобрување
      • Збогатена храна
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети состојки
        • Постапка за одобрување
      • ГМО храна
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети ГМО
        • Постапка за одобрување
      • Минерална вода
        • Легислатива
        • Одобрени минерални води
        • Постапка за одобрување
      • Програма за безбедност на храната во РМ
    • Безбедност на храна од животинско потекло
      • Одобрување на објекти
        • Регистар на Одобрени објекти
      • Регистрирање на објекти
        • Регистар на Регистрирани објекти
      • Преструктуирање на објекти и оператори со храна
      • Бришење на регистрирани и одобрени објекти
      • Мониторинг програми
        • Резидуи и контаминенти
      • Контрола на трихинелоза
      • TSE/BSE
      • Упатства
      • Извоз во Руска Федерација
    • Квалитет на храна
      • Означување на храната
      • Млеко и млечни производи
      • Месо и производи од месо
      • Други производи
      • Упатства и процедури
  • Ветеринарство
    • Здравствена заштита на животни
      • Болести кај копнени животни
      • Болести кај аквакултура
      • Болести кај диви животни
      • Пријавување на болести
      • Внатрешен промет
        • Сертификати
        • Одобрени собирни центри
        • Одобрени трговци
        • Одобрени превозници
      • Лаборатории
      • Планови за итни мерки
      • Статистички податоци
    • Идентификација и регистрација
      • Систем за И&Р
      • Упатства за учесниците во системот
      • Извештаи
      • Статистички податоци
      • Регистар на учесници во системот
        • Овластени ветеринарни друштва
        • Добиточни пазари
        • Кланици
        • Овластени добавувачи на средства за идентификација
    • Благосостојба на животни
      • Фармски животни
        • Говеда
        • Свињи
        • Кокошки несилки
        • Бројлери
        • Овци и кози
        • Други фармски животни
        • Обука
      • Домашни миленици
        • Регистрирани кучиња
        • Нерегистрирани кучиња и кучиња скитници
        • Опасни кучиња
        • Прифатилишта
      • Експериментални животни
        • Одобрување и регистар на субјекти
        • Одобрување и регистар на проекти
        • Обука
        • Мислења на Комисијата за благосостојба
      • Други животни
      • Зоолошки градини
      • Превоз на животни
        • Одобрување и регистар на превозници
        • Одобрение за превозни срeдства
        • Регистар и сертификат за компетентност
        • Регистар и сертификат за возачи и надзоници на патување
      • Благосостојба за време на колење
    • Ветеринарни служби
      • Регистар на ветеринарни друштва
    • Ветеринарно медицински препарати
      • Упатства и процедури
      • Одобрување на ВМП
      • Фармаколошка внимателност
      • MRLs
      • Антимикробна резистентност
    • Контрола на салмонела
  • Храна за животни
    • Безбедност
    • Одобрување на објекти
      • Регистар на Одобрени објекти
    • Означување
    • Регистрирање на објекти
      • Регистар на Регистрирани објекти
    • Адитиви
    • Непожелни супстанции
    • Медицирана храна за животни
    • Методи за земање на мостри и анализа
  • НПЖП
    • Нуспроизводи
      • Категоризација
      • Собирање, транспорт, складирање
      • Преработка
      • Нештетно отстранување
      • Упатства за имплементација
      • Процедури
      • Одобрување на објекти
        • Регистар на Одобрени објекти
      • Регистрирање на објекти
        • Регистар на Регистрирани објекти
  • Меѓународна трговија
    • Објекти одобрени за увоз
    • Транзит
    • Забрани
    • RASFF
    • Домашни миленици
    • EXIM Упатства
    • Личен багаж
  • Меѓународна соработка
    • TAIEX
      • Најава на настани
      • Изминати настани
    • BTSF
    • EFSA
    • Други донатори
    • ИПА
      • Што е ИПА
      • ИПА Проекти во АХВ

arhiva.fva.gov.mk

  • Болести кај копнени животни
  • Болести кај аквакултура
  • Болести кај диви животни
  • Пријавување на болести
  • Внатрешен промет
    • Сертификати
      • Говеда
      • Овци и кози
      • Копитари
      • Живина
      • Аквакултура
      • Други животни
      • Семе. јајце клетки и емрбиони
    • Одобрени собирни центри
    • Одобрени трговци
    • Одобрени превозници
  • Лаборатории
  • Планови за итни мерки
  • Статистички податоци

 

galerija-banner

 

 

болести кај диви животни

Петок, 13 Декември 2013 16:34

Беснило

Беснилото е смртоносно заболување кај животните (цицачите) и човекот предизвикано од вирус кој го напаѓа нервниот систем. Вирусот се наоѓа во плунката на заболените животни и се пренесува на луѓето и животните преку каснување, гребење или лижење од болно животно. Вирусот го напаѓа нервното ткиво – мозокот и предизвикува симптоми карактеристични за пореметување на нервниот систем. Штом ќе се појават симптомите болеста завршува фатално и кај животните и кај луѓето, но доколку навремено и соодветно се третира болеста се спречува со сигурност. Веднаш по контакт со заболено или сомнително животно раната (местото) треба да се измие со големо количество на вода и сапун и да се прими соодветен третман против беснило.
Болеста е широкораспространета во светот. Во Европа главен домаќин и преносител на вирусот се лисиците, во Азија, Африка и Јужна Америка кучињата додека во Северна Америка лилјаците, творовите и ракуните.
Беснилото е присутно во земјите од Балканскиот регион (Србија, Косово, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција, Албанија, Бугарија). Во Македонија првиот случај е регистриран во јули 2011 година кај лисица во околината на Велес. Досега потврдени се вкупно девет случаи на беснило во регионите на Велес, Виница, Македонска Каменица, Гевгелија, Кочани и Радовиш, од кои осум кај дивите животни (лисици и волци) и еден случај кај домашни животни (мачка). Во 2013 година не е потврден ниту еден случај на беснило.

За успешна контрола на болеста многу е важно секое сомнително животно на беснило, да се пријави до најблискиот ветеринар или до ветеринарниот инспектор.

Доколку забележите домашно или диво животно невообичаено да се однесува, да покажува зголемена агресивност, или диво животно да се однесува питомо и пријателски настроено кон луѓето, да се движи во населени места преку ден, Ве молиме задолжително да го пријавите.

Исто така треба да се пријават сите угинати или животни прегазени од возила.

Орална вакцинација на лисиците

За контрола и спречување на ширење на болеста од дивите на домашните животни и луѓето, со почеток од 2011 година, Агенцијата спроведува програма за орална вакцинација на лисиците против беснило. Вакцинацијата се врши двапати годишно (пролет и есен) со дистрибуција на вакцинални мамки на целата територија на Р. Македонија со исклучок на населени места, водени површини и високи планински врвови. При секоја вакцинација се дистрибуираат по 500.000 мамки за да се постигне густина од 21 мамки /км2 што се смета за оптимален број на мамки за да се имунизира популацијата на лисици во Р.Македонија. Мамките се дистрибуираат со авиони од типот Цесна.

Досега реализирани се пет вакцинални кампањи, есенската кампања оваа година се спроведе во периодот октомври-ноември.
По секоја кампања, Агенцијата спроведува пост-вакцинален мониторинг заради контрола на успешноста на оралната вакцинација. Резултатите потврдуваат дека програмата е успешна и ефикасна.
Орална вакцинација на лисиците спроведуваат и другите земји од Балканскиот регион (Србија, Косово, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција, Албанија, Бугарија).

За да се заштитат од беснило кучињата и мачките треба задолжително да се да се вакцинираат секоја година. Вакцинацијата се врши во овластените ветеринарни амбуланти.

За контрола на беснило се применуваат одредбите од Правилникот за начинот и постапката на пријавување на беснило кај домашни и диви животни и мерките кои треба да се превземат за сузбивање и искоренување на беснилото (Службен весник на РМ бр. 155/12)

За подетални информации посетете ја интернет страната www.besnilo.gov.mк

Правилникот за начинот и постапката на пријавување на беснило кај домашни и диви животни и мерките кои треба да се превземат за сузбивање и искоренување на беснилото може да го превземете тука

Класична чума кај свињите

Класичната чума кај свињите е вирусно заболување кај домашните и дивите свињи кое предизвикува огромна економска штета во свињарското производство. Дивите свињи можат да бидат носители на врусот и да ја пренесат болеста на домашните свињи. Другите животни и луѓето не заболуваат. Болеста е широкораспространета во светот. Присутна е и во Европа и во земјите од Балканскиот регион. Во Р. Македонија последниот случај на класична чума кај свињите е потврден во 2008 година и кај домашните и кај дивите свињи. 
Во согласност со законските одредби, како мерка за контрола на болеста, кај свињите се врши задолжителна превентивна вакцинација против класична чума кај свињите на целата територија на Р. Македонија. Вакцинацијата на свињи се врши во текот на целата календарска година со атенуирана вакцина според упатството на производителот на вакцината, при што возрасните грла се вакцинираат еднократно, а прасињата двократно.
За успешна контрола на болеста Агенцијата врши мониторинг кај дивите свињи, застрелани од страна на ловните друштва во текот на ловната сезона.
Кај дивите свињи не се применува вакцинација.
Изготвена е “Cost-benefit” анализа со која се направени проекции за превземање на понатамошни мерки за сузбивање и искоренување на Класичната чума кај свињите на територијата на Република Македонија во согласност со одредбите во Европската Унија каде болеста е целосно искоренета и превентивната вакцинација е забранета. Резултатите од оваа анализа треба да помогнат во донесување на одлуката во однос на мерките кои Агенцијата треба да ги превземе во иднина со цел да се овозможи извоз на живи животни и производи од животинско потекло на пазарите на земјите членки на Европската Унија.

Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на класична чума кај свињите може да го превземете тука 

Трихинелоза

Трихинелозата е паразитско заболување кај животните и луѓето распространето во целиот свет. Многу животни можат да бидат резервоари на болеста но најчесто кај луѓето се пренесува од свињите, дивите свињи и коњите. Паразитот е присутен во мускулатурата на инвадираните животни и кај луѓето се пренесува доколку консумираат недоволно термички обработено месо. Периодот на инкубација кај луѓето (од консумирање на инвадирано месо до појавата на првите знаци на болеста) изнесува 1-2 дена по што се јавуваат треска и гастро интестинални симптоми предизвикани од паразитите кои во таа фаза се наоѓаат во цревниот систем кај луѓето. Една недела подоцна паразитите ги напаѓаат мускулите што се манифестира со болки во мускулите и треска. Во понатамошниот тек на болеста треската поминува но болките во мускулите остануваат доколку не се примени соодветна терапија. Зависно од бројот на паразити кои ќе се внесат во телото симптомите варираат од незначителни до многу тешки. При масовно инвадирање на дебелото црево или внатрешните органи болеста може да заврши и фатално. 
За да се спречи појавата на болеста кај луѓето најважно е да не се консумира недоволно термички обработено месо, особено од диви животни. 
Согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните од секоја застрелана дива свиња треба да се испрати мостра за испитување на трихинелоза. Месото од застреланите диви свињи не треба да се консумира пред да се добијат резултатите од дијагностичкото испитување.

Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2013 (Службен весник на РМ бр. 10/13 година може да ја превземете тука.

od-niva-do-trpeza-video

е-Билтен за Потрошувачи

Микрочипирање Миленици

Отчетност за трошењата

Одобрување на превозници на животни

Овластени правни лица за обуки за безбедност на храната 

opm2

AvInf

 BANER MK

BANER AL

opm2

anketa-korisnici-ahv

vodic-mk

vodic-al

INAP

rasff-banner

dcs-banner

gmplat

macefdrr

qualily-austria

arhiva.fva.gov.mkFood and Veterinary Agency, 2013 ©