Соопштенија
Листи за пропишани пратки кои подлежат и кои не подлежат на преглед од страна на официјален ветеринар на граничен премин:
1.Листа на животни, производи и нус производи од животинско потекло кои при увоз и транзит подлежат на проверка
2. Листа на производи од животинско потекло кои не подлежат на инспекција при увоз и транзит
Во „Службен весник на РМ“ бр. 189 од 15.10.2018 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Соединетите Американски Држави.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 181 од 28.09.2018 година, се објавено е:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 177 од 21.09.2018 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 174 од 18.09.2018 година, објавени се правните прописи:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 144 од 03.08.2018 година, се објавени следниве правни прописи:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 124 од 05.07.2018 година, се објавени следниве правни прописи:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 58 од 2018 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Германија.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 47,53,54 и 57 од 2018 година, објавени се правни прописи во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
1.Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија
Во „Службен весник на РМ“ бр. 43 од 08.03.2018 година, објавени се правни прописи во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
1.Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 3 од 09.01.2018 година, е објавен правeн пропис во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство под следниот наслов:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 193 од 27.12.2017 година, е објавен правeн пропис во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство под следниот наслов:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 185 од 18.12.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 173 од 30.11.2017 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Швајцарија.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 171 од 28.11.2017 година, објавени се нови правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 165 од 16.11.2017 година, објавени се следните правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 159 од 08.11.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 157 од 06.11.2017 година, објавен е правниот пропис:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 155 од 02.11.2017 година, објавени се следните правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 145 од 12.10.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 138 од 02.10.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 135 од 26.09.2017 година, објавено е ,,Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Германија,,.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 130 од 18.09.2017 година, објавени се следните правни прописи:
Во пресрет на локалните избори, Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 12.09.2017 година ги донесе следниве акти:
Што е Авијарна Инфлуенца (Птичји грип)
Авијарната инфлуенца (АИ), е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ од фамилијата Orthomyxiviridae, која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија, во производството на птици (кокошки, мисирки, потполошки, бисерки, итн) и ограничувања во увозот и извозот живи птици и производи од живина. Кај домашната живина, птици кои се држат како миленичиња и диви птици, болеста предизвикува висока стапка на смртност.
Постојат многу видови на вируси на Авијарна Инфлуенца кои генерално може да се поделат во две категории:
- ниско патогена Авијарна Инфлуенца (LPAI) која обично се манифестира со малку или без клинички промени кај птиците и
- високо патогена Авијарна Инфлуенца (HPAI) која предизвикува сериозни клинички промени и/или висока смртност кај птиците.
Загриженоста во однос на болеста е подигната поради степенот на вирулентност не само кај живината, туку и во дивите птици, но и способноста да се заразат цицачи. Додека вирусите на АИ се генерално високо видови специфични вируси, од високо патогениот Х5Н1 АИ вирус, може да бидат заразени и луѓето. Вирусот исто така е изолиран и кај цицачи вклучувајќи ги и луѓето, стаорци и глувци, ласици, свињи, мачки, тигри и кучиња.
Ниско патогените соеви на вирусот на АИ Х5Н1 постојат, но не предизвикуваат значителни клинички знаци кај птиците.
Авијарната Инфлуенца е болест наведена во листат на болести на Светската организација за здравје на животните (OIE) која задолжително се пријавува особено подтиповите, H5 и H7.
Каде се појавува болеста?
Авијарната Инфлуенца може да се појави во целиот свет и различни видови на вирусот се присутни во различни области на светот.
Од посебен интерес се епидемиите на високопатогени Х5Н1 АИ што се случуваа во југо-источна Азија кон крајот на 2003 година. Во текот на изминатите години, и други азиски земји објавија епидемии а во некои болеста сега се смета за ендемски присутна (секогаш присутна). Појава на високо патогена авијарна инфлуенца Х5Н1, исто така е пријавена во Африка и Европа. Последните жаришта на болеста на Европскиот континент се пријавени во текот на месец Ноември оваа година во Германија, Холандија и Велика Британија.
Како болеста се шири и пренесува?
Глобализацијата и меѓународната трговијата (легална и нелегална), саемите и пазарите на птици, начинот на држење на живината и присуството на вирусот кај дивите птици се неколку фактори кои придонесуваат за ширење и пренесување на Авијарната Инфлуенца.
Дивите птици нормално може да го носат вирусот на Авијарната Инфлуенца во нивниот респираторен или цревен тракт без да се разболуваат. Дивите птици историски се познати како резервоари за вируси на Авијарната Инфлуенца, главно од ниско патогени соеви затоа на глобално ниво се спроведуваат мерки за надзор, следење, појава и карактеристика на вируси на Авијарната Инфлуенца во дивите птици иако поголемото мнозинство на овие вируси не предизвикува болест.
Се уште не е позната точната улога на дивите птици во ширењето на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца Х5Н1. Генерално, постојат многу неизвесности за вклученоста на дивите птици, миграторните рути и пред сè, на можноста дека некои видови може да станат постојан резервоар на Х5Н1 вирус без да покажуваат клинички знаци на болеста.
Вирусот на Авијарна Инфлуенца може да се шири преку директен контакт со секрети од заразени птици, особено фекалии или преку контаминирана храна, вода, опрема и облека.
Освен тоа што е високо заразна за живината, вирусите на Авијарна Инфлуенца лесно се пренесува од одгледувалиште до одгледувалиште преку движење на домашните птици, луѓето (преку контаминирани чевли и облека), контаминирани возила, опрема, храна, кафези и други предмети.
Период на инкубација на болеста е 3 до 5 дена.
Високо патоген вирус може да преживее долг периоди во животната средина, особено на ниски температури. На пример, високо патогениот Х5Н1 вирус може да опстане во измет од птици најмалку 35 дена при ниска температура (4оC). На повисока температура (37оC), Х5Н1 вирусот во фекални примероци преживува шест дена.
Инфекции кај мачките и свињите се од посебен интерес бидејќи овие животни се подложни на инфекции на птичји и човечки вируси на инфлуенца што може да доведе до можност вирусот на Авијарна Инфлуенца Х5Н1 да се приспособи или мутира. Иако кај свињите и мачките во текот на изминатите три години се пријавени спорадични инфекција со високо патогениот Х5Н1 не постојат научни докази кои укажуваат дека овие видови на животни имаат важна улога во епидемиологијата на болест или дека претставуваат извор на вирусот на други видови.
Кој е ризикот по здравјето на луѓето поврзан со оваа болест?
Авијарната инфлуенца е зооноза (болест која првенствено се појавува кај животните - птиците но предизвикува болест и кај луѓето).
Соевите на вирусот на Авијарна инфлуенца се високо специфични за приемчивите видови но во ретки случаи можно е да се заразат и луѓето. Пренос на луѓето се случува кога постои близок контакт со заразени птици или во високо контаминирана средина.
Иако од Авијарна инфлуенца предизвикана од високо патоген сој на вирусот понекогаш може да се зарази човекот, ова болест не треба да се помеша/замени со сезонскиот грип кај луѓето (обично предизвикани од Х1 и Н3 вируси).
Поради големиот потенцијал за инфекција кај луѓето се препорачува луѓето кои работат со или кои се во контакт со живина за која постои сомневање дека е заразена со Авијарна инфлуенца, да носат облека за лична заштита која вклучува; маски за лице, заштитни очила, ракавици и чизми.
Веројатноста за вирусот на Авијарна инфлуенца Х5Н1 да се промени во форма која е многу заразна за луѓето која масовно и лесно ќе се шири од човек на човек е непознат. Сепак, оваа можност во комбинација со зголемување на отпорност на вирусот на Авијарна инфлуенца Х5Н1 во отсуство на соодветно лекување и недостаток на вакцинација ја прави оваа болест високо ризична за здравјето на луѓето.
Нема докази со кои се потврдува дека консумирањето на термички недоволно третирана живина или јајца можат да го пренесат вирусот на АИ на луѓето.
Кои се клиничките знаци на болеста?
Во блага форма, заболените животни може да покажат клиничка слика со знаци болеста како накострешени пердуви, намалено производството на јајца или благи симптоми на респираторниот систем.
Во тешка форма на болеста, вирусот влијае на респираторниот систем, но исто така предизвикува промени по повеќе органи и ткива што резултира со големи внатрешни крварења.
Кај птици заразени со високо патоген вирус на АИ (вклучувајќи Х5Н1) се запазуваат дел или сите од следните клинички знаци:
- тишина и екстремна депресија;
- ненадеен пад во производството на јајца, со несење на „меки“ јајца или јајца без лушпа;
- оток и конгестија на кикиритка и подбрадници кај живината;
- оток на кожата под очите;
- кашлање, кивање и нервниот симптоми;
- дијареја;
- хеморагии на скочниот зглоб;
- состојба на појава на зголемена смртност, која прогресира при што стапката на смртност се зголемува и може да биде и 100% во рок од 48 часа
Како се дијагностицира болеста?
Авијарната инфлуенца (АИ) може да се дијагностицира врз основа на клиничките знаци, епидемиолошки податоци и со лабораториска потврда на примероците кои се земени за анализа.
Мерки кои се спроведуваат за спречување на појава и контрола на болеста?
Од особена важност е постоењето на систем за рано пријавување и рано откривање на болеста но и спроведување на превентивни мерки како дел од ефективна стратегија за справување со Авијарна Инфлуенца надополнето со потенцијална спремност за одговор во случај на појава на жариште на болеста.
Мерките за надзор имаат за цел да се открие присуство на инфекција кај живината според OIE стандарди за надзор на авијарната инфлуенца. Дополнително програми за следење на појавата, ширењето и типизација на вирусите на Авијарната Инфлуенца утврдени кај дивите птици. Надзорот кај дивите птици опфаќа различни миграциски рути и особено собирни места каде птиците преселници од различни континенти се мешаат .
Од есенцијална важност е одгледувачите на живина и птици да одржуваат високо ниво на биосигурносни мерки на одгледувалиштето за да се спречи внесување на вирусот во самото одгледувалиште.
Биосигурносни мерки
Мерки кои се препорачуваат на ниво на фарма/одгледувалиште вклучуваат:
- живината да се држи по далеку од области кои се посетувани од диви птици;
- да се контролира пристапот на луѓе и внесувањето на опрема на одгледувалиштата на живина;
- од одгледувалиштата да се отстранат предмети кои може да привлечат диви птици;
- одржување на хигиена на имотот, објектите каде се држи живината и опремата;
- да не се внесува живина/птици со непознат здравствен статус во јатото/на одгледувалиштата;
- да се води евиденција за болни и угинати птици;
- соодветно да се отстранува ѓубрето и угинатата живина.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРИЈАВИ СЕКОЈА ЗГОЛЕМЕНА СМРТНОСТ НА ОДГЛЕДУВАЛИШТАТА КАДЕ СЕ ОДГЛЕДУВА ЖИВИНА ДО ВЕТЕРИНАРНИТЕ ДРУШТВА И ОФИЦИЈАЛНИТЕ ВЕТЕРИНАРИ!
Апел до одгледувачите на животни од поплавените региони
- Четврток, 11 Август 2016 15:24
Сопствениците на животни да го пријават секое угинато или исчезнато грло на матичниот ветеринар од надлежното ветеринарно друштво со кое имаат склучено договор или до Агенцијата за храна и ветеринарство. Сами да не вршат подигање и отстранување на мршите бидејќи истите се потенцијален извор за појава и ширење на зарази. Доколку имаат сознанија за угинато животно во поплавите, граѓаните потребно е да информираат дежурните официјални ветеринари од тимовите стационирани во пунктовите во населените места Инџиково и Црешово и во основните училишта 25 Мај во Сингелиќ и Кирил и Методиј во село Стајковци.
Во ек акција за отстранување и закопување на угинатиот добиток во поплавените региони
- Вторник, 09 Август 2016 14:07
Стручни тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и ветеринарните друштва, со цел превенција и спречување на појава на заразни болести во поплавените подрачја во скопскиот и тетовскиот регион, по поплавите, активно работат на отстранување и закопување на угинатите животни.
Во текот на изминатите два дена, во најголем, дел завршено е евидентирање, проценка и утврдување на сопственоста на угинатиот ситен добиток ( кокошки, овци и кози), како и нивно закопување на соодветни локации определени од страна на локалната самоуправа.
Препораки до населението во поплавените региони
- Понеделник, 08 Август 2016 13:14
КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД ЗАРАЗНИТЕ БОЛЕСТИ КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ПРЕКУ ХРАНАТА И ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ?
КАКО ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ ЖИВОТНИТЕ ОД ПОПЛАВИ?
-За време на поплавите постојано да се следат информациите за водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење преку локалните и националните телевизии, радиjа и преку интернет порталите.
- За пиење, за подготовка на храна и за одржување на лична хигиена, да се користи само пакувана вода или вода за пиење од цистерни која ја доставуваат јавните водоснабдителни претпријатија.
- Доколку постојат резерви вода, истата да не се употребува додека не се преврие (вриење најмалку 15 минути), или водата да се хлорира на соодветен начин, или од страна на стручно лице.
- Доколку водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти, каде е видливо заматување на водата, истата да не се користи за пиење и за готвење, се до санирање на состојбата и до добивање на лабораториска потврда дека водата е безбедна.
Во Брисел одржан првиот регионален состанок на Европската експертска група за справување со болеста јазлеста кожа
- Среда, 06 Јули 2016 11:07
Македонија добро се справува со болеста Јазлеста кожа, рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски за ТВ Канал 5 по првиот регионален состанок на Европската експертска група за справување со меѓугранични болести кај животните, организиран од страна на Светската здравствена организација, поддржана од Европската комисија кој во понеделникот и вторникот се одржа во Брисел. Состанокот беше посветен на регионалниот проблем за справување со болеста јазлеста кожа и на него беа присутни сите балкански земји. Претставниците на земјите каде е присутна болеста, ги презентираа преземените мерки и искуствата од досегашното справување со болеста која поради високите температури зема се поголем замав.
Нашите соседи Србија и Косово како што било кажано на состанокот пријавиле преку 100 жаришта и потврдиле нагло ширење на болеста дури и на 100 километри од местата со заболени говеда.
-Се очекува за многу брзо да се прошири и во посеверните држави. Беше поставено прашањето на кој начин и колкави количини и дали ќе може да се најдат доволен број ан вакцини за сите држави каде се претпоставува дека ќе се појави болеста. Исто така беше поставено и прашање дали е можно во било која европска држава да се почне со производство на овие вакцини бидејќи знаеме колку е тешко и како се набавуваат овие вакцини, вели Зоран Поповски.
Пристигнаа 250.000 вакцини против болеста Чвореста кожа
- Понеделник, 27 Јуни 2016 10:50
Агенцијата за храна и ветеринарство ја информира јавноста дека 250 илјади дози од вакцината за превенција од болеста Чвореста Кожа кај говедата денеска пристигна во Република Македонија.
Дистрибуирањето на вакцината до надлежните ветеринарни друштва, ветеринарните амбуланти и матичните ветеринари е во тек.
Според веќе изготвениот акциски план за превентивна вакцинација Агенцијата за храна и ветеринарство ќе започне со превентивното вакцинирање на сите говеда на територијата на цела Македонија за спречување на ширење на болеста Чвореста Кожа.
АХВ подготви Упатство за сточарите за преземање на биосигурносни мерки за заштита од ширење на болеста Чвореста кожа кај говедата
- Недела, 24 Април 2016 11:16
Агенцијата за храна и ветеринарство подготви Упатство за примена на биосигурносни мерки на одгледувалиште, заштита на животните од убоди од инсекти и безбедно користење на ѓубриво од животинско потекло, со цел да се спречи ширењето на болеста Чвореста кожа кај говедата која се појави и во Република Македонија.
Упатството препратено до ветеринарните друштва и болници и до сточарите и ги содржи насоките за преземање на мерки за спречување на влез и ширење на болести и штетници кои може да предизвикаат големи економски штети во сточарството, намалена продуктивност на животните и дополнителни трошоци за нивно сузбивање и искоренување.
Регистриран прв случај на болеста „чвореста кожа кај говедата“, нема опасност по здравјето на луѓето
- Сабота, 23 Април 2016 20:09
Регистриран е прв случај на болеста „чвореста кожа“ кај говедата во Република Македонија, информира денеска на прес конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство м – р Зоран Поповски. Станува збор за прв, лабораториски потврден случај на заболено животно во Демир Капија, од кои се земени мостри кои се и анализирани во Бугарија. Болеста не е зооноза, објасни тој, односно не се пренесува и не е опасна за човекот, но, причинува големи економски штети во говедарството.