ГМО храна - Легисплатива
- Понеделник, 26 Август 2013 11:03
Република Македонија има воспоставено правна рамка за регулирање на ГМО храната , со цел да се осигура дека развојот на модерната биотехнологија и нејзината употреба во производството на храна е безбедна по здравјето на луѓето.
Законот за генетски модифицирани организми и Законот за безбедност на храната ја уредуваат законската рамка за ГМО храната. Подеталните правила односно посебните барања за безбедност на ГМО храна, означувањето и барањата за следливост на прехранбените производи кои содржат ГМО храна или се составени од ГМО и барањата за следливост на храната произведена од ГМО се уредени во Правилникот за посебните барања за безбедност на храна која содржи или е произведена од генетски модифицирани организми.
Оваа правна рамка се стреми кон обезбедување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, заштита на животната средина и на интересите на потрошувачите.