• Македонски (MK)
  • Почетна
  • Храна
    • Општи барања за храна
      • Означување на храната
      • Нутритивни и здравствени тврдења
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети тврдења
        • Постапка за одобрување
      • Адитиви во производство на храна
        • Легислатива
        • Одобрени адитиви
        • Постапка за авторизација
      • НАССР
      • Материјали што доаѓаат во контакт со храната
        • Легислатива
        • Одобрени материјали
        • Изјава на усогласеност
        • Постапка за одобрување
      • Алиментарни заболувања
      • Микробиолошки критериуми
      • Лаборатории
      • Храна добиена со иновирани технологии
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети производи
        • Постапка за одобрување
      • Храна третирана со јонизирачко зрачење
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети производи
        • Постапка за одобрување
    • Безбедност на храна од неживотинско потекло
      • Додатоци во исхраната
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети состојки
        • Постапка за одобрување
      • Храна за посебна нутритивна употреба
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети состојки
        • Постапка за одобрување
      • Збогатена храна
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети состојки
        • Постапка за одобрување
      • ГМО храна
        • Легислатива
        • Одобрени/забранети ГМО
        • Постапка за одобрување
      • Минерална вода
        • Легислатива
        • Одобрени минерални води
        • Постапка за одобрување
      • Програма за безбедност на храната во РМ
    • Безбедност на храна од животинско потекло
      • Одобрување на објекти
        • Регистар на Одобрени објекти
      • Регистрирање на објекти
        • Регистар на Регистрирани објекти
      • Преструктуирање на објекти и оператори со храна
      • Бришење на регистрирани и одобрени објекти
      • Мониторинг програми
        • Резидуи и контаминенти
      • Контрола на трихинелоза
      • TSE/BSE
      • Упатства
      • Извоз во Руска Федерација
    • Квалитет на храна
      • Означување на храната
      • Млеко и млечни производи
      • Месо и производи од месо
      • Други производи
      • Упатства и процедури
  • Ветеринарство
    • Здравствена заштита на животни
      • Болести кај копнени животни
      • Болести кај аквакултура
      • Болести кај диви животни
      • Пријавување на болести
      • Внатрешен промет
        • Сертификати
        • Одобрени собирни центри
        • Одобрени трговци
        • Одобрени превозници
      • Лаборатории
      • Планови за итни мерки
      • Статистички податоци
    • Идентификација и регистрација
      • Систем за И&Р
      • Упатства за учесниците во системот
      • Извештаи
      • Статистички податоци
      • Регистар на учесници во системот
        • Овластени ветеринарни друштва
        • Добиточни пазари
        • Кланици
        • Овластени добавувачи на средства за идентификација
    • Благосостојба на животни
      • Фармски животни
        • Говеда
        • Свињи
        • Кокошки несилки
        • Бројлери
        • Овци и кози
        • Други фармски животни
        • Обука
      • Домашни миленици
        • Регистрирани кучиња
        • Нерегистрирани кучиња и кучиња скитници
        • Опасни кучиња
        • Прифатилишта
      • Експериментални животни
        • Одобрување и регистар на субјекти
        • Одобрување и регистар на проекти
        • Обука
        • Мислења на Комисијата за благосостојба
      • Други животни
      • Зоолошки градини
      • Превоз на животни
        • Одобрување и регистар на превозници
        • Одобрение за превозни срeдства
        • Регистар и сертификат за компетентност
        • Регистар и сертификат за возачи и надзоници на патување
      • Благосостојба за време на колење
    • Ветеринарни служби
      • Регистар на ветеринарни друштва
    • Ветеринарно медицински препарати
      • Упатства и процедури
      • Одобрување на ВМП
      • Фармаколошка внимателност
      • MRLs
      • Антимикробна резистентност
    • Контрола на салмонела
  • Храна за животни
    • Безбедност
    • Одобрување на објекти
      • Регистар на Одобрени објекти
    • Означување
    • Регистрирање на објекти
      • Регистар на Регистрирани објекти
    • Адитиви
    • Непожелни супстанции
    • Медицирана храна за животни
    • Методи за земање на мостри и анализа
  • НПЖП
    • Нуспроизводи
      • Категоризација
      • Собирање, транспорт, складирање
      • Преработка
      • Нештетно отстранување
      • Упатства за имплементација
      • Процедури
      • Одобрување на објекти
        • Регистар на Одобрени објекти
      • Регистрирање на објекти
        • Регистар на Регистрирани објекти
  • Меѓународна трговија
    • Објекти одобрени за увоз
    • Транзит
    • Забрани
    • RASFF
    • Домашни миленици
    • EXIM Упатства
    • Личен багаж
  • Меѓународна соработка
    • TAIEX
      • Најава на настани
      • Изминати настани
    • BTSF
    • EFSA
    • Други донатори
    • ИПА
      • Што е ИПА
      • ИПА Проекти во АХВ

arhiva.fva.gov.mk

  • За нас
    • Директор
    • АХВ
    • Заменик директор
    • Организациона шема
    • Годишни извештаи
    • Стратегија
    • Обуки
    • Аудит
      • Внатрешен аудит и контрола
      • Систем за внатрешен аудит
    • Прекршочна комисија
  • Прописи
  • Јавни набавки
  • Заштита на потрошувачите
    • Политики за заштита во РМ
    • Совети за потрошувачите
    • е-Билтен за потрошувачите
    • Публикации
  • Информации од јавен карактер
  • Публикации
  • Обрасци
  • Регистри
    • Храна од животинско потекло
    • Примарно производство
    • Храна за животни
    • НПЖП
    • Ветеринарно медицински преп.
    • Неживотинско потекло
    • Аквакултура
    • Лабаратории
  • Линкови
  • Видео изјави
  • Контакти
  • Најава на Настани

Соопштенија

Листи за пропишани пратки кои подлежат и кои не подлежат на преглед од страна на официјален ветеринар на граничен премин:

1.Листа на животни, производи и нус производи од животинско потекло кои при увоз и транзит подлежат на проверка 

2. Листа на производи од животинско потекло  кои не подлежат на инспекција при увоз и транзит

 

 

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 189 од 15.10.2018 година, објавено е  Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Соединетите Американски Држави.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 181 од 28.09.2018 година, се објавено е:

1. Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 177 од 21.09.2018 година, објавени се:


1.Решение за изменување на решението за преземање на безбедносни мерки при увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи, свинско месо, производи и подготовки од свинско месо, други производи кои содржат свинско месо, како и нуспроизводи од свињи заради заштита од внесување на вирусот на Африканска свинска чума во Република Македонија.

2.Решение за изменување на решението за забрана на увоз и транзит на домашни и диви еквиди заради заштита од внесување на вирусот на Западно нилска треска во Република Македонија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 174 од 18.09.2018 година, објавени се правните прописи:

1. Решение за престанок на важење на решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Кралството Шведска.

2. Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Кралството Белгија.

 

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 144 од 03.08.2018 година, се објавени следниве правни прописи:

1.Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Кралството Холандија. 

2.Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болст во Република Македонија по потекло од Република Франција.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 124 од 05.07.2018 година, се објавени следниве правни прописи:

1.Правилник за условите за одобрување на ветеринарна амбуланта, ветеринарна клиника, ветеринарна болница и ветеринарна служба на одгледувалиште.

2.Решение за забрана на увоз и транзит на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на чума кај мали преживари во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

3.Решение за изменување на Решението за преземање на безбедносни мерки при увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи, свинско месо, производи и подготовки од свинско месо, други производи кои содржат свинско месо, како и нуспроизводи од свињи заради заштита од внесување на вирусот на Африканска свинска чума во Република Македонија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 58 од 2018 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот  на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Германија. 

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 47,53,54 и 57 од 2018 година, објавени се правни прописи во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:

1.Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија

2.Решение за дополнување на решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Кралството Холандија

3.Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Кралството Шведска

4.Решение за забрана за увоз на риби и рибни производи заради заштита од внесување на вирусот на инфективна хематопоезна  некроза во Република Македонија по потекло од Република Косово 

 

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 43 од 08.03.2018 година, објавени се правни прописи во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:

1.Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

2. Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Швајцарија.

3. Решение за изменување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Кралството Холандија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 3 од 09.01.2018 година, е објавен правeн пропис во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство под следниот наслов:

Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Република Франција.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 193 од 27.12.2017 година, е објавен правeн пропис во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство под следниот наслов:

Решение за дополнување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Италија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 185 од 18.12.2017 година, објавени се:

1. Решение за дополнување на Решението за забрана за увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

2. Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Кралството Холандија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 173 од 30.11.2017 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Швајцарија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 171 од 28.11.2017 година, објавени се нови правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:

1. Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

2. Решение за дополнување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 165 од 16.11.2017 година, објавени се следните правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:

1. Решение за изменување на Решението за забрана на увоз и транзит на домашни и диви еквиди заради заштита од внесување на вирусот на Западно нилска треска во Република Македонија

2. Решение за дополнување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Италија.

3. Решение за дополнување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

 

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 159 од 08.11.2017 година, објавени се:

1.Решение за изменување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

 2.Решение за изменување на Решението за забрана за увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Кралството Шведска.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 157 од 06.11.2017 година, објавен е правниот пропис:

“Решение за престанок на важење на Решението за проверка на документи, преглед на идентитет и физички преглед на пратката, вклучително и лабораториски анализи при увоз на добиточна храна и други производи за исхрана на животните чии производи се користат во исхраната на луѓе по потекло од Народна Република Кина.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 155 од 02.11.2017 година, објавени се следните правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:

1. Решение за дополнување на Решението за забрана за увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Италија.

2. Решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 145 од 12.10.2017 година, објавени се:

1. Решение за изменување на Решението за забрана на увоз и транзит на домашни и диви еквиди заради заштита од внесување на вирусот на Западно нилска треска во Република Македонија.

2. Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Кралството Шпанија.

3. Решение за дополнување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Италија.

4. Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Кралството Белгија.

5. Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Словачка.

6. Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Чешка.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 138 од 02.10.2017 година, објавени се:

1. Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Кралството Шведска.

2. Решение за изменување на Решението за преземање на безбедносни мерки при увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи, свинско месо, производи и подготовки од свинско месо, други производи кои содржат свинско месо, како и нуспроизводи од свињи заради заштита од внесување на вирусот на Африканска свинска чума во Република Македонија.

 

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 135 од 26.09.2017 година, објавено е  ,,Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Германија,,.

 

Во „Службен весник на РМ“ бр. 130 од 18.09.2017 година, објавени се следните правни прописи:

1. Решение за изменување на Решението за забрана на увоз и транзит на домашни и диви еквиди заради заштита од внесување на вирусот на Западно Нилска треска во Република Македонија.

2. Решение за дополнување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Италија.

 

Во пресрет на локалните избори, Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 12.09.2017 година ги донесе следниве акти:

-Упатство за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државната управа и управните организации за време на изборниот процес.

-Упатство за забрана за користење движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборен процес.

 

Што е Авијарна Инфлуенца (Птичји грип)


Авијарната инфлуенца (АИ), е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ од фамилијата Orthomyxiviridae, која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија, во производството на птици (кокошки, мисирки, потполошки, бисерки, итн) и ограничувања во увозот и извозот живи птици и производи од живина. Кај домашната живина, птици кои се држат како миленичиња и диви птици, болеста предизвикува висока стапка на смртност.
Постојат многу видови на вируси на Авијарна Инфлуенца кои генерално може да се поделат во две категории:
- ниско патогена Авијарна Инфлуенца (LPAI) која обично се манифестира со малку или без клинички промени кај птиците и
- високо патогена Авијарна Инфлуенца (HPAI) која предизвикува сериозни клинички промени и/или висока смртност кај птиците.
Загриженоста во однос на болеста е подигната поради степенот на вирулентност не само кај живината, туку и во дивите птици, но и способноста да се заразат цицачи. Додека вирусите на АИ се генерално високо видови специфични вируси, од високо патогениот Х5Н1 АИ вирус, може да бидат заразени и луѓето. Вирусот исто така е изолиран и кај цицачи вклучувајќи ги и луѓето, стаорци и глувци, ласици, свињи, мачки, тигри и кучиња.
Ниско патогените соеви на вирусот на АИ Х5Н1 постојат, но не предизвикуваат значителни клинички знаци кај птиците.
Авијарната Инфлуенца е болест наведена во листат на болести на Светската организација за здравје на животните (OIE) која задолжително се пријавува особено подтиповите, H5 и H7.

 

Каде се појавува болеста?
Авијарната Инфлуенца може да се појави во целиот свет и различни видови на вирусот се присутни во различни области на светот.
Од посебен интерес се епидемиите на високопатогени Х5Н1 АИ што се случуваа во југо-источна Азија кон крајот на 2003 година. Во текот на изминатите години, и други азиски земји објавија епидемии а во некои болеста сега се смета за ендемски присутна (секогаш присутна). Појава на високо патогена авијарна инфлуенца Х5Н1, исто така е пријавена во Африка и Европа. Последните жаришта на болеста на Европскиот континент се пријавени во текот на месец Ноември оваа година во Германија, Холандија и Велика Британија.

 

Како болеста се шири и пренесува?
Глобализацијата и меѓународната трговијата (легална и нелегална), саемите и пазарите на птици, начинот на држење на живината и присуството на вирусот кај дивите птици се неколку фактори кои придонесуваат за ширење и пренесување на Авијарната Инфлуенца.
Дивите птици нормално може да го носат вирусот на Авијарната Инфлуенца во нивниот респираторен или цревен тракт без да се разболуваат. Дивите птици историски се познати како резервоари за вируси на Авијарната Инфлуенца, главно од ниско патогени соеви затоа на глобално ниво се спроведуваат мерки за надзор, следење, појава и карактеристика на вируси на Авијарната Инфлуенца во дивите птици иако поголемото мнозинство на овие вируси не предизвикува болест.
Се уште не е позната точната улога на дивите птици во ширењето на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца Х5Н1. Генерално, постојат многу неизвесности за вклученоста на дивите птици, миграторните рути и пред сè, на можноста дека некои видови може да станат постојан резервоар на Х5Н1 вирус без да покажуваат клинички знаци на болеста.
Вирусот на Авијарна Инфлуенца може да се шири преку директен контакт со секрети од заразени птици, особено фекалии или преку контаминирана храна, вода, опрема и облека.
Освен тоа што е високо заразна за живината, вирусите на Авијарна Инфлуенца лесно се пренесува од одгледувалиште до одгледувалиште преку движење на домашните птици, луѓето (преку контаминирани чевли и облека), контаминирани возила, опрема, храна, кафези и други предмети.
Период на инкубација на болеста е 3 до 5 дена.
Високо патоген вирус може да преживее долг периоди во животната средина, особено на ниски температури. На пример, високо патогениот Х5Н1 вирус може да опстане во измет од птици најмалку 35 дена при ниска температура (4оC). На повисока температура (37оC), Х5Н1 вирусот во фекални примероци преживува шест дена.
Инфекции кај мачките и свињите се од посебен интерес бидејќи овие животни се подложни на инфекции на птичји и човечки вируси на инфлуенца што може да доведе до можност вирусот на Авијарна Инфлуенца Х5Н1 да се приспособи или мутира. Иако кај свињите и мачките во текот на изминатите три години се пријавени спорадични инфекција со високо патогениот Х5Н1 не постојат научни докази кои укажуваат дека овие видови на животни имаат важна улога во епидемиологијата на болест или дека претставуваат извор на вирусот на други видови.

 

Кој е ризикот по здравјето на луѓето поврзан со оваа болест?
Авијарната инфлуенца е зооноза (болест која првенствено се појавува кај животните - птиците но предизвикува болест и кај луѓето).
Соевите на вирусот на Авијарна инфлуенца се високо специфични за приемчивите видови но во ретки случаи можно е да се заразат и луѓето. Пренос на луѓето се случува кога постои близок контакт со заразени птици или во високо контаминирана средина.
Иако од Авијарна инфлуенца предизвикана од високо патоген сој на вирусот понекогаш може да се зарази човекот, ова болест не треба да се помеша/замени со сезонскиот грип кај луѓето (обично предизвикани од Х1 и Н3 вируси).
Поради големиот потенцијал за инфекција кај луѓето се препорачува луѓето кои работат со или кои се во контакт со живина за која постои сомневање дека е заразена со Авијарна инфлуенца, да носат облека за лична заштита која вклучува; маски за лице, заштитни очила, ракавици и чизми.
Веројатноста за вирусот на Авијарна инфлуенца Х5Н1 да се промени во форма која е многу заразна за луѓето која масовно и лесно ќе се шири од човек на човек е непознат. Сепак, оваа можност во комбинација со зголемување на отпорност на вирусот на Авијарна инфлуенца Х5Н1 во отсуство на соодветно лекување и недостаток на вакцинација ја прави оваа болест високо ризична за здравјето на луѓето.
Нема докази со кои се потврдува дека консумирањето на термички недоволно третирана живина или јајца можат да го пренесат вирусот на АИ на луѓето.

 

Кои се клиничките знаци на болеста?
Во блага форма, заболените животни може да покажат клиничка слика со знаци болеста како накострешени пердуви, намалено производството на јајца или благи симптоми на респираторниот систем.
Во тешка форма на болеста, вирусот влијае на респираторниот систем, но исто така предизвикува промени по повеќе органи и ткива што резултира со големи внатрешни крварења.
Кај птици заразени со високо патоген вирус на АИ (вклучувајќи Х5Н1) се запазуваат дел или сите од следните клинички знаци:
- тишина и екстремна депресија;
- ненадеен пад во производството на јајца, со несење на „меки“ јајца или јајца без лушпа;
- оток и конгестија на кикиритка и подбрадници кај живината;
- оток на кожата под очите;
- кашлање, кивање и нервниот симптоми;
- дијареја;
- хеморагии на скочниот зглоб;
- состојба на појава на зголемена смртност, која прогресира при што стапката на смртност се зголемува и може да биде и 100% во рок од 48 часа

 

Како се дијагностицира болеста?
Авијарната инфлуенца (АИ) може да се дијагностицира врз основа на клиничките знаци, епидемиолошки податоци и со лабораториска потврда на примероците кои се земени за анализа.

 

Мерки кои се спроведуваат за спречување на појава и контрола на болеста?
Од особена важност е постоењето на систем за рано пријавување и рано откривање на болеста но и спроведување на превентивни мерки како дел од ефективна стратегија за справување со Авијарна Инфлуенца надополнето со потенцијална спремност за одговор во случај на појава на жариште на болеста.
Мерките за надзор имаат за цел да се открие присуство на инфекција кај живината според OIE стандарди за надзор на авијарната инфлуенца. Дополнително програми за следење на појавата, ширењето и типизација на вирусите на Авијарната Инфлуенца утврдени кај дивите птици. Надзорот кај дивите птици опфаќа различни миграциски рути и особено собирни места каде птиците преселници од различни континенти се мешаат .
Од есенцијална важност е одгледувачите на живина и птици да одржуваат високо ниво на биосигурносни мерки на одгледувалиштето за да се спречи внесување на вирусот во самото одгледувалиште.

 

Биосигурносни мерки
Мерки кои се препорачуваат на ниво на фарма/одгледувалиште вклучуваат:
- живината да се држи по далеку од области кои се посетувани од диви птици;
- да се контролира пристапот на луѓе и внесувањето на опрема на одгледувалиштата на живина;
- од одгледувалиштата да се отстранат предмети кои може да привлечат диви птици;
- одржување на хигиена на имотот, објектите каде се држи живината и опремата;
- да не се внесува живина/птици со непознат здравствен статус во јатото/на одгледувалиштата;
- да се води евиденција за болни и угинати птици;
- соодветно да се отстранува ѓубрето и угинатата живина.

 

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРИЈАВИ СЕКОЈА ЗГОЛЕМЕНА СМРТНОСТ НА ОДГЛЕДУВАЛИШТАТА КАДЕ СЕ ОДГЛЕДУВА ЖИВИНА ДО ВЕТЕРИНАРНИТЕ ДРУШТВА И ОФИЦИЈАЛНИТЕ ВЕТЕРИНАРИ!

 

 

galerija-banner

 

 

Регистрацијата и идентификацијата на кучињата дел од приоритетите на Стратегијата за благосостојба на животните

Среда, 28 Февруари 2018 17:02

Македонија не знае колку кучиња скитници има, ниту располага со точна бројка на миленици. Општините, во чија надлежност се уличните кучиња, допрва ќе учат како да ги пребројуваат и допрва ќе формираат прифатилишта или ќе склучуваат договори со шинтерски служби.Како што најави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов на денешниот брифинг со новинарите, почнуваат интензивни активности за решавање на овие два проблема, регистрирање на кучињата скитници, но и целосно идентификување на милениците со микрочипови. Со ова се очекува да се стави ред, особено во руралните средини.

-Од 12 до 16 март во соработка со Британското кралско здружение за заштита на животните од суровост, ќе се спроведе пребројување на бездомните кучиња во Општина Центар. Идејата е, локалните самоуправи да научат како да ги пребројуваат уличните кучиња и потоа, таквиот процес да го спроведуваат во нивни рамки, рече Атанасов.

Повеќе...

Нови перспективи за јонизирачкото зрачење на храната и во Република Македонија

Вторник, 27 Февруари 2018 15:59

“За прв пат оваа година Агенцијата за храна и ветеринарство ќе врши задолжителни испитувања на тоа дали и која храна  во Република Македонија е третирана со јонизирачко зрачење, како една од технологиите за продолжување на рокот на производите, која според законските прописи во Република Македонија задолжително треба да биде означено. Почнати се контролите за чаевите и зачините, од домашно производство и од увоз. Ова се дел од обврските кон Европската унија од Поглавјето 12, кои се однесуваат на прашањата дали во Република Македонија има капацитети за јонизирачко зрачење на храната и дали се вршат контроли од овој тип. Како институција, имаме можност да вршиме мерење и детекција на храната третирана со јонизирачки зраци, но, засега во нашата држава нема капацитети за ваков третман на производите” – рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов на денешниот состанок со претставници од Факултетот за електроника и информатички технологии – ФЕИТ и Институтот за нуклеарни науки „Винча“ од Белград, Република Србија.

Повеќе...

Презентирани европските искуства за новиот концепт за храна наменета за посебни категории потрошувачи

Среда, 28 Февруари 2018 15:42

Обезбедување и ефективно усогласување на Регулативата (ЕУ) бр. 609/2013 за храна наменета за доенчиња и мали деца, храна за специјални медицински цели и целосна замена на диетата (исхраната) за контрола на телесната тежина, во нов национален правилник, е цел на експертската мисија која со посредство на инструментот за претпристапна помош на Европската Комисија – TAIEX, се одржа за потребите на Секторот за храна од неживотинско потекло и членовите на Комисија за посебни видови храна при Агенцијата за храна и ветеринарство од 26 до 28 февруари. 

Повеќе...

ТАIEX работилница за регистрација и одобрување на објекти и оператори со храна за животни

Понеделник, 26 Февруари 2018 17:12

Презентација на законските барања и услови за регистрација и одобрување на објекти и оператори со храна за животни, со јасна дистинкција кој е предмет на процесот на регистрација, а кој на процес на одобрување, е темата на работилницата“Регистрација и одобрување на операторите со храна за животни”, која денес и утре во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и инструментот за претпристапна помош на Европската Комисија – TAIEX, се одржува во Скопје. На работилницата учествуваат претставници од Агенција од Секторот за ветеринарно јавно здравје, Секторот за инспекциски надзор и официјални ветеринари. 

На дводневната работилница ќе биде презентирана правната рамка за регистрација и одобрување на објекти за производство на животински нус производи кои се користат како храна за животни, како и законската рамка за производство, маркетинг и употреба на медицинирана храна за животни. Дел од обуката ќе биде посветен на примарното производство на храна за животни, вклучително и општите и посебните одредби за хигиена.

Повеќе...

Препораки за одгледувачите на животни при ниски температури и обилни врнежи од снег

Понеделник, 26 Февруари 2018 15:42

Повеќето видови животни релативно добро ги поднесуваат ниските температури но, при појава на ниски температури, особено екстремно ниски кои се проследени со силен ветер и високи врнежи и наноси на снег во предвид треба да се земат следните препораки:

1. Одгледувачите на животни за зимските месеци треба навремено да обезбедат вода и храна за животните во количини доволни за задоволување на потребите на сите животни на одгледувалиштето во траење од најмалку две недели, 

2. Храната треба да е со соодветна хранлива вредност и соодветна на видот и категоријата на животни кои се чуваат на одгледувалиштето,

3. На животните не треба да им се дава смрзната храна,

4. Препорачливо е да се зголеми вообичаената дневна дажба на храна за животни која им се дава на животните, а особено кај гравидните животни за да можат да ја одржуваат својата телесна температура,

Повеќе...

ЕФСА подготви извештај за болеста Чвореста кожа

Петок, 23 Февруари 2018 16:26

Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) преку својата мрежа на фокални точки проследи информација за објавен научен извештај: “Болест на чвореста кожа – II. Собирање податоци и анализа” изготвен од страна на експерти од ЕФСА.
Извештајот содржи ажурирани информации во однос на појавата на болеста на чвореста кожа и ефикасноста од вакцинацијата, како и анализа на ризичните фактори за нејзиното ширење во југо-источна Европа.
Информациите во извештајот се засноваат на податоците собрани од земјите кои беа засегнати со оваа болест како и оние земји кои беа под ризик за појава на болеста и како најважен фактор за изработка на овој извештај се наведува взаемната соработка и посветеност на сите земји кои без вклучени во процесот на собирање податоци.

Повеќе...

Повеќе да се инвестира во истражувања на безбедноста на храната

Петок, 23 Февруари 2018 16:20

Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) преку својата мрежа на фокални точки проследи информација за објавенa заедничка изјава на ЕФСА и Советодавниот форум на ЕФСА по повод одржувањето на првото Собрание за истражување на проценка на ризик.
Националните надлежни органи за безбедност на храна од сите 28 земји членки на Европската унија, Исланд и Норвешка повикуваат на повеќе инвестиции во областа на истражувачката дејност поврзана со безбедност на храната и се обрзувааат да дадат поддршка на истражувањата, меѓу другото, и преку партнерства за јакнење на капацитетите и обуки.
Подетални информации се содржани на следниот линк
https://www.efsa.europa.eu/en/press/news/180206

Страница 27 од 42

  • Почеток
  • Пред
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30
  • 31
  • Следно
  • Крај

od-niva-do-trpeza-video

е-Билтен за Потрошувачи

Микрочипирање Миленици

Отчетност за трошењата

Одобрување на превозници на животни

Овластени правни лица за обуки за безбедност на храната 

opm2

AvInf

 BANER MK

BANER AL

opm2

anketa-korisnici-ahv

vodic-mk

vodic-al

INAP

rasff-banner

dcs-banner

gmplat

macefdrr

qualily-austria

arhiva.fva.gov.mkFood and Veterinary Agency, 2013 ©