болести кај аквакултурата
- Четврток, 11 Септември 2014 10:29
Болести кои се релевантни за акватичните животни во Р.Македонија се:
VHS, Вирусна хеморагична септикемија
IHN, Инфективна хематопоетска некроза
ISA, Инфективна салмонидна анемија
IPN, Инфективна некроза кај панкреас
BKD, Бактериска болест на бубрези
Gyrodactilosis
KHV, Кои херпес вирус
SVC, Пролетна виремија кај крап
Во согласност со член 9 од Законот за идентификација и регистрација на животните (Службен весник на РМ бр.95/12), Правилникот за начинот на регистрација, формата и содржината на образецот на барањето за регистрирање на одгледувалишта, формата и содржината на картата за идентификација на одгледувалиштето, начинот на пријавување и евидентирање на промените на одгледувалиштето и одгледувачот како и видовите на други животни (Службен весник на РМ бр. 24/13) и Правилникот за условите за ставање во промет на аквакултура, нејзината намена, како и начинот на вршење на официјални контроли при ставање во промет на аквакултура (Службен весник на РМ бр.85/13), секој одгледувач на фармски животни вклучително и риби и аквакултура потребно е да го регистрира своето одгледувалиште.
Одгледувачот на риби или аквакултура прво треба да склучи договор со ветеринарна амбуланта, клиника или болница согласно член 41-а од Законот за ветеринарно здравство (Службен весник на РМ бр. 113/07, 24/11, 136/11 и 123/12), а потоа за да изврши регистрација на своето одгледувалиште треба да поднесе до овластеното ветеринарно друштво со кое има склучено договор Барање за регистрација на одгледувалиштето.
Ветеринарното друштво постапувајки по барањето на одгледувачот на риби/аквакултура издава единствен регистерски број на одгледувалиштето (РБО) и карта за идентификација на одгледувалиштето