Постапка за одобрување (барање, потребни документи и уплатница)
- Понеделник, 26 Август 2013 12:59
Операторот со храна поднесува барање за одобрение за ставање во промет на производот од групата на храна третирана со јонизирачко зрачење во писмена форма до архивата на Агенција за храна и ветеринарство. При тоа треба претходно да има одобрение од Дирекцијата за радиациона сигурност за објектот за производство на храна во чиј технолошки процес се користи извор за јонизирачко зрачење за третирање на храна.
По приемот на барањето се врши преглед на приложената документација, доставена во прилог на барањето и инспекција на резултатите од анализите и означувањето.