Храна произведена со иновирани технологии
- Понеделник, 26 Август 2013 11:29
Храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии е храна и состојки на храна кои досега не биле користени за човечка употреба. Во оваа храна спаѓаат следниве категории:
a) храна и состојки на храна кои вклучуваат нови или намерно модифицирани примарни молекуларни структури;
б) храна и состојки на храна кои се состојат или се изолирани од микроорганизми, габи или алги;
в) храна и состојки на храна кои се состојат од растенија или животни, минерални или синтетички материи или се излачени од нив, освен храната и состојките на храна кои се добиени на традиционални начини на размножување или за кои е одамна познато дека можат безбедно да се консумираат;
г) храна и состојки на храна врз кои била применета производна постапка кoја сега не се користи, а во случај кога таа предизвикува значителни променливо составот или структурата на храната или состојките на храната кои влијаат на нивната прехранбена вредност, метаболизам или ниво на несакани материи.