Нуспроизводи - Нештетно отстранување
- Вторник, 19 Ноември 2013 09:41
НЕШТЕТНО ОТСТРАНУВАЊЕ
Нештетното отстранување на нус производите од животинско потекло е наша обврска спрема заштитата на животната средина и зачувување на здравјето на луѓето и животните. Ваквите производи треба да се испратат до овластени објекти за нивна преработка или нештетно отстранување. Различните категории на материјали треба да се преработуваат во различни одобрени објекти.
Категорија 1 материјалите можат да се отстранат со:
- Горење/согорување
- Закопување во овластени депонии или горење/согорување со претходна преработка
- Кујнскиот отпад (помии) од меѓународниот транспорт со закопување во овластени депонии
Категорија 2 материјалите можат да се отстранат со:
- Горење/согорување
- Закопување во овластени депонии, горење/согорување, компостирање или трансформација во биогас со претходна преработка
- Одредени Категорија 2 материјали можат да се рециклираат без претходен третман како што е изметот од домашни животни, јајца за производство на биогас, ѓубрива, подобрувачи на почва или олеохемиски производи.
Категорија 3 материјалите можат да се отстранат со:
- Горење/согорување
- Закопување во овластени депонии и горење/согорување со претходна преработка
- Анаеробна дигестија
- Алкална хидролиза
- Компостирање и трансформација во биогас
- Одредени Категории 3 материјали може да се користат за производство на храна за домашни миленици или технички производи
Подзаконски акти:
- Правилник за начинот на собирање и нештетно отстранување на нус производите од животинско потекло и техничко-технолошките услови кои во поглед на објектот, опремата и кадарот треба да го исполнуваат правните лица кои вршат собирање и нештетно отстранување на нус производите од животинско потекло како и техничко-технолошките услови што треба да ги исполнуваат превозните средства за превоз на нус производите од животинско потекло ("Службен весник на РМ" 157/2009)
- Правилник за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 Материјали и Категорија 2 Материјали на нус производи од животинско потекло ("Службен весник на РМ" 73 /2010)
- Правилник за посебните услови во однос на објекти, техничка опременост, како и постапки и услови за вршење соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за категорија 3 материјали и посебните услови за преработени животински протеини и други производи кои можат да се користат како материјал за исхрана на животните ("Службен весник на РМ" 152/2009)
- Правилник за условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти за нуспроизводи од животинско потекло и посебните технички услови и постапки за преработка при ставање во промет и увоз на храна за домашни миленици и технички производи од нуспроизводи од животинско потекло
- Правилник за посебните технички услови за постапување и нештетно отстранување на специфичен ризичен материјал ("Службен весник на РМ" 113/2010)
- Правилник за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и условите за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат олехемиските објекти и објектите за производство на биогас и компост ("Службен весник на РМ" 110 /2010)
- Правилник за начинот и постапката за примена на исклучоците во однос на употребата на нус производите од животинско потекло ("Службен весник на РМ" 113 /2010)
- Правилник за поблиските услови и начинот на постапката за спроведување и примена на забраните за употреба на одредени нуспроизводи во исхрана на животните и одредени технички производи од нуспроизводи од животинско потекло ("Службен весник на РМ" 121/2010)