RASSF
- Понеделник, 27 Јануари 2014 11:41
RASFF (Rapid Alert System for Food and Feed) или Систем за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАСФФ) е систем основан од страна на Европската Унија со цел навремена детекција на опасностите кои ја загрозуваат безбедноста на храната и храната за исхрана на животни, како и брза и ефективна размена на информации за преземените мерки за безбедност на храна.
Секоја земја која е дел од РАСФФ системот задолжително ја информира Европската Комисија за секој ризиккој произлегува од храната и храната за исхрана на животни, а кој директно или индиректно го загрозува јавното здравје, како и мерките на повлекување од промет, ограничување на пуштање во промет, уништување или други соодветни мерки кои се преземени со цел да се заштити здравјето на потрошувачите. Исто така, Земјите Членки задолжително испраќаат информација и за сите пратки со храна и храна за исхрана на животни кои по извршениот преглед се одбиени на инспекциско место на граничен премин.
Базата на податоци на РАСФФ системот е достапна на официјалниот РАСФФ веб портал
http://ec.europa.eu/food/food/rapidalert/index_en.htm