ИПА Проекти
- Петок, 22 Ноември 2013 13:23
Проектот Јакнење на капацитетите на ветеринарната служба за имплементација на ЕУ acquis се спроведе во период од септември 2010 до декември 2012 година. Самиот проект претставуваше Договор за услуги.
Со овој проект се обезбеди поддршка на тогашната Управата за Ветеринарство во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а од 2011 поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство со цел подобрување на капацитетите за имплементација на Европското законодавство и политиките и системите утврдени во ЕУ, со посебен акцент на понатамошно транспонирање на ЕУ Законодавството во националното законодавство, јакнење на инспекциските служби, контрола на болестите кај животните, востановување на систем за управување со и отстранување на отпадот од животинско потекло и воспоставување на систем за идентификација и регистрација на свињите.
За остварување на претходно наведеното, се реализираа следните активности:
- Ревизија на актуелните методи за целосно транспонирање на Европското Законодавство од областа на ветеринарството,безбедност на храната за животни, ветеринарно медицинските препарати и нус производите од животинско потекло;
- Подготовка на детална стратегија и план за имплементација на транспозицијата на истото;
- Воспоставување на систем за управување со човечки ресурси;
- Изработка и имплементација на стратегија, програма и план за обука на вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство;
- Изработка на првиот Повекегодишен контролен план за 2012-2016
- Обуки од областа на мониторинг контролни програми за зоонози, процедури во случај на појава на болести предизвикани со храна, мониторинг на резидуи од ветеринарно-медицинските препарати и др.;
- Изработка на план и стратегија за спроведување на орална вакцинација кај дивите свињи против Класична свинска чума и имплементација на истата;
- Интензивирање на вакцинацијата против беснило кај домашните кучиња и мачки;
- Спроведување на вакцинација против беснило кај дивите животни, мониторинг и евалуација на вакциналните кампањи;
- Развој на систем за собирање, преработка, употреба, трговија и нештетно уништување на нус-производите од животинско потекло;
- Изработка на оперативни водичи за здравствените барања во однос на нус-производите од животинско потекло кои не се наменети за човечка исхрана, како и обуки на официјалните ветеринари;
- Изработка на систем за идентификација и регистрација (ИиР) на свињите, мониторинг на резултатите од имплементацијата на системот за ИиР на свињите.
Основната цел која треба да се постигне преку проектот (Договор за услуги) во рамките на ИПА 2009 е подобрување на заштитата на здравјето кај луѓето, животните и растенијата преку зајакнување на институционалните капацитети одговорни за системот за безбедност на храна.
Самото подобрување на институционалната рамка за безбедност на храна во Република Македонија ќе се обезбеди преку зајакнување на постоечкиот систем на надлежни органи и институции со цел подобрување на интегрираниот мултидисциплинарен пристап, кој ги покрива сите нивоа на ланецот на храната.
Самиот проект се состои од следните компоненти:
1. Административно и институционално зајакнување на Агенцијата за храна и ветеринарство, Фитосанитарната Управа и Државниот Земјоделски Инспекторат;
2. Фитосанитарни мониторинг програми за здравјето кај растенијата;
3. Подготовка за акредитација на инспекциските служби.
Планирани се бројни активности: подготовка на официјални процедури за соработка помеѓу надлежните органи за безбедност на храна, изработка на одржлив бизнис план на надлежните органи, подобрување на капацитетот на персоналот на надлежните органи, јакнење на капацитетите во областа на анализа на ризикот, комуникација и управување со ризикот, активности за јакнење на фитосанитарната контрола и подобрување на вештините на персоналот за спроведување на официјални контроли, изготвување на план и постапки со кои инспекциските служби ќе се подготват за акредитација според стандардот EN 45004 .
Овој договор за услуги е имплементиран од страна на NIRAS IC Sp.z o.o. во конзорциум со AGROTEC S.p.A., AETS и Државниот инспекторат за здравствена заштита на растенија и саден материјал од Р.Полска. Самата имплементација се одвиваше од јануари 2014- 2016 година.
EN:Vacancy Announcement Junior Expert on Legislation (Animal Health)
Со овој проект се предвидува обезбедување на техничка помош за Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот Земјоделски Инспекторат и Фитосанитарна Управа со цел подобрување на нивните капацитети во имплементацијата на ЕУ законодавството, како и обврските од Претпристапното партнерство, со посебен осврт кон подобрување на нивните инспекциски служби, безбедност на храната и храната за животни, контрола на болести кај животните и нивната благосостојба, здравјето на растенијата, производи за заштита на растенијата, контрола на ветеринарно-медицински препарати, зајакнување на контролата при увоз на гранични премини, како и подобрување на внатрешниот аудит и контрола.
За постигнување на претходно споменатите цели се предвидува:
1. Изградба на објекти за потребите на инспекциските служби на АХВ и ДИЗ на граничен премин Блаце, со целосно нивно опремување;
2. Вакцинација на лисиците против беснило, мониторинг и евалуација на спроведената кампања;
3. Понатамошна транспозиција на ЕУ законодавството и изготвување на оперативни процедури за негова имплементација;
4. Зајакнување на капацитетите на инспекциските служби на надлежните органи одговорни за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика;
5. Воспоставување на систем за собирање, обработка и анализа на податоци од извршените официјалните контроли, како и податоци од мониторинг програмите;
6. Зајакнување на системот за внатрешна контрола и аудит;
7. Обезбедување на специфична опрема за спроведување на официјални контроли.
Сите погоре наведени цели ќе се реализираат преку неколку договори и тоа:
1. Договор за градба на ГП Блаце;
Поради доставување на понуди со далеку повисока цена од предвидената во проектното фише, не дојде до потпишување на овој договор.
2. Рамковен договор за надзор на договорот за градба;
Поради поврзаност на овој договор со Договорот за градба, не дојде до потпишување на овој договор
3. Договор за набавка на опрема;
Поради неправилност во тендерската постапка, не дојде од потпишување на овој договор.
4. Договор за набавка на вакцини против болеста беснило
Со овој договор склучен со компанијата IDT Biologika GmbH- Germany (Договор бр.09-2958/1) во вредност од 1.475.000 ЕУР и се набавија 2.500.000 вакцинални мамци со цел вакцинација на дивите животни против болеста беснило на целата територија на Р.Македонија. Вакцинацијата се имплементираше преку пет последователни вакцинални кампањи и тоа есенски кампањи 2012, 2013 и 2014 година и пролетни кампањи 2013 и 2014 година.
5. Договор за Твининг.
Твининг договорот Institutional strengthening of the capacities of Competent Authorities for implementation of the acquis for food safety, veterinary and phytosanitary policy (MK10/IB/AG/01) е имплементиран во соработка со италијанскиот твининг партнер (Ministry of Agriculture, Food and Forestry Policy и Institute Zoo-prophylactic of Umbria and Marche Regions). Договорот се потпиша на 28.11.2014 година со период на имплементација од 24 месеци и вкупна вредност од 1.348.000 ЕУР.
Компоненти и активности на договорот се следни:
Компонента 1- Подобрување на административните и оперативните капацитети на АХВ со цел обезбедување ефикасно спроведување на легислативата.
Активност 1.1 Подобрување на легислативата во однос на безбедност на храна и ветеринарна политика согласно ЕУ регулативата;
Активност 1.2 Ефективна имплементација на мониторинг/надзор програми за безбедност на храна и ветеринарна политика базирани на претходна сектор анализа;
Активност 1.3 Студиска посета во земја членка во делот на здравствена заштита на животни и безбедност на храна.
Компонента 2- Зајакнување на капацитетите за ветеринарни прашања на централно ниво и инспекциските служби, како и имплементација на хигиенски стандарди во примарно производство на храна од животинско потекло
Активност 2.1 Зајакнување на контролните капацитети поврзани со болести кај животните во земјата;
Активност 2.2 Воспоставување на биосигурносни мерки;
Активност 2.3 Поддршка во имплементација на хигиенски стандарди во примарно производство на храна од животинско потекло;
Активност 2.4 Студиска посета на земја членка во областа на здравствена заштиа кај животните и безбедност на храна.
Компонента 3- Понатамошно подобрување на фитосанитарниот систем во земјата
Активност 3.1 Зајакнување на фитосанитарните инспекциски служби на граничен премин;
Активност 3.2 Зајакнување на капацитетите за здравсвтена заштита на растенија и контрола на производи за заштита на растенија;
Активност 3.3 Воспоставување на фитосанитарен информациски систем;
Активност 3.4 Студиска посета во земја членка во областа на фитосанитарниот сектор.
Компонента 4- Подобрување на одржливоста на капацитетите: тренинг и споделување на информации
Активност 4.1 Спроведување на анализа за потреби за тренинг на вработените во АХВ и МЗШВ и извештај за потребните способности за дисеминација на информации до крајните корисници и други засегнати страни;
Активност 4.2 Подготовка на тренинг материјали и спроведување на најмалку 9 обуки за вработени во АХВ и МЗШВ во делот на здравствена заштита на животни, безбедност на храна и фитосанитарна политика;
Активност 4.3 Стратегија за информациска кампања и организација на најмалку 5 семинари/работилници/конференции со цел пренос на најдобрите практитки кон крајните корисници и засегнати страни.
ИПА 2012- Проектно фише
Со овој проект се предвидува понатамошно зајакнување на институционалните и административните капацитети, вклучително развој на национални надлежни органи во делот на безбедност на храна и добиточна храна, ветеринарна и фитосанитарна политика. Се предвидува давање на додатна помош на Агенцијата за храна и ветеринарство и Фитосанитарната управа во делот на зглоемување на нивните капацитети при имплементацијата на европското законодавство и обврските превземени со други релевантни договори, со посебен осврт на делот на контролата на болестите кај животните, инспекциските услуги на терен, безбедност на храна и добиточна храна, контрола на примарното производство и системите на контрола во делот на здравјето на растенијата.
За постигнување на горенаведените цели се предвидува:
1. Зајакнување на капацитетите на службите задолжени за здравствена заштита на животни и ветеринарно јавно здравство во делот на надзор на болестите, благосостојба на животни, планирање на итни мерки, безбедност на добиточна храна, ветеринарно медицински препарати, алиментарни интоксикации, како и зајакнување на капацитетите на фитосанитарниот систем;
2. Вакцинација на лисиците против беснило, мониторинг и евалуација на спроведената кампања;
3. Обезбедување на опрема за официјални контроли, како и опрема за испекциските служби на граничен премин Блаце и Табановце.
Сите погоре наведени цели ќе се реализираат преку неколку договори и тоа:
1. Твининг договор;
Твининг договорот е потпишан со италијанскиот партнер (Ministry of Agriculture, Food and Forestry Policies and Italian Ministry of Health) на 29.09.2016 година, а имплементацијата на договорот започна во Јануари 2017 година, со време на имплементација од 18 месеци. Вредноста на договорот е 751.473 ЕУР.
Компоненти и активности на договорот се следни:
Компонента 1- Подобрени административни и оперативни капацитети на АХВ со цел понатамошен развој и ефективно спроведување на националната легислатива
Активност 1.1 Развиток на ЕУ имплементирачка легислатива во однос на ветеринарната политика
Активност 1.2 Подобрени капацитети на АХВ персоналот во имплементацијата на ЕУ легислативата и оперативните процедури
Компонента 2- Зајакнување на капацитетите на АХВ во спроведување на контролата кај здравствената заштита кај животните
Активност 2.1 Спроведување на импакт при болести кај животните и подобрување при собирање на епидемиолошки податоци
Активност 2.2 Подобрување на контролата во однос на приоритетните вектор преносливи и паразитски животни
Активност 2.3 Зајакнување на капацитетите во делот на планирање на итни мерки
Активност 2.4 Студиска посета на Италија од страна на АХВ персонал
Компонента 3- Зајакнување на капацитетите на ветеринарното јавно здравство
Активност 3.1 Подобрување на системот за безбедност на храна за животни и апликација на принципите на анализа на ризик во делот на безбедност на храна за животни
Активност 3.2 Подобрување на системот за ветеринарно медицински препарати
Активност 3.3 Развој на систем за менаџирање на зоонози и алиментарни интоксикации
Компонента 4- Зајакнување на фитосанитарниот систем
Активност 4.1 Развој на национална легислатива според ЕУ легислативата во делот на здравје на растенија, производи за заштита на растенија, семе и саден материјал
Активност 4.2 Зајакнување на капацитетите на фитосанитарниот систем и понатамошен развој на фитосанитарниот информациски систем
Активност 4.3 Понатамошен развој на националниот пасошки систем кај растенијата
Активност 4.4 Студиска посета во Италија за персоналот од институциите вклучени во имплементацијата на фитосанитарните политики
Компонента 5- Подобрување во одржливоста на институционалните капацитети, тренинг и дисеминација на информации
Активност 5.1 Спроведување на анализа за потреби за тренинг на вработените во АХВ и МЗШВ и извештај за потребните способности за дисеминација на информации до крајните корисници и други засегнати страни
Активност 5.2 Подготовка на тренинг материјали и спроведување на најмалку 18 тренинг мисии за АХВ и МЗШВ персоналот, во делот на здравје кај животните, безбедност на храна и фитосанитарна политика
Активност 5.3 Стратегија за информациска кампања и организација на најмалку 2 семинари/работилници/конференции со цел пренос на најдобрите практитки кон крајните корисници и засегнати страни.
2. Договор за набавка на вакцини против беснило (EuropeAid/136062/IH/SUP/MK);
Договорот (бр.12-5102/1 од 02.07.2015) е потпишан со Bioveta a.s., со вредност од 968.000 ЕУР. Целта на договорот е набавка, достава, складирање, тестирање и инспекција, како и транспорт и авионска дистрибуција на целата територија на РМ на вакцини за орална вакцинација на дивите животни против болеста беснило. Имплементацијата на договорот е 23 месеци, односно спроведување на четири последователни вакцинални кампањи во пролет и есен во 2015 и 2016 година.
3. Договор за набавка на опрема (EuropeAid/137598/IH/SUP/MK);
Потпишани се договори за шест посебни лота,доствата на опрема ќе се изврши во тек на крајот од 2016 и почетокот на 2017 година. Опремата во однос на секој лот посебно е следна:
1. Лот 1- Набавка на опрема за спроведување на официјални контроли, Договор бр. 12-6349/1 од 01.10.2016 година, склучен со SC NOVAINTERMED SRL од Романија со вредност од 170.800 ЕУР.
2. Лот 3- Заштитна облека за спроведување на официјални контроли, Договор бр. 12-6303/1 од 29.09.2016 година, склучен со NORCROS GMS GROUP S.L. (ES) од Шпанија, со вредност од 55.865 ЕУР.
3. Лот 4- ИТ опрема и мултифункциски уреди, Договор бр. 12-6103/1 од 22.09.2016 година, склучен со Infinite Solutions DOO Skopje in consortium with Kernel Makedonija DOOEL Skopje, со вредност од 221.597,21 ЕУР.
4. Лот 5- Возила, Договор бр. 12-6012/1 од 19.09.2016 година, склучен со TD KA-DIS DOO (MK), со вредност од 366.790 ЕУР.
5. Лот 6- Канцелариска опрема, Договор бр. 12-6013/1 од 19.09.2016 година, склучен со TEHNOKOOP DOO Skopje (MK), со вредност од 87.260 ЕУР.
6. Лот 7- GPS уреди за возила, Договор бр. 12-6011/1 од 19.09.2016 година, склучен со Makedonski Telekom AD Skopje (MK), со вредност од 13.933,33 ЕУР.
ИПА 2015- Проектно фише
Со ова секторско фише- Земјоделство и рурален развој, вклучително и безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика (IPA/2015/037-907), кое што се имплеметира на централизиран начин, во неговата компонента 2 е предвидено остварување на следните резултати:
1. Зајакнување на капацитетите на службите одговорни за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика;
2. Имплментација на орална вакцинација против болеста беснило кај лисиците;
3. Зајакнување на граничната контрола во делот на безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна контрола.
Овие резултати ќе се остварат преку спроведување на следните договори:
1. Договор за услуги, за кој во моментов се подготвува тендерската документација;
2. Договор за набавка на вакцини, Договорот е потпишан и веќе е спроведена есенска вакцинална кампања 2017, односно набавка и дистрибуција на 500.000 вакцинални мамки на целата територија на РМ со цел вакцинација на дивите лисици;
3. Договор за градба (EuropeAid/138298/DD/WKS/MK), Договор бр.2017/385-559 од 04.05.2017 година, потпишан со IZGRADBA-KOMERC DOOEL SKOPJE, со вредност од 665.277,88 ЕУР. Овој договор предвидува изградба на објекти на граничен премин Блаце за потребита на ветеринарните и фитосанитарните инспекциски служби.
4. Договор за надзор на градба (EuropeAid/132633/C/SER/multi), Договор бр.2017/382120 од 22.03.2017 година, потпишан со PLANET S.A од Р.Грција, со вредност од 85.630 ЕУР. Предмет на овој договор е надзор на изградбата на објектите на граничен премин Блаце.