Квалитет на храна од животинско потекло - Означување на храната
- Понеделник, 11 Ноември 2013 09:35
Општите правила за означување на храната се пропишани со Правилникот за начинот на означувањето на храната кој е на сила од 25 декември 2005 година.
Одредбите од Правилникот за начинот на означување на храната се применуваат при означување на предходно спакувана храна наменета за продажба на крајниот потрошувач и исто така при снабдување на угостителски објекти.
Означувањето на храната се користи за да се обезбедат информации за потрошувачот во однос на особините на храната и треба да се врши на начин кој нема ги доведе потрошувачите во заблуда.
Главни цели на Правилникот за начинот на означувањето на храната
• да им се овозможи на потрошувачите избор базиран на информации;
• да се обезбедат релевантни, корисни и легитимни информации за потрошувачите;
• да се обезбеди непречено функционирање на внатрешниот пазар;
• да се избегнат погрешни индикации и да се елиминираат постоечките недоследности;
Со примена на одредбите од Правилникот за начинот на означувањето на храната
• потрошувачот ги добива сите неопходни информации за составот (наведен по опаѓачки редослед според процентуална застапеност на состојките во крајниот производ), начинот на чување и употреба на храната, рокот на употреба, нето тежината или волуменот на храната и тн,
• ознаката треба да биде јасно видлива, разбирлива и лесна за читање,
• алергените треба секогаш да бидат јасно наведени на ознаката,
• не е дозволено означување на храната со кое се сугерираат на лековити својства на истата,
• операторот со храна можат да наведат и дополнителни податоци на ознаката, доколку истите се точни и не го доведуваат потрошувачот во заблуда,
• храната мора да биде означена на македонски јазик, при што може да биде означена и на други јазици, но единствено како додаток на означувањето на македонски јазик.
Операторот со храна е должен покрај податоците наведени погоре, храната да ја означат и со податоците определени согласно со посебните барања на одделни видови храна.