Одобрување на ВМП
- Петок, 13 Декември 2013 09:52
Со примена на одредбите Правилникот за ПРАВИЛНИК за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на одобрение за ставање во промет на ветеринарно-медицински препарат, како и општите и посебните услови кои треба да ги исполни ветеринарно-медицинскиот препарат за ставање во промет (*) се:
• Пропишување на формата и содржината на образецот на барањето за издавање на одобрение за ставање во промет на ветеринарно-медицински препарат,
• општите и посебните услови кои треба да ги исполни ветеринарно-медицинскиот препарат за ставање во промет.
Со стапување на сила на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на одобрение за ставање во промет на ветеринарно медицински препарати, како и општите и посебните услови кои треба да ги исполни ветеринарно медицински препарат за ставање во промет (“Службен весник на Република Македонија” број 25/2013) и централизирање на постапката за одобрување на ветеринарно медицинските препарати на ниво на Агенцијата за храна и ветеринарство целата постапка за регистрација ке се одвива на принципот на едношалтерски систем преку Агенцијата за храна и ветеринарство која во рамките на своите надлежности ја координира процедурата за регистрација на ветеринарно медицинските препарати со сите надлежни институции вклучени во постапката.