Квалитет на храна од животинско потекло - Други производи
- Понеделник, 11 Ноември 2013 10:00
ЈАЈЦА
При означувањето на јајцата, операторите покрај одредбите од Правилникот за начинот на означувањето на храната треба да ги земат во предвид и одредбите од:
Правилникот за начинот на означување на јајцата наменети за пазар и јајцата наменети за инкубација, ознаките и употребата на ознаките.
Конзумните јајца се ставаат во промет единствено преку одобрен од страна на Агенцијата за храна, центар за класирање и пакување на јајца, соодветно означени.
По исклучок производители кои одгледуваат помалку од 50 несилки и ги продаваат јајцата од сопствено производство на зелените пазари или од местото на производство, можат да продаваат неозначени јајца. Во овој случај на местото на продажба треба јасно да се истакнати името и адресата на произведувачот.
Во одобрениот центар за класирање и пакување на јајца се врши постапка на класирање по свежина и тежина, обележување на секое поединечно јајце и пакување во амбалажа за понатамошна продажба.
Според квалитетот јајцата се класираат во класа А или “свежи јајца” и класа Б.
Јајцата од класата А се наменети за директна хумана исхрана и треба да се класирани, означени и пакувани не подоцна од десет дена од нивното снесување, додека јајцата со ознака “екстра“ се класираат, означуваат и пакуваат не подоцна од четири дена од нивното снесување.
Јајцата од класата Б се наменети само за прехранбена и непрехранбена индустрија.
МЕД
При означувањето на медот и другите производи од пчели, операторите покрај одредбите од Правилникот за начинот на означувањето на храната треба да ги земат во предвид и одредбите од:
Правилник за стандардите и начинот на одредување на квалитетот и начинот на пакување и означување на производите од пчели по однос на квалитетот со кој се пропишуваат стандардите и начинот на одредување на квалитетот и начинот на пакување и означување на производите од пчели по однос на квалитетот.