нерегистрирани кучиња
- Среда, 11 Декември 2013 09:05
Општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, се надлежни да вршат собирање на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња и привремено да ги сместат во соодветни објекти – прифатилишта.
Прифатилиштата треба да бидат регистрирани од Агенцијата за храна и ветеринарство.
При работата, прифатилиштата треба да ги исполнуваат одредбите наведени во членовите 5, 6, 7, 25 и 26 од Законот за заштита и благосостојба на животните, како и одредбите наведени во правилникот за техничките услови за прифатилиштата, условите за чување на животните во прифатилиштата, постапките за еутаназијата, начинот на водење на евиденција и начинот на вршење надзор, формата и содржината на регистарот и начинот на регистрација, како и информациите потребни за регистрација.
Законот за заштита и благосостојба на животните може да го превземете тука
Правилникот за техничките услови за прифатилиштата може да го превземете тука