Систем за внатрешен аудит
- Понеделник, 19 Март 2012 16:24
Систем за внатрешен аудит на официјални контроли
Внатрешниот аудит на официјалните контроли во Агенцијата за храна и ветеринарство се организира за да се обезбеди дека активностите и резултатите на Организационите единици во Агенцијата за храна и ветеринарство соодветствуваат со планираните цели.
Внатрешниот аудит на официјалните контроли се организира да се утврди дали Секторите и Одделенијата во Агенцијата за храна и ветеринарство (Организационите единици) работат во согласност и доследно ги применуваат пропишаните законски прописи, стандардни постапки, упатства, насоки, процедури итн.
Внатрешниот аудит на официјалните контроли во Агенцијата за храна и ветеринарство се спроведува на систематски базиран пристап врз принципите на независност и професионалност. Истиот се извршува на начин со кој ќе се обезбеди објективност и доверливост на наодите, пришто се воспоставени следните принципи:
• Етичко спроведување на внатрешниот аудит;
• Доверливост при прикажувањето и презентирањето на резултатите на внатрешниот аудит;
• Непристрасност и неутралност;
• Пристап базиран на докази;
Природата на процесот за внатрешен аудит на официјалните контроли во Агенцијата за храна и ветеринарство ќе биде базиран на 4 главни принципи:
1. Систематски пристап
2. Транспарентност
3. Независност и
4. Независен надзор на аудит процесот
Стратешки документи за Системот на внатрешен аудит на официјалните контроли во Агенцијата за храна и ветеринарство се:
1. Петтогодишен план 2012-2016 год. за внатрешен аудит на вршењето на официјалните контроли со цел да се обезбеди проверка на работењето во согласност со законодавството за безбедност на храната и добиточната храна, правилата за здравствената заштита на животните и благосостојбата на животните. Во овој стратешки документ јасно се предвидени Обемот на внатрешниот аудитот, Субјект врз кој се врши внатрешен аудит и периодот на извршување на внатрешен аудит;
2. Едногодишен план за 2012 година за Внатрешен аудит на официјалните контроли во Агенцијата за храна и ветеринарство. Овој стратешки документ го дополнува Петогодишниот план и во него, освен обемот и критериумите за внатрешен аудит јасно се дефинирани Субјектите (Организационите единици) во Агенцијата врз кој ќе се изврши внатрешен аудит како и месецот во годината кога ќе се изврши аудитот.
3. Програма за внатрешен аудит на официјални контроли бр.1/2012.
Во насока на обезбедување на униформно и квалитетно извршување на Внатрешниот аудит на официјалните контроли во Агенцијата за храна и ветеринарство, Оделението за внатрешна контрола ги подготви и донесе следните документи:
Внатрешниот аудит на официјалните контроли во Агенцијата за храна и ветеринарство се извршува од страна на државни службеници (внатрешни аудитори) вработени во Одделението за внатрешна контрола и 16 Овластени Државни службеници за извршување на внатрешен аудит и контрола. Контактите на аудиторите се во Регистaрот на аудитори во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Редовните обуки за Државни службеници за извршување на внатрешен аудит и споделувањето на "добрите практики" претставуваат еден од основните вредности на Системот за внатрешен аудит на официјалните контроли во Ахенцијата за храна и ветеринарство.