Систем за внатрешен аудит и внатрешна контрола
- Понеделник, 19 Март 2012 16:13
Систем за внатрешен аудит на официјални контроли и внатрешна контрола во Агенцијата за храна и ветеринарство
Општо
Одговорност за востоставување и имплементација на Системот за внатрешен аудит на официјални контроли и внатрешната контрола во Агенцијата за храна и ветеринарство е на Одделението за внатрешна контрола. Основата на воспоставување на ваков систем е во согласност со Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија " бр. 157/2010 и 53/2011) во членот 4 (69) е одредено дека "Аудит" е системско и независно испитување за да се утврди дали активностите и резултатите од активностите се во согласност со планираните подготовки и дали тие се ефективно имплементирани и се соодветни за постигнување на целите; и членот 77 (5) каде е одредено дека Агенцијата спроведува внатрешна контрола и подлежи на надворешна контрола и превзема соодветни мерки во зависност од резултатите на контролите, за да обезбеди дека се постигнати целите на овој закон. Овие контроли се спроведуваат на независен и транспарентен начин.
Одделението за внатрешна контрола е посебна организациона единица на Агенцијата за храна и ветеринарство согласно Правилникот за внатрешна организација на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Основни документи за Работата на Одделението за внатрешна контрола се:
• Програмата за работа на Одделението за внатрешна контрола за 2011/2012 година и