Квалитет на храна од животинско потекло - Месо
- Понеделник, 11 Ноември 2013 09:55
При означувањето на месото и производите од месо, операторите покрај одредбите од Правилникот за начинот на означувањето на храната треба да ги земат во предвид и одредбите од:
Правилникот за начинот и постапката на вршење на службените контроли на производите од животинско потекло наменети за исхрана на луѓето - сите трупови, половинки, четвртинки и парчиња добиени со сечење на половинките на три прачиња од животни погодни за исхрана на луѓето заклани и/или расечени во објекти одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство мораат да бидат означени со здравствен печат.
Здравствениот печат се става од страна на официјалниот ветеринар, или под негова одговорност кога со службените контроли не се откриени било какви недостатоци што го прават месото несообразно за исхрана на луѓето.
Правилникот за барањата во однос на квалитетот на мелено месо, подготовки од месо и производи од месоги пропишува барањата во однос на квалитет на меленото месо, подготовките од месо и производите од месо од животни иживина во однос на:
1) класификација, категоризација и називи;
2) физички,хемиски, физичко-хемиски и сензорни карактеристики и состав од аспект на квалитет;
3) физичко-хемиските и сензорните карактеристики и видот и количество на суровини, адитиви и други материи кои се употребуваат во производството и преработката од аспект на квалитет; и
4) посебни барања за пакување и означување во однос на квалитетот и потеклото
Правилникот за начинот на означување и декларирање на месото и производите од месо од животни од видовите говеда, овци, кози и свињисе применуваат на свежо или смрзнато месо, или на трупови, обезкостено месо, расечено месо или мелено месо кое се става во промет.
Ознаката треба да биде ставена или закачена на поединечни парчиња на месо или на материјалот за пакување. Во случаи кога месото не е завиткано, информацијата од ознаката треба во пишана форма да биде достапна за крајниот потрочувач на местото на продажба.
Согласно овој правилник неопходно е воспоставување на задолжителен систем на следливост за животните од видовите говеда, овци и свињи од фарма до калница, и задолжителен систем на следливост и означување на потеклото на животните од кланица до крајниот потрошувач.
Овој систем на означување се состои од два елементи, задолжителнен систем за означување и сопствен систем за означување на операторот со храна.