Соопштенија
Листи за пропишани пратки кои подлежат и кои не подлежат на преглед од страна на официјален ветеринар на граничен премин:
1.Листа на животни, производи и нус производи од животинско потекло кои при увоз и транзит подлежат на проверка
2. Листа на производи од животинско потекло кои не подлежат на инспекција при увоз и транзит
Во „Службен весник на РМ“ бр. 189 од 15.10.2018 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Соединетите Американски Држави.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 181 од 28.09.2018 година, се објавено е:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 177 од 21.09.2018 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 174 од 18.09.2018 година, објавени се правните прописи:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 144 од 03.08.2018 година, се објавени следниве правни прописи:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 124 од 05.07.2018 година, се објавени следниве правни прописи:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 58 од 2018 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Германија.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 47,53,54 и 57 од 2018 година, објавени се правни прописи во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
1.Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија
Во „Службен весник на РМ“ бр. 43 од 08.03.2018 година, објавени се правни прописи во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
1.Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 3 од 09.01.2018 година, е објавен правeн пропис во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство под следниот наслов:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 193 од 27.12.2017 година, е објавен правeн пропис во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство под следниот наслов:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 185 од 18.12.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 173 од 30.11.2017 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Швајцарија.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 171 од 28.11.2017 година, објавени се нови правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 165 од 16.11.2017 година, објавени се следните правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 159 од 08.11.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 157 од 06.11.2017 година, објавен е правниот пропис:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 155 од 02.11.2017 година, објавени се следните правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 145 од 12.10.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 138 од 02.10.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 135 од 26.09.2017 година, објавено е ,,Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Германија,,.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 130 од 18.09.2017 година, објавени се следните правни прописи:
Во пресрет на локалните избори, Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 12.09.2017 година ги донесе следниве акти:
Што е Авијарна Инфлуенца (Птичји грип)
Авијарната инфлуенца (АИ), е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ од фамилијата Orthomyxiviridae, која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија, во производството на птици (кокошки, мисирки, потполошки, бисерки, итн) и ограничувања во увозот и извозот живи птици и производи од живина. Кај домашната живина, птици кои се држат како миленичиња и диви птици, болеста предизвикува висока стапка на смртност.
Постојат многу видови на вируси на Авијарна Инфлуенца кои генерално може да се поделат во две категории:
- ниско патогена Авијарна Инфлуенца (LPAI) која обично се манифестира со малку или без клинички промени кај птиците и
- високо патогена Авијарна Инфлуенца (HPAI) која предизвикува сериозни клинички промени и/или висока смртност кај птиците.
Загриженоста во однос на болеста е подигната поради степенот на вирулентност не само кај живината, туку и во дивите птици, но и способноста да се заразат цицачи. Додека вирусите на АИ се генерално високо видови специфични вируси, од високо патогениот Х5Н1 АИ вирус, може да бидат заразени и луѓето. Вирусот исто така е изолиран и кај цицачи вклучувајќи ги и луѓето, стаорци и глувци, ласици, свињи, мачки, тигри и кучиња.
Ниско патогените соеви на вирусот на АИ Х5Н1 постојат, но не предизвикуваат значителни клинички знаци кај птиците.
Авијарната Инфлуенца е болест наведена во листат на болести на Светската организација за здравје на животните (OIE) која задолжително се пријавува особено подтиповите, H5 и H7.
Каде се појавува болеста?
Авијарната Инфлуенца може да се појави во целиот свет и различни видови на вирусот се присутни во различни области на светот.
Од посебен интерес се епидемиите на високопатогени Х5Н1 АИ што се случуваа во југо-источна Азија кон крајот на 2003 година. Во текот на изминатите години, и други азиски земји објавија епидемии а во некои болеста сега се смета за ендемски присутна (секогаш присутна). Појава на високо патогена авијарна инфлуенца Х5Н1, исто така е пријавена во Африка и Европа. Последните жаришта на болеста на Европскиот континент се пријавени во текот на месец Ноември оваа година во Германија, Холандија и Велика Британија.
Како болеста се шири и пренесува?
Глобализацијата и меѓународната трговијата (легална и нелегална), саемите и пазарите на птици, начинот на држење на живината и присуството на вирусот кај дивите птици се неколку фактори кои придонесуваат за ширење и пренесување на Авијарната Инфлуенца.
Дивите птици нормално може да го носат вирусот на Авијарната Инфлуенца во нивниот респираторен или цревен тракт без да се разболуваат. Дивите птици историски се познати како резервоари за вируси на Авијарната Инфлуенца, главно од ниско патогени соеви затоа на глобално ниво се спроведуваат мерки за надзор, следење, појава и карактеристика на вируси на Авијарната Инфлуенца во дивите птици иако поголемото мнозинство на овие вируси не предизвикува болест.
Се уште не е позната точната улога на дивите птици во ширењето на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца Х5Н1. Генерално, постојат многу неизвесности за вклученоста на дивите птици, миграторните рути и пред сè, на можноста дека некои видови може да станат постојан резервоар на Х5Н1 вирус без да покажуваат клинички знаци на болеста.
Вирусот на Авијарна Инфлуенца може да се шири преку директен контакт со секрети од заразени птици, особено фекалии или преку контаминирана храна, вода, опрема и облека.
Освен тоа што е високо заразна за живината, вирусите на Авијарна Инфлуенца лесно се пренесува од одгледувалиште до одгледувалиште преку движење на домашните птици, луѓето (преку контаминирани чевли и облека), контаминирани возила, опрема, храна, кафези и други предмети.
Период на инкубација на болеста е 3 до 5 дена.
Високо патоген вирус може да преживее долг периоди во животната средина, особено на ниски температури. На пример, високо патогениот Х5Н1 вирус може да опстане во измет од птици најмалку 35 дена при ниска температура (4оC). На повисока температура (37оC), Х5Н1 вирусот во фекални примероци преживува шест дена.
Инфекции кај мачките и свињите се од посебен интерес бидејќи овие животни се подложни на инфекции на птичји и човечки вируси на инфлуенца што може да доведе до можност вирусот на Авијарна Инфлуенца Х5Н1 да се приспособи или мутира. Иако кај свињите и мачките во текот на изминатите три години се пријавени спорадични инфекција со високо патогениот Х5Н1 не постојат научни докази кои укажуваат дека овие видови на животни имаат важна улога во епидемиологијата на болест или дека претставуваат извор на вирусот на други видови.
Кој е ризикот по здравјето на луѓето поврзан со оваа болест?
Авијарната инфлуенца е зооноза (болест која првенствено се појавува кај животните - птиците но предизвикува болест и кај луѓето).
Соевите на вирусот на Авијарна инфлуенца се високо специфични за приемчивите видови но во ретки случаи можно е да се заразат и луѓето. Пренос на луѓето се случува кога постои близок контакт со заразени птици или во високо контаминирана средина.
Иако од Авијарна инфлуенца предизвикана од високо патоген сој на вирусот понекогаш може да се зарази човекот, ова болест не треба да се помеша/замени со сезонскиот грип кај луѓето (обично предизвикани од Х1 и Н3 вируси).
Поради големиот потенцијал за инфекција кај луѓето се препорачува луѓето кои работат со или кои се во контакт со живина за која постои сомневање дека е заразена со Авијарна инфлуенца, да носат облека за лична заштита која вклучува; маски за лице, заштитни очила, ракавици и чизми.
Веројатноста за вирусот на Авијарна инфлуенца Х5Н1 да се промени во форма која е многу заразна за луѓето која масовно и лесно ќе се шири од човек на човек е непознат. Сепак, оваа можност во комбинација со зголемување на отпорност на вирусот на Авијарна инфлуенца Х5Н1 во отсуство на соодветно лекување и недостаток на вакцинација ја прави оваа болест високо ризична за здравјето на луѓето.
Нема докази со кои се потврдува дека консумирањето на термички недоволно третирана живина или јајца можат да го пренесат вирусот на АИ на луѓето.
Кои се клиничките знаци на болеста?
Во блага форма, заболените животни може да покажат клиничка слика со знаци болеста како накострешени пердуви, намалено производството на јајца или благи симптоми на респираторниот систем.
Во тешка форма на болеста, вирусот влијае на респираторниот систем, но исто така предизвикува промени по повеќе органи и ткива што резултира со големи внатрешни крварења.
Кај птици заразени со високо патоген вирус на АИ (вклучувајќи Х5Н1) се запазуваат дел или сите од следните клинички знаци:
- тишина и екстремна депресија;
- ненадеен пад во производството на јајца, со несење на „меки“ јајца или јајца без лушпа;
- оток и конгестија на кикиритка и подбрадници кај живината;
- оток на кожата под очите;
- кашлање, кивање и нервниот симптоми;
- дијареја;
- хеморагии на скочниот зглоб;
- состојба на појава на зголемена смртност, која прогресира при што стапката на смртност се зголемува и може да биде и 100% во рок од 48 часа
Како се дијагностицира болеста?
Авијарната инфлуенца (АИ) може да се дијагностицира врз основа на клиничките знаци, епидемиолошки податоци и со лабораториска потврда на примероците кои се земени за анализа.
Мерки кои се спроведуваат за спречување на појава и контрола на болеста?
Од особена важност е постоењето на систем за рано пријавување и рано откривање на болеста но и спроведување на превентивни мерки како дел од ефективна стратегија за справување со Авијарна Инфлуенца надополнето со потенцијална спремност за одговор во случај на појава на жариште на болеста.
Мерките за надзор имаат за цел да се открие присуство на инфекција кај живината според OIE стандарди за надзор на авијарната инфлуенца. Дополнително програми за следење на појавата, ширењето и типизација на вирусите на Авијарната Инфлуенца утврдени кај дивите птици. Надзорот кај дивите птици опфаќа различни миграциски рути и особено собирни места каде птиците преселници од различни континенти се мешаат .
Од есенцијална важност е одгледувачите на живина и птици да одржуваат високо ниво на биосигурносни мерки на одгледувалиштето за да се спречи внесување на вирусот во самото одгледувалиште.
Биосигурносни мерки
Мерки кои се препорачуваат на ниво на фарма/одгледувалиште вклучуваат:
- живината да се држи по далеку од области кои се посетувани од диви птици;
- да се контролира пристапот на луѓе и внесувањето на опрема на одгледувалиштата на живина;
- од одгледувалиштата да се отстранат предмети кои може да привлечат диви птици;
- одржување на хигиена на имотот, објектите каде се држи живината и опремата;
- да не се внесува живина/птици со непознат здравствен статус во јатото/на одгледувалиштата;
- да се води евиденција за болни и угинати птици;
- соодветно да се отстранува ѓубрето и угинатата живина.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРИЈАВИ СЕКОЈА ЗГОЛЕМЕНА СМРТНОСТ НА ОДГЛЕДУВАЛИШТАТА КАДЕ СЕ ОДГЛЕДУВА ЖИВИНА ДО ВЕТЕРИНАРНИТЕ ДРУШТВА И ОФИЦИЈАЛНИТЕ ВЕТЕРИНАРИ!
AХВ спроведе еко акција за почиста животна средина
- Сабота, 16 Февруари 2019 13:44
Еко акција за чистење и уредување на дворот спроведоа денес вработените на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и во соработка со комуналната служба на Општина Аеродром. Акцијата која се реализира денес е во рамки на спроведување на владините мерки за намалување на аерозагадувањето и заштита и унапредување на животната средина.
Нема небезбедни мандарини на македонскиот пазар
- Среда, 13 Февруари 2019 15:09
Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација дека на пазарот на нашата земја се пласирани небезбедни мандарини, вклучително и мандарини кои се увезуваат од Република Турција. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли и на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во земјава, вклучително и на увозот на мандарини од Република Турција.
Експланаторен Скрининг за Поглавјето 12 - Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика
- Вторник, 12 Февруари 2019 09:17
Вовед
Експланаторниот /објаснувачки/ скрининг претставува процес во кој Европската комисија дава детален преглед на Европското законодавство во сите 33 поглавја во кои е групирано целокупното Acquis Communautaire (целокупното европско законодавство, што ги вклучува основачките акти на ЕУ, како и сите регулативи, директиви, одлуки, правна практика, но и меѓународните акти кон кои пристапила ЕУ во рамките на Обединетите Нации и Советот на Европа.
На 17 јули 2018 година, со официјалната посета на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан започна објаснувачкиот скрининг за Република Македноја, кој како што истакна еврокомесатор “Експланаторниот/објаснувачкиот прелиминрарен скрининг е прв критичен чекор во подготовките за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ”. Исто така, почетокот на објаснувачкиот скрининг е пресвртната точка со која Македонија и формално го почнува последниот дел од патот кон ЕУ.
Македонската администрација се смета за подготвена за оваа фаза, а во текот на самите експланаторни/ објаснувачки сесии ќе може да се запознае подетално со европските прописи и искуствата од нивната имплементација на ниво на ЕУ, што исто така оди во прилог на натамошна подготовка на нашата администрација за следните фази од пристапните преговори.
АХВ е законски обврзана и ја информира јавноста за небезбедна храна на пазарот
- Понеделник, 11 Февруари 2019 08:56
Не е пракса на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да објавува што и каде е дистрибуирано се додека тоа не претставува опасност по здравјето на граѓаните, рече директорот Зоран Атанасов, одговорајќи на новинарски прашања во врска со последниот Извештај на Институтот за јавно здравје и утврдените количества тешки метали во некои прехранбени производи. Атанасов е дециден дека АХВ е законски должна да ја информира јавноста, а и така постапува, само во случај кога ќе утврди евентуално присуство на храна несоодветна во однос на безбедноста и штетна по здравјето на луѓето.
– Дали и во која продавница што е затекнато и досега не беше пракса на Агенцијата за храна и ветеринарство да објавува ако не претставува опасност по здравјето на граѓаните. Во системот има следливост и ако не се повлече целото количество за кое е утврдено дека е несоодветна и штетна по здравјето на луѓето, тогаш сме должни до јавноста да соопштиме дека е присутно такво количество и да наведеме каде се е дистрибуирана, Тоа го предвидува Законот, рече Атанасов на прес-конференција во Владата.
МЗШВ потпиша меморандум за соработка со „Слоуфуд Македонија“.
- Среда, 06 Февруари 2019 18:26
Mинистерството за земјоделство шумарство и водостопанство потпиша Меморандум за соработка со Националната организација „Слоуфуд Македонија“. Целта на соработката е зачувување на агробиодиверзитетот, унапредување на производствата на храна од мал обем и зачувување на автентични и органски производи, сето тоа во функција на руралниот развој и развојот на гастрономијата и туризмот. Преку меморандумот ќе се заштитат локалните семиња, овоштарство и лозарство, сточарство, традиционалните производи и примената на ознаки за квалитет. Исто така ќе се работи на зајакнување на свеста за органското производство, маркетинг и промоција на македонската традицонална храна.
AХВ ја контролира безбедноста на храната и проверува дали таа содржи и тешки метали
- Среда, 06 Февруари 2019 15:42
Агенцијата за храна и ветeринарство врши редовни инспекциски контроли на домашниот пазар, во сите фази на производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна со цел детекција и утврдување на присуство и на тешки метали. Покрај редовните се вршат и вонредни контроли, често постапувајќи и по претставки на граѓаните. Редовно се контролира и храната која се увезува во земјава. Со редовните инспекциски контроли во 2018 година со извршените лабораториски тестирања, добиена е 1 позитивна мостра кај која е утврдено зголемено присуство на тешки метали (олово).
Инспекциските служби на АХВ извршија контрола на ,,Млекара Лесковац,,
- Понеделник, 04 Февруари 2019 10:30
Стручен тим од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во Лесковац, Република Србија реализира официјална посета и извршија инспекциска контрола на работењето на компанијата ,,ДОО за преработка и конзервирање на млеко - Млекара Лесковац,,. Станува збор за планирана активност на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство за контрола на објекти од трети земји од кои се увезува храна во Република Македонија.Со цел проверка на исполнетоста на стандардите за увоз на млеко и производи од млеко од соседна Србија во нашата земја, официјални ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство, извршија контрола на усогласеноста на условите и работата на овој оператор со храна од Република Србија, со одредбите од нашиот Закон за безбедност на храна...