Организациона шема
- Петок, 29 Ноември 2013 11:51
АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО
III Македонска бригада број 20
1000 Скопје
Република Македонија
Тел: (02) 2 457 895
Фах: (02) 2 457 893
e- пошта:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
www.fva.gov.mk
Директор: Зоран Атанасов
Заменик директор: Фирус Мемед
Агенцијата за храна и ветеринарство е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице, кој со донесување на Законот за безбедност на храната (“Службен весник на Република Македонија“ бр 157/10) се формира на 01.01.2011 година со спојување на Управата за ветеринарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Дирекцијата за храна при Министерството за здравство.
Со интегрирање на надлежностите на овие два органа во состав и формирањето на Агенцијата како независна институција за безбедност на храна и ветеринарство, се надмина проблемот со преклопување на надлежностите на Управата за ветеринарство и Дирекцијата за храна и се постигна оптимално користење на достапните средства и ресурси во однос на вработувања, опрема и објекти.
Агенцијата за храна и ветеринарство, согласно европските принципи за следнивост на храната “Од нива – до трпеза”, од 2011 година функционира како единствен надлежен орган за контрола на безбедноста на храната и храната за животни, за спроведување, контрола, надзор и следење на ветеринарните активности во областа на здравствената заштита на животните, нивна благосостојба, ветеринарното јавно здравство, како и контрола на лабораториите кои даваат поддршка за потребите на Агенцијата.
Основна цел на Агенцијата за храна и ветеринарство е обезбедување на високо ниво на заштита на здравјето и интересите на потрошувачите кога станува збор за безбедноста на храната.
Работите од своја надлежност, Агенцијата за храна и ветеринарство ги врши врз основа на воспоставениот систем за контрола на безбедноста на храната преку интегрирање на контролните системи за храна од животинско потекло, вклучително и за увоз, контролниот систем за генерална безбедност на храната, за увоз на храна од растително потекло, контролен систем за пестициди и контролниот систем за благосостојба на животните.
Внатрешна организација на Агенцијата за храна и ветеринарство:
Органограм на Агенцијата за храна и ветеринарство
Правилник за систематизација на работни места во АХВ
Список на лица вработени во АХВ
Решение за мирување на правата и обврските од работен однос