УНИЦЕФ
- Петок, 29 Ноември 2013 14:03
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и УНИЦЕФ во 2013 година потпишаа меморандум за соработка, кој претставува основа во спроведување на заеднички проекти од интерес на сите граѓани на Република Македонија, во областа на безбедност на храната.
Проектот ,,Следење и контрола на безбедноста и квалитетот на пченичното брашно“ се реализираше со финансиска и техничка помош на УНИЦЕФ. Основна цел на проектот е постигнување на високо ниво во контролата на брашното, утврдено во практиките на земјите на ЕУ и меѓународните стандарди, со што Македонија и понатаму продолжи со својата посветеност кон подигнување на стандардите во делот на храната, како основа за економскиот прогрес на државата.
Агенцијата за храна и ветеринарство со поддршка од УНИЦЕФ, a во соработка со Институтот за јавно здравство и мелничката индустрија во Република Македонија, во период од април до декември 2013 год. реализира 4 обуки за претставници од регулаторните органи, инспектори за храна, надлежните лаборатории и претставници од мелничната индустрија, со цел да се здобијат со теоретски и практични вештини поврзани со следните тематски области:
• Интернационално признаени системи за безбедност на храна;
• Квалитет и безбедност на пченично брашно произведено и пласирано во промет во Република Македонија;
• Услови и постапка на контрола на пченично брашно при увоз во Република Македонија.
Специфичните цели кои се постигнаа со оваа обука се:
- Обезбедување на преглед на моменталната законска регулатива за контрола на брашното во Р.Македонија;
- Дискусија за процедурите предвидени со Правилникот за квалитет на пченично брашно, кои треба да се користат за да се обезбеди безбедност и квалитет на брашното;
- Зголемување на капацитетите на надлежните органи, инспекциските служби, лабораториите и мелничната индустрија, во делот на спроведување воспоставените процедури;
- Евалуација на капацитетите на засегнатата индустрија и државните лаборатории во делот на контрола на безбедноста и квалитетот на брашното;
- Подигнување на свеста за збогатено брашно со фокус на безбедносните мерки и мониторинг процедурите.
Обуките се реализираа во 2 последователни циклуси и тоа:
Првиот циклус беше наменет за обука на обучувачи, со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, како надлежна институција во државата за безбедност на храната, претставници од релевантни лаборатории и мелничката индустрија.
Во вториот циклус на проектот, Агенцијата за храна и ветеринарство организираше 3 последователни обуки во Битола, Струмица и Скопје, за да се овозможи трансфер на знаења и вештини на подрачните инспектори за храна, претставниците на локалните млинови и лабораториите задолжени за контрола на храната.
Како дел од проектот ,,Следење и контрола на безбедноста и квалитетот на пченичното брашно,, се набави опрема за земање мостри од мелничката индустрија, за целите на официјалните контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство
Овој проект, во кој земаа учество повеќе од 100 лица и мултидисциплинарен пристап имаше важен придонес во утврдување на системите и стандардите за контрола и безбедност на храната, а пред се на пченичното брашно, како основна состојка во секојдневната исхрана на населението во Македонија; подобрување на капацитетот на лицата кои ја вршат контролата на брашното преку спроведување на соодветни процедури, примена на соодветни инструменти и мерки.
Партнерството и активното учеството на обуката на релевантните институции е показател за нивната заложба за обезбедување на сигурна храна на крајниот потрошувач.