Нуспроизводи - собирање, транспорт и складирање
- Вторник, 19 Ноември 2013 09:38
СОБИРАЊЕ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
Согласно Законот за нус производи од животинско потекло собирањето, транспортот и складирањето на нус производите од животинско потекло треба да се изведува под соодветни услови, со кои се гарантира дека нема ризиците по јавното здравје и здравјето на животните.
Донесени се повеќе правила во однос на собирањето, транспортот и складирањето, условите за инфраструктурата, опремата и хигиената вклучувајќи ја и евиденцијата што гарантира дека нус производите од животинско потекло и нивните деривати се следат со цел да се избегнат моменталните или потенцијални ризици, условите за пласирање на пазарот, условите за увоз, транзит и извоз, условите во врска за безбеден извор, безбеден третман и безбеден краен корисник. Овие мерки се со општо поле на примена, прописите наложуваат и посебни услови за одредени нус производи од животинско потекло како што се специфичниот ризичен материјал и одредени деривати.
Со прописите за собирањето и транспортот на нус производите од животинско потекло се пропишуваат условите во однос на пакувањето, транспортните садови, декларирањето на материјалите, регистрацијата на транспортерите, формата, содржината и начинот на водење на евиденција, хигиената и т.н.
Со прописите за складирање се уредуваат градежно - техничките услови, санитарните услови, посебните услови во однос на објектите и техничката опременост, начинот на работа, потребната документација и т.н.
Подзаконски акти:
- Правилник за техничките услови и начинот на вршење на работите кои треба да ги исполнат објектите за собирање и складирање на нус-производи од животинско потекло ("Службен весник на РМ" 21/09)
- Правилник за начинот на собирање, превезување и идентификување на посебни категории на нус-производи од животинско потекло ("Службен весник на РМ" 21/09)
- Правилник за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит ("Службен весник на РМ" 94/12 и 25/13)
- Правилник за формата, содржината и начинот на водење на евиденција што ја водат правни и физички лица кои испраќаат, превезуваат и примаат нус производи од животинско потекло ("Службен весник на РМ" 152/2009)