Храна третирана со јонизирачко зрачење
- Понеделник, 26 Август 2013 12:54
Третирање на храна со јонизирачко зрачење може да се употреби само за следните цели:
- намалување на инцидентите од заболувања поврзани со храната со уништувањ на патогените микроорганизми;
- намалување на расипувањето на храната со успорување или запирање на процесите трулење и уништување на трулежните микроорганизми;
- намалување на загубите на храна поради предвремено зреење, `ртење или проникнување,
- одстранување на организмите во храната кои се штетни за растенијата или растителните производи.
За да се одобри третирањето на храната со јонизирачко зрачење потребно е да се исполнети следните услови:
- да има оправдана технолошка потреба,
- да не претставува опасност за здравјето и се врши според предложени услови,
- да e корисно за потрошувачот,
- да не се употребува како надоместок за хигиенска и добра производна или земјоделска практика.
Храната или состојките во храната третирани со јонизирачко зрачење треба да се означат со зборовите „третирана со јонизирачко зрачење“.