ТСЕ/БСЕ
- Понеделник, 02 Декември 2013 09:48
ТСЕ/БСЕ
Со Решение за определување на одредени нус производи од животинско потекло како специфичен ризичен материјал од аспект на трансмисивните спонгиоформни енцефалопатии (Службен весник на РМ бр 26/2010) следниве ткива или органи се определуваат како специфичен ризичен материјал од аспект на трансмисивните спонгиоформни енцефалопатии доколку се добиени од животни кои потекнуваат од Република Македонија или од земја или
регион со контролиран, односно неопределен Бовина спонгиоформна енцефалопатија (БСЕ) ризик, како и од Земји Членки на Европската Унија со незначителен БСЕ ризик:
1) од говеда:
а) черепот, исклучувајќи ја мандибулата и вклучувајќи ги мозокот и очите и 'рбетниот мозок, од животни постари од12 месеци;
б) ‘рбетот исклучувајќи ги опашните пршлени, спиналните и трансверзалните продолжетоци на вратните, градните и слабински пршлени, и медијалниот сакрален гребен и крилја на сакралната коска, вклучувајќи го дорзалниот спинален ганглион од животни постари од 30 месеци, и
в) тонзилите, цревата од дуоденум до ректум и мезентериумот од животни од сите старосни категории.
2) од овци и кози:
а) черепот вклучувајќи ги мозокот и очите, тонзилите и'рбетниот мозок од животни постари од 12 месеци или кои имаат трајни секачи, и
б) слезената и илеумот од животни од сите старосни категории.
Ткивата или органите определени како специфичен ризичен материјал систематски треба да се отстранат во кланиците при колење на животните, а со нив да се постапуваа соодветно прописите за нуспроизводи.
На задолжително мострирање на присуство на ТСЕ подлежат заклани говеда постари од 30 месеци и 10 % од закланите овци постари од 18 месеци.