• Македонски (MK)
  • Почетна
  • Храна
    • Општи барања за храна
      • Означување на храната
      • Нутритивни и здравствени тврдења
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети тврдења
        • Постапка за одобрување
      • Адитиви во производство на храна
        • Легислатива
        • Одобрени адитиви
        • Постапка за авторизација
      • НАССР
      • Материјали што доаѓаат во контакт со храната
        • Легислатива
        • Одобрени материјали
        • Изјава на усогласеност
        • Постапка за одобрување
      • Алиментарни заболувања
      • Микробиолошки критериуми
      • Лаборатории
      • Храна добиена со иновирани технологии
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети производи
        • Постапка за одобрување
      • Храна третирана со јонизирачко зрачење
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети производи
        • Постапка за одобрување
    • Безбедност на храна од неживотинско потекло
      • Додатоци во исхраната
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети состојки
        • Постапка за одобрување
      • Храна за посебна нутритивна употреба
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети состојки
        • Постапка за одобрување
      • Збогатена храна
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети состојки
        • Постапка за одобрување
      • ГМО храна
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети ГМО
        • Постапка за одобрување
      • Минерална вода
        • Легислатива
        • Одобрени минерални води
        • Постапка за одобрување
      • Програма за безбедност на храната во РМ
    • Безбедност на храна од животинско потекло
      • Одобрување на објекти
        • Регистар на Одобрени објекти
      • Регистрирање на објекти
        • Регистар на Регистрирани објекти
      • Преструктуирање на објекти и оператори со храна
      • Бришење на регистрирани и одобрени објекти
      • Мониторинг програми
        • Резидуи и контаминенти
      • Контрола на трихинелоза
      • TSE/BSE
      • Упатства
      • Извоз во Руска Федерација
    • Квалитет на храна
      • Означување на храната
      • Млеко и млечни производи
      • Месо и производи од месо
      • Други производи
      • Упатства и процедури
  • Ветеринарство
    • Здравствена заштита на животни
      • Болести кај копнени животни
      • Болести кај аквакултура
      • Болести кај диви животни
      • Пријавување на болести
      • Внатрешен промет
        • Сертификати
        • Одобрени собирни центри
        • Одобрени трговци
        • Одобрени превозници
      • Лаборатории
      • Планови за итни мерки
      • Статистички податоци
    • Идентификација и регистрација
      • Систем за И&Р
      • Упатства за учесниците во системот
      • Извештаи
      • Статистички податоци
      • Регистар на учесници во системот
        • Овластени ветеринарни друштва
        • Добиточни пазари
        • Кланици
        • Овластени добавувачи на средства за идентификација
    • Благосостојба на животни
      • Фармски животни
        • Говеда
        • Свињи
        • Кокошки несилки
        • Бројлери
        • Овци и кози
        • Други фармски животни
        • Обука
      • Домашни миленици
        • Регистрирани кучиња
        • Нерегистрирани кучиња и кучиња скитници
        • Опасни кучиња
        • Прифатилишта
      • Експериментални животни
        • Одобрување и регистар на субјекти
        • Одобрување и регистар на проекти
        • Обука
        • Мислења на Комисијата за благосостојба
      • Други животни
      • Зоолошки градини
      • Превоз на животни
        • Одобрување и регистар на превозници
        • Одобрение за превозни срeдства
        • Регистар и сертификат за компетентност
        • Регистар и сертификат за возачи и надзоници на патување
      • Благосостојба за време на колење
    • Ветеринарни служби
      • Регистар на ветеринарни друштва
    • Ветеринарно медицински препарати
      • Упатства и процедури
      • Одобрување на ВМП
      • Фармаколошка внимателност
      • MRLs
      • Антимикробна резистентност
    • Контрола на салмонела
  • Храна за животни
    • Безбедност
    • Одобрување на објекти
      • Регистар на Одобрени објекти
    • Означување
    • Регистрирање на објекти
      • Регистар на Регистрирани објекти
    • Адитиви
    • Непожелни супстанции
    • Медицирана храна за животни
    • Методи за земање на мостри и анализа
  • НПЖП
    • Нуспроизводи
      • Категоризација
      • Собирање, транспорт, складирање
      • Преработка
      • Нештетно отстранување
      • Упатства за имплементација
      • Процедури
      • Одобрување на објекти
        • Регистар на Одобрени објекти
      • Регистрирање на објекти
        • Регистар на Регистрирани објекти
  • Меѓународна трговија
    • Објекти одобрени за увоз
    • Транзит
    • Забрани
    • RASFF
    • Домашни миленици
    • EXIM Упатства
    • Личен багаж
  • Меѓународна соработка
    • TAIEX
      • Најава на настани
      • Изминати настани
    • BTSF
    • EFSA
    • Други донатори
    • ИПА
      • Што е ИПА
      • ИПА Проекти во АХВ

arhiva.fva.gov.mk

  • За нас
    • Директор
    • АХВ
    • Заменик директор
    • Организациона шема
    • Годишни извештаи
    • Стратегија
    • Обуки
    • Аудит
      • Внатрешен аудит и контрола
      • Систем за внатрешен аудит
    • Прекршочна комисија
  • Прописи
  • Јавни набавки
  • Заштита на потрошувачите
    • Политики за заштита во РМ
    • Совети за потрошувачите
    • е-Билтен за потрошувачите
    • Публикации
  • Информации од јавен карактер
  • Публикации
  • Обрасци
  • Регистри
    • Храна од животинско потекло
    • Примарно производство
    • Храна за животни
    • НПЖП
    • Ветеринарно медицински преп.
    • Неживотинско потекло
    • Аквакултура
    • Лабаратории
  • Линкови
  • Видео изјави
  • Контакти
  • Најава на Настани

Соопштенија

Листи за пропишани пратки кои подлежат и кои не подлежат на преглед од страна на официјален ветеринар на граничен премин:

1.Листа на животни, производи и нус производи од животинско потекло кои при увоз и транзит подлежат на проверка 

2. Листа на производи од животинско потекло  кои не подлежат на инспекција при увоз и транзит

 

 

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 189 од 15.10.2018 година, објавено е  Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Соединетите Американски Држави.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 181 од 28.09.2018 година, се објавено е:

1. Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 177 од 21.09.2018 година, објавени се:


1.Решение за изменување на решението за преземање на безбедносни мерки при увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи, свинско месо, производи и подготовки од свинско месо, други производи кои содржат свинско месо, како и нуспроизводи од свињи заради заштита од внесување на вирусот на Африканска свинска чума во Република Македонија.

2.Решение за изменување на решението за забрана на увоз и транзит на домашни и диви еквиди заради заштита од внесување на вирусот на Западно нилска треска во Република Македонија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 174 од 18.09.2018 година, објавени се правните прописи:

1. Решение за престанок на важење на решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Кралството Шведска.

2. Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Кралството Белгија.

 

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 144 од 03.08.2018 година, се објавени следниве правни прописи:

1.Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Кралството Холандија. 

2.Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болст во Република Македонија по потекло од Република Франција.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 124 од 05.07.2018 година, се објавени следниве правни прописи:

1.Правилник за условите за одобрување на ветеринарна амбуланта, ветеринарна клиника, ветеринарна болница и ветеринарна служба на одгледувалиште.

2.Решение за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на чума кај мали преживари во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

3.Решение за изменување на Решението за преземање на безбедносни мерки при увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи, свинско месо, производи и подготовки од свинско месо, други производи кои содржат свинско месо, како и нуспроизводи од свињи заради заштита од внесување на вирусот на Африканска свинска чума во Република Македонија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 58 од 2018 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот  на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Германија. 

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 47,53,54 и 57 од 2018 година, објавени се правни прописи во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:

1.Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија

2.Решение за дополнување на решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Кралството Холандија

3.Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Кралството Шведска

4.Решение за забрана за увоз на риби и рибни производи заради заштита од внесување на вирусот на инфективна хематопоезна  некроза во Република Македонија по потекло од Република Косово 

 

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 43 од 08.03.2018 година, објавени се правни прописи во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:

1.Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

2. Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Швајцарија.

3. Решение за изменување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Кралството Холандија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 3 од 09.01.2018 година, е објавен правeн пропис во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство под следниот наслов:

Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Република Франција.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 193 од 27.12.2017 година, е објавен правeн пропис во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство под следниот наслов:

Решение за дополнување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Италија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 185 од 18.12.2017 година, објавени се:

1. Решение за дополнување на Решението за забрана за увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

2. Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Кралството Холандија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 173 од 30.11.2017 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Швајцарија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 171 од 28.11.2017 година, објавени се нови правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:

1. Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

2. Решение за дополнување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 165 од 16.11.2017 година, објавени се следните правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:

1. Решение за изменување на Решението за забрана на увоз и транзит на домашни и диви еквиди заради заштита од внесување на вирусот на Западно нилска треска во Република Македонија

2. Решение за дополнување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Италија.

3. Решение за дополнување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

 

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 159 од 08.11.2017 година, објавени се:

1.Решение за изменување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

 2.Решение за изменување на Решението за забрана за увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Кралството Шведска.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 157 од 06.11.2017 година, објавен е правниот пропис:

“Решение за престанок на важење на Решението за проверка на документи, преглед на идентитет и физички преглед на пратката, вклучително и лабораториски анализи при увоз на добиточна храна и други производи за исхрана на животните чии производи се користат во исхраната на луѓе по потекло од Народна Република Кина.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 155 од 02.11.2017 година, објавени се следните правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:

1. Решение за дополнување на Решението за забрана за увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Италија.

2. Решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 145 од 12.10.2017 година, објавени се:

1. Решение за изменување на Решението за забрана на увоз и транзит на домашни и диви еквиди заради заштита од внесување на вирусот на Западно нилска треска во Република Македонија.

2. Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Кралството Шпанија.

3. Решение за дополнување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Италија.

4. Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Кралството Белгија.

5. Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Словачка.

6. Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Чешка.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 138 од 02.10.2017 година, објавени се:

1. Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Кралството Шведска.

2. Решение за изменување на Решението за преземање на безбедносни мерки при увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи, свинско месо, производи и подготовки од свинско месо, други производи кои содржат свинско месо, како и нуспроизводи од свињи заради заштита од внесување на вирусот на Африканска свинска чума во Република Македонија.

 

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 135 од 26.09.2017 година, објавено е  ,,Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Германија,,.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 130 од 18.09.2017 година, објавени се следните правни прописи:

1. Решение за изменување на Решението за забрана на увоз и транзит на домашни и диви еквиди заради заштита од внесување на вирусот на Западно Нилска треска во Република Македонија.

2. Решение за дополнување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Италија.

 

Во пресрет на локалните избори, Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 12.09.2017 година ги донесе следниве акти:

-Упатство за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државната управа и управните организации за време на изборниот процес.

-Упатство за забрана за користење движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборен процес.

 

Што е Авијарна Инфлуенца (Птичји грип)


Авијарната инфлуенца (АИ), е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ од фамилијата Orthomyxiviridae, која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија, во производството на птици (кокошки, мисирки, потполошки, бисерки, итн) и ограничувања во увозот и извозот живи птици и производи од живина. Кај домашната живина, птици кои се држат како миленичиња и диви птици, болеста предизвикува висока стапка на смртност.
Постојат многу видови на вируси на Авијарна Инфлуенца кои генерално може да се поделат во две категории:
- ниско патогена Авијарна Инфлуенца (LPAI) која обично се манифестира со малку или без клинички промени кај птиците и
- високо патогена Авијарна Инфлуенца (HPAI) која предизвикува сериозни клинички промени и/или висока смртност кај птиците.
Загриженоста во однос на болеста е подигната поради степенот на вирулентност не само кај живината, туку и во дивите птици, но и способноста да се заразат цицачи. Додека вирусите на АИ се генерално високо видови специфични вируси, од високо патогениот Х5Н1 АИ вирус, може да бидат заразени и луѓето. Вирусот исто така е изолиран и кај цицачи вклучувајќи ги и луѓето, стаорци и глувци, ласици, свињи, мачки, тигри и кучиња.
Ниско патогените соеви на вирусот на АИ Х5Н1 постојат, но не предизвикуваат значителни клинички знаци кај птиците.
Авијарната Инфлуенца е болест наведена во листат на болести на Светската организација за здравје на животните (OIE) која задолжително се пријавува особено подтиповите, H5 и H7.

 

Каде се појавува болеста?
Авијарната Инфлуенца може да се појави во целиот свет и различни видови на вирусот се присутни во различни области на светот.
Од посебен интерес се епидемиите на високопатогени Х5Н1 АИ што се случуваа во југо-источна Азија кон крајот на 2003 година. Во текот на изминатите години, и други азиски земји објавија епидемии а во некои болеста сега се смета за ендемски присутна (секогаш присутна). Појава на високо патогена авијарна инфлуенца Х5Н1, исто така е пријавена во Африка и Европа. Последните жаришта на болеста на Европскиот континент се пријавени во текот на месец Ноември оваа година во Германија, Холандија и Велика Британија.

 

Како болеста се шири и пренесува?
Глобализацијата и меѓународната трговијата (легална и нелегална), саемите и пазарите на птици, начинот на држење на живината и присуството на вирусот кај дивите птици се неколку фактори кои придонесуваат за ширење и пренесување на Авијарната Инфлуенца.
Дивите птици нормално може да го носат вирусот на Авијарната Инфлуенца во нивниот респираторен или цревен тракт без да се разболуваат. Дивите птици историски се познати како резервоари за вируси на Авијарната Инфлуенца, главно од ниско патогени соеви затоа на глобално ниво се спроведуваат мерки за надзор, следење, појава и карактеристика на вируси на Авијарната Инфлуенца во дивите птици иако поголемото мнозинство на овие вируси не предизвикува болест.
Се уште не е позната точната улога на дивите птици во ширењето на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца Х5Н1. Генерално, постојат многу неизвесности за вклученоста на дивите птици, миграторните рути и пред сè, на можноста дека некои видови може да станат постојан резервоар на Х5Н1 вирус без да покажуваат клинички знаци на болеста.
Вирусот на Авијарна Инфлуенца може да се шири преку директен контакт со секрети од заразени птици, особено фекалии или преку контаминирана храна, вода, опрема и облека.
Освен тоа што е високо заразна за живината, вирусите на Авијарна Инфлуенца лесно се пренесува од одгледувалиште до одгледувалиште преку движење на домашните птици, луѓето (преку контаминирани чевли и облека), контаминирани возила, опрема, храна, кафези и други предмети.
Период на инкубација на болеста е 3 до 5 дена.
Високо патоген вирус може да преживее долг периоди во животната средина, особено на ниски температури. На пример, високо патогениот Х5Н1 вирус може да опстане во измет од птици најмалку 35 дена при ниска температура (4оC). На повисока температура (37оC), Х5Н1 вирусот во фекални примероци преживува шест дена.
Инфекции кај мачките и свињите се од посебен интерес бидејќи овие животни се подложни на инфекции на птичји и човечки вируси на инфлуенца што може да доведе до можност вирусот на Авијарна Инфлуенца Х5Н1 да се приспособи или мутира. Иако кај свињите и мачките во текот на изминатите три години се пријавени спорадични инфекција со високо патогениот Х5Н1 не постојат научни докази кои укажуваат дека овие видови на животни имаат важна улога во епидемиологијата на болест или дека претставуваат извор на вирусот на други видови.

 

Кој е ризикот по здравјето на луѓето поврзан со оваа болест?
Авијарната инфлуенца е зооноза (болест која првенствено се појавува кај животните - птиците но предизвикува болест и кај луѓето).
Соевите на вирусот на Авијарна инфлуенца се високо специфични за приемчивите видови но во ретки случаи можно е да се заразат и луѓето. Пренос на луѓето се случува кога постои близок контакт со заразени птици или во високо контаминирана средина.
Иако од Авијарна инфлуенца предизвикана од високо патоген сој на вирусот понекогаш може да се зарази човекот, ова болест не треба да се помеша/замени со сезонскиот грип кај луѓето (обично предизвикани од Х1 и Н3 вируси).
Поради големиот потенцијал за инфекција кај луѓето се препорачува луѓето кои работат со или кои се во контакт со живина за која постои сомневање дека е заразена со Авијарна инфлуенца, да носат облека за лична заштита која вклучува; маски за лице, заштитни очила, ракавици и чизми.
Веројатноста за вирусот на Авијарна инфлуенца Х5Н1 да се промени во форма која е многу заразна за луѓето која масовно и лесно ќе се шири од човек на човек е непознат. Сепак, оваа можност во комбинација со зголемување на отпорност на вирусот на Авијарна инфлуенца Х5Н1 во отсуство на соодветно лекување и недостаток на вакцинација ја прави оваа болест високо ризична за здравјето на луѓето.
Нема докази со кои се потврдува дека консумирањето на термички недоволно третирана живина или јајца можат да го пренесат вирусот на АИ на луѓето.

 

Кои се клиничките знаци на болеста?
Во блага форма, заболените животни може да покажат клиничка слика со знаци болеста како накострешени пердуви, намалено производството на јајца или благи симптоми на респираторниот систем.
Во тешка форма на болеста, вирусот влијае на респираторниот систем, но исто така предизвикува промени по повеќе органи и ткива што резултира со големи внатрешни крварења.
Кај птици заразени со високо патоген вирус на АИ (вклучувајќи Х5Н1) се запазуваат дел или сите од следните клинички знаци:
- тишина и екстремна депресија;
- ненадеен пад во производството на јајца, со несење на „меки“ јајца или јајца без лушпа;
- оток и конгестија на кикиритка и подбрадници кај живината;
- оток на кожата под очите;
- кашлање, кивање и нервниот симптоми;
- дијареја;
- хеморагии на скочниот зглоб;
- состојба на појава на зголемена смртност, која прогресира при што стапката на смртност се зголемува и може да биде и 100% во рок од 48 часа

 

Како се дијагностицира болеста?
Авијарната инфлуенца (АИ) може да се дијагностицира врз основа на клиничките знаци, епидемиолошки податоци и со лабораториска потврда на примероците кои се земени за анализа.

 

Мерки кои се спроведуваат за спречување на појава и контрола на болеста?
Од особена важност е постоењето на систем за рано пријавување и рано откривање на болеста но и спроведување на превентивни мерки како дел од ефективна стратегија за справување со Авијарна Инфлуенца надополнето со потенцијална спремност за одговор во случај на појава на жариште на болеста.
Мерките за надзор имаат за цел да се открие присуство на инфекција кај живината според OIE стандарди за надзор на авијарната инфлуенца. Дополнително програми за следење на појавата, ширењето и типизација на вирусите на Авијарната Инфлуенца утврдени кај дивите птици. Надзорот кај дивите птици опфаќа различни миграциски рути и особено собирни места каде птиците преселници од различни континенти се мешаат .
Од есенцијална важност е одгледувачите на живина и птици да одржуваат високо ниво на биосигурносни мерки на одгледувалиштето за да се спречи внесување на вирусот во самото одгледувалиште.

 

Биосигурносни мерки
Мерки кои се препорачуваат на ниво на фарма/одгледувалиште вклучуваат:
- живината да се држи по далеку од области кои се посетувани од диви птици;
- да се контролира пристапот на луѓе и внесувањето на опрема на одгледувалиштата на живина;
- од одгледувалиштата да се отстранат предмети кои може да привлечат диви птици;
- одржување на хигиена на имотот, објектите каде се држи живината и опремата;
- да не се внесува живина/птици со непознат здравствен статус во јатото/на одгледувалиштата;
- да се води евиденција за болни и угинати птици;
- соодветно да се отстранува ѓубрето и угинатата живина.

 

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРИЈАВИ СЕКОЈА ЗГОЛЕМЕНА СМРТНОСТ НА ОДГЛЕДУВАЛИШТАТА КАДЕ СЕ ОДГЛЕДУВА ЖИВИНА ДО ВЕТЕРИНАРНИТЕ ДРУШТВА И ОФИЦИЈАЛНИТЕ ВЕТЕРИНАРИ!

 

 

galerija-banner

 

 

ОН: "Можеме да градиме системи за храна кои ќе ја подобрат човековата исхрана"

Четврток, 07 Декември 2017 10:24

Повеќе од 200 експерти и професионалци од областа на исхраната, здравството, образованието, социјалната заштита и земјоделството се состануваат од вчера во Будимпешта. Тие имаат едно нешто заедничко: уверувањето дека локалните, националните, регионалните и глобалните системи за храна би можеле да придонесат многу повеќе за да го подобрат начинот на исхрана на луѓето.
Дводневниот Регионален симпозиум за одржливи системи за здрава исхрана (Regional Symposium on Sustainable Food Systems for Healthy Diets) е организиран од ФАО и Светската здравствена организација (СЗО), во соработка со УНИЦЕФ и Светската програма за храна (World Food Programme). Тој е четврт во серијата симпозиуми иницирани од ФАО кои се одржуваат низ целиот свет оваа есен - сите имаат за цел да го зголемат потенцијалот на системите за храна за да промовираат здрава исхрана.
На симпозиумот учествуваат владини претставници, парламентарци, претставници од академијата, приватниот сектор, невладини организации, професионални здруженија, земјоделци, кооперативи и граѓанското општество. Различните сектори се здружуваат за да помогнат да се унапредат поволните процеси на политиките, силно поттикнати од Втората меѓународна конференција за исхрана на ФАО и СЗО (Рим, 2014) и како дел од Декадата на дејствувања во поглед на исхраната на Обединетите нации 2016-2025 година. Различните форми на лоша исхранетост – заостанување во растот, слабеење, прекумерна тежина, дебелина, недостатоци на витамини и минерали - се присутни до одреден степен во сите земји од Европа и Централна Азија. Според податоците на ФАО / СЗО, повеќе од 55 проценти од возрасните во регионот имаат прекумерна телесна тежина или се дебели, а милиони луѓе страдаат од анемија и дефицит на јод, цинк, или витамин А и Д.

Повеќе...

Нов извештај на ФАО: Околу 14,3 милиони возрасни лица не добиваат доволно храна, во пораст е неправилната исхрана

Четврток, 07 Декември 2017 10:09
Земјите во Европа и Централна Азија бележат напредок во намалувањето на преваленцијата на недоволна исхранетост, но околу 14,3 милиони жени и мажи во регионот сè уште не добиваат храна што им е потребна, а неправилната исхрана е во пораст, се истакнува во извештајот на Организацијата на храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) објавен на 4.12.2017 година. Извештајот The State of Food Security and Nutrition in Europe and Central Asia 2017 (“Состојба со обезбедување доволно храна и исхрана во Европа и Централна Азија 2017”) анализира голем број индикатори за обезбедување на доволно храна за сите, како и за исхраната, со цел процена на напредокот на земјите кон постигнување на целта број 2 за одржлив развој (Sustainable Development Goal 2) -  Искоренување на гладот, доволно храна за сите, подобра исхрана и промовирање на одржливо земјоделство - до 2030 година. Извештајот ја оценува енергетската вредност во исхраната, индикаторите за исхрана, како што се заостанувања и губење на телесната тежина, анемија, прекумерна тежина и дебелина, како и промени во начините на исхрана и нивното влијание врз различните групи на население.

Повеќе...

Објавен јавен повик за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните

Понеделник, 27 Ноември 2017 08:47


ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 /2017

за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните

Врз основа на член 40 став (8) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16) Агенцијата за храна и ветеринарство објавува јавен повик за покажување на интерес за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните.

Повеќе...

Годишен извештај за активностите на ЕФСА во однос на ризици кои се појавуваат во 2016 година

Четврток, 23 Ноември 2017 16:38

Европската агенција за безбедност на храна неодамна го објави годишниот извештај за активностите кои ги има спроведено во 2016 година во однос на ризиците кои се појавуваат, и истиот е достапен на следниот линк
http://onlinelibrary.wiley.com/doi/10.2903/sp.efsa.2017.EN-1336/epdf
Главни цели на активностите кои ги спроведува ЕФСА во однос на ризиците кои се појавуваат се:
(i) Спроведување активности со цел да се идентификуваат ризиците во областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравсствената заштита на животните и растенијата; и
(ii) Развивање и подобрување на методологиите и пристаапот за идентификација на ризиците.
Во извештајот се презентирани активностите на сите групи кои се вклучени во постапката за идентификација на ризици, проблемите со кои се соочиле во текот на 2016 година, опис на методологиите кои се развиле и активностите кои биле спроведени.

Во тек е третиот циклус обуки на децата од градинките за храната и исхраната

Понеделник, 20 Ноември 2017 09:54

Со цел унапредување на здравјето и подигнување на свеста на најмладата група граѓани – децата за прашања поврзани со безбедноста на храната и исхраната и реализирање на правото на едукација кое го имаат граѓаните на нашата држава, вклучително и децата, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви и почна со реализација на Програмата за едукација на децата од предучилишна возраст во Република Македонија. Почнувајќи од 13 Ноември, повеќе од 300 дечиња од големите групи од градинките во општина Аеродром, помина низ дел од третиот циклус едукативни работилници за храната и исхраната.

Повеќе...

Директорот Атанасов се обрати на свечената академија по повод 90 годинишнината од основањето на првата ветеринарна научна институција во Македонија

Четврток, 16 Ноември 2017 11:59

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, вчера, се обрати на свечената академија која се одржа во рамки на одбележувањето на јубилејот „90 години ветеринарна наука и едукација во Македонија” на Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје. Одбележувањето на јубилејот е по повод основањето на првата ветеринарна научна и едукативна институција во Македонија, Ветеринарно одделение во рамки на Хигиенскиот завод во Скопје основан 1927 година, од кој подоцна настанува Ветеринарниот институт кој, пак, од 2004 година работи во рамки на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. 

Во име на досегашната долгогодишна соработка на Агенцијата за храна и ветеринарство со оваа научна институција и посебниот интерес за унапредување на ветеринарството, Проф. Д-р Лазо Пендовски, декан на Факултетот за ветеринарна медицина, како знак на благодарност во унапредувањето на работата на Факултетот му додели плаката на директорот Атанасов.

Повеќе...

Реализиран е првиот извоз на производи од риба на европскиот пазар

Петок, 10 Ноември 2017 16:45

Реализиран е првиот извоз на производи од риба на пазарот на соседна Грција, по ставањето на Република Македонија на листата земји чии објекти се одобрени за извоз на ваков тип производи на пазарот во Европската унија во септември годинава. Компанијата “Метро”од Скопје, која денес ја посети директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, деновиве го реализира првиот извоз на производи од риба на пазарот во соседна Грција, по добивањето на одобрението од страна на Европската комисија. Отворањето на европскиот пазар, како што истакна директорот Атанасов на средбата со менаџерскиот тим на компанијата, отвора нови перспективи за развој на компаниите од рибниот сектор во Република Македонија, но, пред се, за интензивирање на домашното производство на риба за што како земја имаме солиден потенцијал за развој.

Повеќе...

Страница 32 од 42

  • Почеток
  • Пред
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30
  • 31
  • 32
  • 33
  • 34
  • 35
  • 36
  • Следно
  • Крај

od-niva-do-trpeza-video

е-Билтен за Потрошувачи

Микрочипирање Миленици

Отчетност за трошењата

Одобрување на превозници на животни

Овластени правни лица за обуки за безбедност на храната 

opm2

AvInf

 BANER MK

BANER AL

opm2

anketa-korisnici-ahv

vodic-mk

vodic-al

INAP

rasff-banner

dcs-banner

gmplat

macefdrr

qualily-austria

arhiva.fva.gov.mkFood and Veterinary Agency, 2013 ©