Соопштенија
Листи за пропишани пратки кои подлежат и кои не подлежат на преглед од страна на официјален ветеринар на граничен премин:
1.Листа на животни, производи и нус производи од животинско потекло кои при увоз и транзит подлежат на проверка
2. Листа на производи од животинско потекло кои не подлежат на инспекција при увоз и транзит
Во „Службен весник на РМ“ бр. 189 од 15.10.2018 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Соединетите Американски Држави.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 181 од 28.09.2018 година, се објавено е:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 177 од 21.09.2018 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 174 од 18.09.2018 година, објавени се правните прописи:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 144 од 03.08.2018 година, се објавени следниве правни прописи:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 124 од 05.07.2018 година, се објавени следниве правни прописи:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 58 од 2018 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Германија.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 47,53,54 и 57 од 2018 година, објавени се правни прописи во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
1.Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија
Во „Службен весник на РМ“ бр. 43 од 08.03.2018 година, објавени се правни прописи во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
1.Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 3 од 09.01.2018 година, е објавен правeн пропис во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство под следниот наслов:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 193 од 27.12.2017 година, е објавен правeн пропис во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство под следниот наслов:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 185 од 18.12.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 173 од 30.11.2017 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Швајцарија.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 171 од 28.11.2017 година, објавени се нови правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 165 од 16.11.2017 година, објавени се следните правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 159 од 08.11.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 157 од 06.11.2017 година, објавен е правниот пропис:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 155 од 02.11.2017 година, објавени се следните правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 145 од 12.10.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 138 од 02.10.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 135 од 26.09.2017 година, објавено е ,,Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Германија,,.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 130 од 18.09.2017 година, објавени се следните правни прописи:
Во пресрет на локалните избори, Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 12.09.2017 година ги донесе следниве акти:
Што е Авијарна Инфлуенца (Птичји грип)
Авијарната инфлуенца (АИ), е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ од фамилијата Orthomyxiviridae, која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија, во производството на птици (кокошки, мисирки, потполошки, бисерки, итн) и ограничувања во увозот и извозот живи птици и производи од живина. Кај домашната живина, птици кои се држат како миленичиња и диви птици, болеста предизвикува висока стапка на смртност.
Постојат многу видови на вируси на Авијарна Инфлуенца кои генерално може да се поделат во две категории:
- ниско патогена Авијарна Инфлуенца (LPAI) која обично се манифестира со малку или без клинички промени кај птиците и
- високо патогена Авијарна Инфлуенца (HPAI) која предизвикува сериозни клинички промени и/или висока смртност кај птиците.
Загриженоста во однос на болеста е подигната поради степенот на вирулентност не само кај живината, туку и во дивите птици, но и способноста да се заразат цицачи. Додека вирусите на АИ се генерално високо видови специфични вируси, од високо патогениот Х5Н1 АИ вирус, може да бидат заразени и луѓето. Вирусот исто така е изолиран и кај цицачи вклучувајќи ги и луѓето, стаорци и глувци, ласици, свињи, мачки, тигри и кучиња.
Ниско патогените соеви на вирусот на АИ Х5Н1 постојат, но не предизвикуваат значителни клинички знаци кај птиците.
Авијарната Инфлуенца е болест наведена во листат на болести на Светската организација за здравје на животните (OIE) која задолжително се пријавува особено подтиповите, H5 и H7.
Каде се појавува болеста?
Авијарната Инфлуенца може да се појави во целиот свет и различни видови на вирусот се присутни во различни области на светот.
Од посебен интерес се епидемиите на високопатогени Х5Н1 АИ што се случуваа во југо-источна Азија кон крајот на 2003 година. Во текот на изминатите години, и други азиски земји објавија епидемии а во некои болеста сега се смета за ендемски присутна (секогаш присутна). Појава на високо патогена авијарна инфлуенца Х5Н1, исто така е пријавена во Африка и Европа. Последните жаришта на болеста на Европскиот континент се пријавени во текот на месец Ноември оваа година во Германија, Холандија и Велика Британија.
Како болеста се шири и пренесува?
Глобализацијата и меѓународната трговијата (легална и нелегална), саемите и пазарите на птици, начинот на држење на живината и присуството на вирусот кај дивите птици се неколку фактори кои придонесуваат за ширење и пренесување на Авијарната Инфлуенца.
Дивите птици нормално може да го носат вирусот на Авијарната Инфлуенца во нивниот респираторен или цревен тракт без да се разболуваат. Дивите птици историски се познати како резервоари за вируси на Авијарната Инфлуенца, главно од ниско патогени соеви затоа на глобално ниво се спроведуваат мерки за надзор, следење, појава и карактеристика на вируси на Авијарната Инфлуенца во дивите птици иако поголемото мнозинство на овие вируси не предизвикува болест.
Се уште не е позната точната улога на дивите птици во ширењето на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца Х5Н1. Генерално, постојат многу неизвесности за вклученоста на дивите птици, миграторните рути и пред сè, на можноста дека некои видови може да станат постојан резервоар на Х5Н1 вирус без да покажуваат клинички знаци на болеста.
Вирусот на Авијарна Инфлуенца може да се шири преку директен контакт со секрети од заразени птици, особено фекалии или преку контаминирана храна, вода, опрема и облека.
Освен тоа што е високо заразна за живината, вирусите на Авијарна Инфлуенца лесно се пренесува од одгледувалиште до одгледувалиште преку движење на домашните птици, луѓето (преку контаминирани чевли и облека), контаминирани возила, опрема, храна, кафези и други предмети.
Период на инкубација на болеста е 3 до 5 дена.
Високо патоген вирус може да преживее долг периоди во животната средина, особено на ниски температури. На пример, високо патогениот Х5Н1 вирус може да опстане во измет од птици најмалку 35 дена при ниска температура (4оC). На повисока температура (37оC), Х5Н1 вирусот во фекални примероци преживува шест дена.
Инфекции кај мачките и свињите се од посебен интерес бидејќи овие животни се подложни на инфекции на птичји и човечки вируси на инфлуенца што може да доведе до можност вирусот на Авијарна Инфлуенца Х5Н1 да се приспособи или мутира. Иако кај свињите и мачките во текот на изминатите три години се пријавени спорадични инфекција со високо патогениот Х5Н1 не постојат научни докази кои укажуваат дека овие видови на животни имаат важна улога во епидемиологијата на болест или дека претставуваат извор на вирусот на други видови.
Кој е ризикот по здравјето на луѓето поврзан со оваа болест?
Авијарната инфлуенца е зооноза (болест која првенствено се појавува кај животните - птиците но предизвикува болест и кај луѓето).
Соевите на вирусот на Авијарна инфлуенца се високо специфични за приемчивите видови но во ретки случаи можно е да се заразат и луѓето. Пренос на луѓето се случува кога постои близок контакт со заразени птици или во високо контаминирана средина.
Иако од Авијарна инфлуенца предизвикана од високо патоген сој на вирусот понекогаш може да се зарази човекот, ова болест не треба да се помеша/замени со сезонскиот грип кај луѓето (обично предизвикани од Х1 и Н3 вируси).
Поради големиот потенцијал за инфекција кај луѓето се препорачува луѓето кои работат со или кои се во контакт со живина за која постои сомневање дека е заразена со Авијарна инфлуенца, да носат облека за лична заштита која вклучува; маски за лице, заштитни очила, ракавици и чизми.
Веројатноста за вирусот на Авијарна инфлуенца Х5Н1 да се промени во форма која е многу заразна за луѓето која масовно и лесно ќе се шири од човек на човек е непознат. Сепак, оваа можност во комбинација со зголемување на отпорност на вирусот на Авијарна инфлуенца Х5Н1 во отсуство на соодветно лекување и недостаток на вакцинација ја прави оваа болест високо ризична за здравјето на луѓето.
Нема докази со кои се потврдува дека консумирањето на термички недоволно третирана живина или јајца можат да го пренесат вирусот на АИ на луѓето.
Кои се клиничките знаци на болеста?
Во блага форма, заболените животни може да покажат клиничка слика со знаци болеста како накострешени пердуви, намалено производството на јајца или благи симптоми на респираторниот систем.
Во тешка форма на болеста, вирусот влијае на респираторниот систем, но исто така предизвикува промени по повеќе органи и ткива што резултира со големи внатрешни крварења.
Кај птици заразени со високо патоген вирус на АИ (вклучувајќи Х5Н1) се запазуваат дел или сите од следните клинички знаци:
- тишина и екстремна депресија;
- ненадеен пад во производството на јајца, со несење на „меки“ јајца или јајца без лушпа;
- оток и конгестија на кикиритка и подбрадници кај живината;
- оток на кожата под очите;
- кашлање, кивање и нервниот симптоми;
- дијареја;
- хеморагии на скочниот зглоб;
- состојба на појава на зголемена смртност, која прогресира при што стапката на смртност се зголемува и може да биде и 100% во рок од 48 часа
Како се дијагностицира болеста?
Авијарната инфлуенца (АИ) може да се дијагностицира врз основа на клиничките знаци, епидемиолошки податоци и со лабораториска потврда на примероците кои се земени за анализа.
Мерки кои се спроведуваат за спречување на појава и контрола на болеста?
Од особена важност е постоењето на систем за рано пријавување и рано откривање на болеста но и спроведување на превентивни мерки како дел од ефективна стратегија за справување со Авијарна Инфлуенца надополнето со потенцијална спремност за одговор во случај на појава на жариште на болеста.
Мерките за надзор имаат за цел да се открие присуство на инфекција кај живината според OIE стандарди за надзор на авијарната инфлуенца. Дополнително програми за следење на појавата, ширењето и типизација на вирусите на Авијарната Инфлуенца утврдени кај дивите птици. Надзорот кај дивите птици опфаќа различни миграциски рути и особено собирни места каде птиците преселници од различни континенти се мешаат .
Од есенцијална важност е одгледувачите на живина и птици да одржуваат високо ниво на биосигурносни мерки на одгледувалиштето за да се спречи внесување на вирусот во самото одгледувалиште.
Биосигурносни мерки
Мерки кои се препорачуваат на ниво на фарма/одгледувалиште вклучуваат:
- живината да се држи по далеку од области кои се посетувани од диви птици;
- да се контролира пристапот на луѓе и внесувањето на опрема на одгледувалиштата на живина;
- од одгледувалиштата да се отстранат предмети кои може да привлечат диви птици;
- одржување на хигиена на имотот, објектите каде се држи живината и опремата;
- да не се внесува живина/птици со непознат здравствен статус во јатото/на одгледувалиштата;
- да се води евиденција за болни и угинати птици;
- соодветно да се отстранува ѓубрето и угинатата живина.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРИЈАВИ СЕКОЈА ЗГОЛЕМЕНА СМРТНОСТ НА ОДГЛЕДУВАЛИШТАТА КАДЕ СЕ ОДГЛЕДУВА ЖИВИНА ДО ВЕТЕРИНАРНИТЕ ДРУШТВА И ОФИЦИЈАЛНИТЕ ВЕТЕРИНАРИ!
Во Република Mакедонија нема Африканска свинска чума
- Понеделник, 10 Декември 2018 16:26
Агенцијата за храна и ветеринарство го најостро го демантира известувањето пратено до собирачите на други шумски производи, испратено од ,,Македонски шуми,, ПСШ Демир Капија во кое неодговорно се тврди дека во Република Македонија е потврдена појавата на опасната заразна болест Африканска свинска чума кај диви свињи. Бараме од одговорното лице во ова јавно претпријатие кое ја дезинформира јавноста и непотребно внесе страв и паника кај граѓаните официјално да ја демантира ваквата дезинформација.
Делегација на АХВ го одбележа празникот Свети Климент Охридски
- Сабота, 08 Декември 2018 18:09
Делегација од Агенцијата за храна и ветеринарство, предводена од директорот Зоран Атанасов, денес, пред Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, положи свежо цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски. Празникот Свети Климент Охридски и 25-годишнината од смртта на Блаже Конеск со положување на свежо цвеќе ја одбележаа и владина делегација предводена од министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски, како и делегации од Собранието на Република Македонија, од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Армијата на Република Македонија, Сојузот на борци од НОВ, дипломатските претставници и претставници на останатите институции, политички партии и здруженија на граѓани.
Хрватскиот Институт за ветеринарство ќе ги сподели искуствата за отворање на преговорите со ЕУ
- Петок, 07 Декември 2018 20:06
Пренесување на искуствата во процесот на отворањето на преговорите за членство на Република Хрватска во Европската унија во делот на ветеринарството, состојбата со безбедноста на храната од животинско потекло во оваа земја, презентирање на поставеноста на хрватскиот Ветеринарен институт во системот на здравствена заштита на животните со поставување на основите на идната соработка со македонската Агенција за безбедност на храната, се темите на кои дискутираа на денешната средба, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и првиот човек на Хрватскиот ветеринарен институт , проф Д-р Борис Хабрун.
На состанокот на кој присуствуваа и проф Д-р Лазо Пендовски декан на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје и проф Д-р Јована Стефановска, раководител на Ветеринарниот институт во состав на Факултетот за ветеринарна медицина, директорот Атанасов ја презентираше организационата поставеност на Агенцијата и надлежностите на институцијата.
Изразена беше заедничка подготвеност за соработка и за споделување на хрватските искуства со релевантните институции од Република Македонија, со помош и посредство на Агенцијата.
Се унапредува соработката меѓу македонската и бугарската институција за безбедност на храната
- Петок, 07 Декември 2018 16:02
Унапредување на соработката на македонската и бугарската институција за безбедност на храната на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита на животните беа дел од темите на денешниот работен состанок директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и Иваило Стефанов, економски советник во Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија. На состанокот, презентирана беше актуелната состојба со болестите кај животните во Република Бугарија, со акцент на Африканската свинска чума, Њукастелската болест, Болеста јазлеста кожа кај говедата и Чумата кај малите преживари, болести кои се присутни во соседна Бугарија и регионот.
Превземените мерки за спречување на ширење на овие болести, како што информира директорот Атанасов, согласно меѓународните стандарди за здравствена заштита на животните и стандардите на Светската организација за здравствена заштита на животните, Агенцијата има донесено соодветни забрани.
Директорот Атанасов ја поздрави иницијативата на економскиот советник Стефанов за официјализирање на соработката на македонската и бугарската агенција за безбедност на храната со потпишување на меморандум за соработка. Тој потенцира дека Агенцијата за храна и ветеринарство е заинтересирана за потпишување на меморандум за соработка и со бугарската Агенција за проценка на ризик, со што ќе се интензивира соработката и на ова поле, за кое во нашата институција е воспоставен Секторот за проценка и комуникација на ризик.
Реализирана регионалната обука за справување со радиолошки и нуклеарни кризи
- Петок, 07 Декември 2018 14:33
Агенцијата за храна и ветеринарство со поддршка од Меѓународната агенција за атомска енергија, денес ја заокружи реализацијата на двонеделната Регионална обука за опциите за управување при справување со радиолошки и нуклеарни кризи во системите за производство на животните. Директорот на Агенцијата Зоран Атанасов, на учесниците им додели сертификати за учество и се заблагодари за активната вклученост во реализацијата на обуката, која ја водеа експерти од Белорусија и Украина, изразувајќи надеж дека стекнатите знаења на обуката, учесниците ќе ги применат во нивните земји.Покрај претставници од Агенцијата, Факултетот за ветеринарна медицина, од Дирекцијата за радиоактивна сигурност во активностите вклучени беа и четириесеттина претставници од релевантни државни институции од 16 земји.
Заврши симулациската вежба за справување со болеста Лигавка и шап
- Четврток, 06 Декември 2018 15:21
Со поддршка на Европска комисија за контрола на болеста лигавка и шап (ЕуФМД) при Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, Агенцијата за храна и ветеринарство денес, во Струмица, успешно ја реализира Симулациската вежба за лигавка и шап. Преку теоретскиот и практичниот дел од вежбата кој се реализираше на краварска фарма, со помош на експерт од ЕуФМД, стручни лица од секторите за инспекциски надзор, за здравствена заштита и благосостојба на животните, официјални ветеринари, претставници од лабораторијата при Факултетот за ветеринарна медицина, од македонската ветеринарна комора и од ветеринарните друштва, извршија тестирање на и зајакнување на воспоставениот систем и мерките за контрола и справување со болеста Лигавка и шап.
Одржан третиот состанок на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни
- Среда, 05 Декември 2018 17:02
Што е акриламид, како настанува во храната, каква е европската регулатива за воспоставување мерки и која е референтната точка за ублажување на неговото присуството во храната, во кој вид храна најчесто се сретнува, дали постои и која е толерантната доза, што говорат податоците од Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни на Европската унија? Ова се дел од прашањата на кои се дискутираше денес, на третиот состанок на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни, кој го организираше Агенцијата за храна и ветеринарство.
-Агенцијата за храна и ветеринарство подготви Правилник за воспоставување на мерки за ублажување на последиците и нивоа на референтни вредности за намалување на присуството на акриламид во храната, со кој ќе се уреди оваа материја. Правилникот треба наскоро да биде донесен. Креиран е согласно европската регулатива и научните искуства за ризиците кои ги носи акриламидот, а кои ги споделува и Европската агенција за безбедност на храната – ЕФСА – рече на состанокот директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов во својство на претседател и претседавач со Националниот совет.