ГМО храна
- Понеделник, 26 Август 2013 11:02
Храната и добиточната храна обично доаѓаат од растенија и животни кои биле одгледувани и израснати од страна на луѓето во текот на неколку илјади години. Со текот на времето, овие растенија и животни поминале низ значителни генетски промени и оние со најпожелни карактеристики биле избрани за одгледување на следната генерација на храна и храна за животни.
Посакуваните карактеристики биле предизвикани од природно-настанатите варијации во генетскиот состав на овие растенија и животни. Во последно време, стана можно да се промени генетскиот материјал на живите клетки и организми користејќи техника на модерната биотехнологија наречена ген технологија. Генетските карактеристики се изменети вештачки со цел да им даде ново својство (отпорност на растенијата на болест или инсект, толеранција на растението на хербицид, подобрување на квалитетот на храната или нутритивната вредност, зголемена продуктивност на посевите, итн.).
Организмите, како што се растенијата и животните, чиј генетски материјал (ДНК) е променет на таков начин се нарекуваат генетски модифицирани организми (ГМО).
Храна коja содржи или е составена од ГМО, или е произведена од ГМО, се нарекува генетски модифицирана храна (ГМО-храна).