планови за итни мерки
- Четврток, 11 Септември 2014 13:03
Со Програмата за сузбивање и искоренување на особено опасни заразни болести кај животните се утврдени општете мерки и активности кои се применуваат во борбата против особено опасни заразни болести и тоа:
- Надлежностите, административната поставеност, ланецот на наредби и протокот на информации,
- Ресурсите(човечки, финансиски и материјални),
- Формирање на Националниот центар за контрола на болеста(НЦКБ),
- Формирање на Локалните центри за контрола на болеста(ЛЦКБ),
- Формирање на експертска група и
- Обука на персонал, подигање на јавната свест и запознавање со јавноста.
Болести кои подлежат на плановите за итни мерки:
1. Класична чума кај свињите
2. Африканска чума кај свињите
3. Авијарна инфлуенца
4. Син јазик
5. Лигавка и шап