ЈИЦА
- Петок, 29 Ноември 2013 14:21
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Japan International Cooperation Agency (JICA) го реализираше проектот - Подобрување на јавната свест за безбедноста на храната.
Со цел спроведување на кампања за подобрување на јавната свест за одредени аспекти во безбедноста на храната, АХВ подготви рекламен материјал, кој беше наменет за 4 различни целни групи: деца, млади, вработени и пензионери. Рекламниот материјал беше креиран според потребите за секоја од овие групи целни групи.
Проектот се спроведе во 5 општини во Р.Македонија и тоа, во Скопје беа покриени општините Кисела Вода и Гази Баба, во источна Македонија - Штип, во централна Македонија - Прилеп и во западна Македонија - Гостивар. Во секоја општина се одржаа по три последователни трибини за различни целни групи:
- Трибина отворена за целокупната јавност,
- Трибина наменета за администрацијата, и
- Трибина наменета за градинките, основните и средните училишта.
Посебни трибини се одржаа на факултетите кои се дел од конкретните општини.
Спроведената трибина со претставниците од градинките, основните и средните училишта, иницираше вклучување на одредени теми во однос на безбедност на храната во наставната програма, а рекламниот материјали беше поделен на предучилишните деца и учениците.
На дел од часовите каде беше опфатена темата од оваа кампања, присуствуваа и претставници од АХВ, кои практично ја претставија важноста на безбедната храна за здравјето на луѓето. Истовремено проектот беше медиумски промовиран на електронски и пишани национални и локални медиуми.
Изготвениот рекламен материјал можете да го превземете овде.