Соопштенија
Листи за пропишани пратки кои подлежат и кои не подлежат на преглед од страна на официјален ветеринар на граничен премин:
1.Листа на животни, производи и нус производи од животинско потекло кои при увоз и транзит подлежат на проверка
2. Листа на производи од животинско потекло кои не подлежат на инспекција при увоз и транзит
Во „Службен весник на РМ“ бр. 189 од 15.10.2018 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Соединетите Американски Држави.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 181 од 28.09.2018 година, се објавено е:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 177 од 21.09.2018 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 174 од 18.09.2018 година, објавени се правните прописи:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 144 од 03.08.2018 година, се објавени следниве правни прописи:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 124 од 05.07.2018 година, се објавени следниве правни прописи:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 58 од 2018 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Германија.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 47,53,54 и 57 од 2018 година, објавени се правни прописи во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
1.Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија
Во „Службен весник на РМ“ бр. 43 од 08.03.2018 година, објавени се правни прописи во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
1.Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Бугарија.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 3 од 09.01.2018 година, е објавен правeн пропис во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство под следниот наслов:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 193 од 27.12.2017 година, е објавен правeн пропис во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство под следниот наслов:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 185 од 18.12.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 173 од 30.11.2017 година, објавено е Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на Њукастелска болест во Република Македонија по потекло од Швајцарија.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 171 од 28.11.2017 година, објавени се нови правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 165 од 16.11.2017 година, објавени се следните правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 159 од 08.11.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 157 од 06.11.2017 година, објавен е правниот пропис:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 155 од 02.11.2017 година, објавени се следните правни прописи кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 145 од 12.10.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 138 од 02.10.2017 година, објавени се:
Во „Службен весник на РМ“ бр. 135 од 26.09.2017 година, објавено е ,,Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена Авијарна инфлуенца во Република Македонија по потекло од Република Германија,,.
Во „Службен весник на РМ“ бр. 130 од 18.09.2017 година, објавени се следните правни прописи:
Во пресрет на локалните избори, Владата на Република Македонија, на седницата одржана на 12.09.2017 година ги донесе следниве акти:
Што е Авијарна Инфлуенца (Птичји грип)
Авијарната инфлуенца (АИ), е болест предизвикана од вирусот на грип/инфлуенца тип „A“ од фамилијата Orthomyxiviridae, која може да предизвика големи загуби во живинарската индустрија, во производството на птици (кокошки, мисирки, потполошки, бисерки, итн) и ограничувања во увозот и извозот живи птици и производи од живина. Кај домашната живина, птици кои се држат како миленичиња и диви птици, болеста предизвикува висока стапка на смртност.
Постојат многу видови на вируси на Авијарна Инфлуенца кои генерално може да се поделат во две категории:
- ниско патогена Авијарна Инфлуенца (LPAI) која обично се манифестира со малку или без клинички промени кај птиците и
- високо патогена Авијарна Инфлуенца (HPAI) која предизвикува сериозни клинички промени и/или висока смртност кај птиците.
Загриженоста во однос на болеста е подигната поради степенот на вирулентност не само кај живината, туку и во дивите птици, но и способноста да се заразат цицачи. Додека вирусите на АИ се генерално високо видови специфични вируси, од високо патогениот Х5Н1 АИ вирус, може да бидат заразени и луѓето. Вирусот исто така е изолиран и кај цицачи вклучувајќи ги и луѓето, стаорци и глувци, ласици, свињи, мачки, тигри и кучиња.
Ниско патогените соеви на вирусот на АИ Х5Н1 постојат, но не предизвикуваат значителни клинички знаци кај птиците.
Авијарната Инфлуенца е болест наведена во листат на болести на Светската организација за здравје на животните (OIE) која задолжително се пријавува особено подтиповите, H5 и H7.
Каде се појавува болеста?
Авијарната Инфлуенца може да се појави во целиот свет и различни видови на вирусот се присутни во различни области на светот.
Од посебен интерес се епидемиите на високопатогени Х5Н1 АИ што се случуваа во југо-источна Азија кон крајот на 2003 година. Во текот на изминатите години, и други азиски земји објавија епидемии а во некои болеста сега се смета за ендемски присутна (секогаш присутна). Појава на високо патогена авијарна инфлуенца Х5Н1, исто така е пријавена во Африка и Европа. Последните жаришта на болеста на Европскиот континент се пријавени во текот на месец Ноември оваа година во Германија, Холандија и Велика Британија.
Како болеста се шири и пренесува?
Глобализацијата и меѓународната трговијата (легална и нелегална), саемите и пазарите на птици, начинот на држење на живината и присуството на вирусот кај дивите птици се неколку фактори кои придонесуваат за ширење и пренесување на Авијарната Инфлуенца.
Дивите птици нормално може да го носат вирусот на Авијарната Инфлуенца во нивниот респираторен или цревен тракт без да се разболуваат. Дивите птици историски се познати како резервоари за вируси на Авијарната Инфлуенца, главно од ниско патогени соеви затоа на глобално ниво се спроведуваат мерки за надзор, следење, појава и карактеристика на вируси на Авијарната Инфлуенца во дивите птици иако поголемото мнозинство на овие вируси не предизвикува болест.
Се уште не е позната точната улога на дивите птици во ширењето на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца Х5Н1. Генерално, постојат многу неизвесности за вклученоста на дивите птици, миграторните рути и пред сè, на можноста дека некои видови може да станат постојан резервоар на Х5Н1 вирус без да покажуваат клинички знаци на болеста.
Вирусот на Авијарна Инфлуенца може да се шири преку директен контакт со секрети од заразени птици, особено фекалии или преку контаминирана храна, вода, опрема и облека.
Освен тоа што е високо заразна за живината, вирусите на Авијарна Инфлуенца лесно се пренесува од одгледувалиште до одгледувалиште преку движење на домашните птици, луѓето (преку контаминирани чевли и облека), контаминирани возила, опрема, храна, кафези и други предмети.
Период на инкубација на болеста е 3 до 5 дена.
Високо патоген вирус може да преживее долг периоди во животната средина, особено на ниски температури. На пример, високо патогениот Х5Н1 вирус може да опстане во измет од птици најмалку 35 дена при ниска температура (4оC). На повисока температура (37оC), Х5Н1 вирусот во фекални примероци преживува шест дена.
Инфекции кај мачките и свињите се од посебен интерес бидејќи овие животни се подложни на инфекции на птичји и човечки вируси на инфлуенца што може да доведе до можност вирусот на Авијарна Инфлуенца Х5Н1 да се приспособи или мутира. Иако кај свињите и мачките во текот на изминатите три години се пријавени спорадични инфекција со високо патогениот Х5Н1 не постојат научни докази кои укажуваат дека овие видови на животни имаат важна улога во епидемиологијата на болест или дека претставуваат извор на вирусот на други видови.
Кој е ризикот по здравјето на луѓето поврзан со оваа болест?
Авијарната инфлуенца е зооноза (болест која првенствено се појавува кај животните - птиците но предизвикува болест и кај луѓето).
Соевите на вирусот на Авијарна инфлуенца се високо специфични за приемчивите видови но во ретки случаи можно е да се заразат и луѓето. Пренос на луѓето се случува кога постои близок контакт со заразени птици или во високо контаминирана средина.
Иако од Авијарна инфлуенца предизвикана од високо патоген сој на вирусот понекогаш може да се зарази човекот, ова болест не треба да се помеша/замени со сезонскиот грип кај луѓето (обично предизвикани од Х1 и Н3 вируси).
Поради големиот потенцијал за инфекција кај луѓето се препорачува луѓето кои работат со или кои се во контакт со живина за која постои сомневање дека е заразена со Авијарна инфлуенца, да носат облека за лична заштита која вклучува; маски за лице, заштитни очила, ракавици и чизми.
Веројатноста за вирусот на Авијарна инфлуенца Х5Н1 да се промени во форма која е многу заразна за луѓето која масовно и лесно ќе се шири од човек на човек е непознат. Сепак, оваа можност во комбинација со зголемување на отпорност на вирусот на Авијарна инфлуенца Х5Н1 во отсуство на соодветно лекување и недостаток на вакцинација ја прави оваа болест високо ризична за здравјето на луѓето.
Нема докази со кои се потврдува дека консумирањето на термички недоволно третирана живина или јајца можат да го пренесат вирусот на АИ на луѓето.
Кои се клиничките знаци на болеста?
Во блага форма, заболените животни може да покажат клиничка слика со знаци болеста како накострешени пердуви, намалено производството на јајца или благи симптоми на респираторниот систем.
Во тешка форма на болеста, вирусот влијае на респираторниот систем, но исто така предизвикува промени по повеќе органи и ткива што резултира со големи внатрешни крварења.
Кај птици заразени со високо патоген вирус на АИ (вклучувајќи Х5Н1) се запазуваат дел или сите од следните клинички знаци:
- тишина и екстремна депресија;
- ненадеен пад во производството на јајца, со несење на „меки“ јајца или јајца без лушпа;
- оток и конгестија на кикиритка и подбрадници кај живината;
- оток на кожата под очите;
- кашлање, кивање и нервниот симптоми;
- дијареја;
- хеморагии на скочниот зглоб;
- состојба на појава на зголемена смртност, која прогресира при што стапката на смртност се зголемува и може да биде и 100% во рок од 48 часа
Како се дијагностицира болеста?
Авијарната инфлуенца (АИ) може да се дијагностицира врз основа на клиничките знаци, епидемиолошки податоци и со лабораториска потврда на примероците кои се земени за анализа.
Мерки кои се спроведуваат за спречување на појава и контрола на болеста?
Од особена важност е постоењето на систем за рано пријавување и рано откривање на болеста но и спроведување на превентивни мерки како дел од ефективна стратегија за справување со Авијарна Инфлуенца надополнето со потенцијална спремност за одговор во случај на појава на жариште на болеста.
Мерките за надзор имаат за цел да се открие присуство на инфекција кај живината според OIE стандарди за надзор на авијарната инфлуенца. Дополнително програми за следење на појавата, ширењето и типизација на вирусите на Авијарната Инфлуенца утврдени кај дивите птици. Надзорот кај дивите птици опфаќа различни миграциски рути и особено собирни места каде птиците преселници од различни континенти се мешаат .
Од есенцијална важност е одгледувачите на живина и птици да одржуваат високо ниво на биосигурносни мерки на одгледувалиштето за да се спречи внесување на вирусот во самото одгледувалиште.
Биосигурносни мерки
Мерки кои се препорачуваат на ниво на фарма/одгледувалиште вклучуваат:
- живината да се држи по далеку од области кои се посетувани од диви птици;
- да се контролира пристапот на луѓе и внесувањето на опрема на одгледувалиштата на живина;
- од одгледувалиштата да се отстранат предмети кои може да привлечат диви птици;
- одржување на хигиена на имотот, објектите каде се држи живината и опремата;
- да не се внесува живина/птици со непознат здравствен статус во јатото/на одгледувалиштата;
- да се води евиденција за болни и угинати птици;
- соодветно да се отстранува ѓубрето и угинатата живина.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ ПРИЈАВИ СЕКОЈА ЗГОЛЕМЕНА СМРТНОСТ НА ОДГЛЕДУВАЛИШТАТА КАДЕ СЕ ОДГЛЕДУВА ЖИВИНА ДО ВЕТЕРИНАРНИТЕ ДРУШТВА И ОФИЦИЈАЛНИТЕ ВЕТЕРИНАРИ!
Објавен вториот број на е- билтенот на АХВ и ОПМ - Потрошувачите и храната
- Среда, 09 Мај 2018 19:56
Aгенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата на потрошувачи на Македонина го објавија вториот број на електронскиот билтен „Потрошувачите и храната“. Во второто издание на е- билтенот ќе може да прочитате се за означувањето на органската храна, важноста на јодот во исхраната, иднината на традиционалните сирења. Во овој број повеќе и за трендовите на детската дебелина во Република Македонија, за интересот на потрошувачите во Европа и кај нас како може да се хранат правилно и “поздраво”, што содржат прехранбените производи и уште многу други интерессни темни поврзани со потрошувачиуте, храната и исхраната.
Уништени небезбедните пирошки кои предизвикаа труење во Штип и Кочанско
- Четврток, 03 Мај 2018 14:33
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера доцна попладне извршија запленување и уништување на околу 300 килограми небезбедна храна (смеса за подготовка на пирошки, пирошки, јајца) затекнати при инспекциската контрола во објект кој не е одобрен и регистриран од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Спроведената истрага утврди дека небезбедните пирошки кои предизвикаа дополнителни труења со храна, по Штип и во Кочанско, се произведувале нелегално, во домашни услови, во објект кој се наоѓал непосредно над операторот со храна ДПТУ „ Гицов „ ДООЕЛ од Кочани кој на 25 април беше затворен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Рокот за поднесување барања за субвенции и за грло добиток ќе се продолжи до 12-ти јуни
- Среда, 02 Мај 2018 21:08
Рокот за поднесување на барањата за субвенции за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2018, наместо до 15-ти овој месец, ќе се продолжи до 12.06.2018 година. За таа цел Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во координација со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе извршат измени на Уредбата за директни плаќања 2018, која што треба да се донесе на седница на Влада, соопшти денес Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство.
Првично, пролонгирањето на рокот е по барање на сточарите и ветеринарните друштва кои се изјаснија дека нема да имаат време до првичниот рок 15-ти мај да ја ажурираат бројната состојба на животните во регистарот на Агенцијата за храна и ветеринарство, што пак претставува услов за поднесување на барања за субвенции говеда, овци и кози.
Бакетрии во пирошките причина за труењето со храна во Штип
- Среда, 02 Мај 2018 16:41
Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од лабораториските испитувања на земените мостри храна при извршениот инспекциски надзор од страна на Агенцијата и Државниот здравствен и санитарен инспекторат во објектот на компанијата ДПТУ „ Гицов „ ДООЕЛ Кочани, која подготвувала и доставила храна – пирошки во ресторанот во Штип каде пред десеттина дена беа затруени дваесеттина лица. Во земените мостри утврдено е присуство на бактеријата Salmonella Enteritidis и зголемен број бактерии на Enterobakteriacea, кои се сметаат за извор на заразата.
По извршената инспекциска контрола во објектот на компанијата ДПТУ „ Гицов „ ДООЕЛ Кочани, утврдено е дека истата не е регистрирана, односно дека е одјавена во Агенцијата за храна и ветеринарство како оператор со храна. Со контролата таму биле најдени стотина килограми претходно подготвени и замрзнати пирошки и смеса за нивна подготовка, која по налог на инспекторите ќе биде уништена.
Aтанасов за МИА: Инензивно се подготвува и извозот на свиско месо за ЕУ
- Петок, 27 Април 2018 10:25
Македонија интензивно работи на добивање дозвола за извоз на свежо свинско месо во ЕУ. Според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, за околу две години се очекува земјава да биде прогласена за слободна од свинска чума по што и ставена на листата за извоз.
– Почнаа активностите за проценка и зајакнување на биосигурноста на комерцијалните фарми за одгледување свињи. Првите резултати се солидни. Следува прекинување на вакцинацијата против класична свинска чума, а две години потоа и прогласување на Македонија како земја слободна од оваа болест со што практично ќе може нашето свежо свинско месо да се најде на пазарите низ светот, не само во ЕУ, вели директорот Атанасов за МИА.
Македонија скоро очекува дозвола за извоз и на пастрмка на ЕУ пазарот
- Вторник, 24 Април 2018 15:31
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, очекува за еден до два месеца Македонија да биде ставена на листата на ЕУ за извоз на пастрмка на европскиот пазар. Како што вели за Македонската информативна агенција - МИА, прашалникот е пополнет пред две недели, а барањето не било воопшто едноставно. Му претходеле тригодишни подготовки, воспоставување контрола и мониторинг на одредени болести кај рибите.
–Очекуваме за месец до два да бидеме ставени на листата, а потоа, преку зајакнување на биосигурносните мерки на рибниците, некои од нив и од одгледувалиштата да бидат одобрени за извоз, нагласува директорот.
Одржана третата работилница за биосигурност на свињарските фарми
- Вторник, 24 Април 2018 15:09
Претставници од комерцијалните одгледувалишта на свињи и официјални ветеринари вчера беа дел од работилницата „Програма за мониторинг и надзор на високо заразни болести кај свињите, биосигурносни мерки и категоризација на одгледувалишта на свињи“, која се одржа во Скопје како трета работилница во рамки на твининг проектот МК 12 IPA AG 01 2016 за јакнење на капацитетите во Агенцијата за храна и ветеринарство, во делот на здравствена заштита на животните. Д-р Марко Сенси, експерт за болести кај свињи и биосигурност во свињарството од Зоопрофилактичкиот институт од Италија и Билјана Стројмановска раководител на Одделението за планови за итни мерки при Агенцијата за храна и ветеринарство на учесниците на работилницата детално им го објаснија значењето на воведувањето на биосигурносните мерки на одгледувалиштата.