Одобрување на оператори со храна за животни
- Понеделник, 25 Ноември 2013 09:52
Одобрување на оператори со храна за животни
Одобрување на оператори со храна за животни и објекти за храна за животни
Операторите со храна за животни мора да обезбедат дека објектите под нивна контрола се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, кога во тие објекти се спроведуваат некои од следниве активности:
- производство и/или ставање во промет на адитиви за храна за животни,
- производство и/или ставање во промет на протеини добиени од микроорганизми од групата на бактерии, квасци, алги, нижи габи и ко-производи од производството на аминоациди со ферментација,
- производство и/или ставање во промет на премикси кои се подготвени од адитиви за храна за животни,
- производство за ставање во промет или производство за потребите на нивните одгледувалишта, крмни смеси со помош на адитиви или премикси кои содржат адитиви за храна за животни, и
- производство, преработка или дистрибуција на одредени производи кои се користат во исхрана на животните.
Операторот со храна за животни пред започнување на било каква активност е должен да поднесе барање за одобрување на објектите под негова надлежност до Агенцијата за храна и ветеринарство. Пред да го издаде одобрението Агенцијата врши аудит на лице место.