ГМО храна - Постапка за одобрување
- Понеделник, 26 Август 2013 11:07
З А К О Н
ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА
(ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ)
Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година
Член 150
(Член 55 од Законот објавен во „Службен весник
на Република Македонија бр. 187/13“)
Се забранува производство, ставање во промет, увоз во Република Македонија на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО.
Агенцијата спроведува официјална контрола за утврдување на спроведувањето на забраната од ставот (1) на овој член.
Директорот на Агенцијата го пропишува начинот на вршењето на официјалната контрола на забраната за производство, ставање во промет, увоз во Република Македонија на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО, по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија.
Одредбите од ставовите (1), (2) и (3) на овој член ќе се применуваат до пристапувањето на Република Македонија во Европската унија.