Постапка за одобрување
- Петок, 26 Октомври 2018 11:37
Храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии потребно е помине низ процедура за нејзино одобрување од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Одобрението за храна произведена со иновирани технологии се издава согласно Правилникот за начинот и постапката на издавање на одобрение, нејзиното времетраење, потребната документација и висината на трошоците во постапката за издавање на одобрение за ставање во промет на производот од групата на храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии („Службен весник на Република Македонија“ бр. 159/11).
Операторот со храна поднесува барање за одобрение за ставање во промет на производот од групата на храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии во писмена форма до архивата на Агенција за храна и ветеринарство.
Во прилог на барањето операторот ја доставува следната документација:
1. Резултати од лабораториски анализи за исполнување на барањата наведени во член 55 (1) од Законот за безбедност на храната;
2. Техничка документација на производниот процес;
3. Опис на историјата на организмот кој е употребен како извор на храна произведена со иновирани технологии, доколку е употребен нов организам;
4. Резултати на студии, кои се спроведени и секаков друг материјал кој е достапен, за да се покаже дека храната е во согласност со критериумите наведени во член 55, став (1) од Законот за безбедност на храната;
5. Оригинална амбалажа или идејно решение на амбалажата на производот;
6. Означување на производот на македонски јазик, согласно член 5 од Правилникот за посебните барања за безбедноста на храната произведена со иновирани технологии;
7. Означување на производот согласно Правилникот за начинот на означувањето на храната, доколку се работи за храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии кои се добиени од храна која може да предизвика алергија; и
8. Доказ за намирени трошоци (уплатница од 10 000,00 денари по производ), за постапката за издавање на одобрение.