Означување на храната
- Четврток, 01 Август 2013 16:12
Означувањето на храната е многу важно за да го информира потрошувачот за составот и карактеристиките на храната. Задолжителните информации за храната се:
1. Име на производот под кое се продава;
2. Потекло на производот;
3. Име на производителот или трговецот на храната на начин кој овозможува негово лесно препознавање;
4. Нето-тежина или волумен на храната - број на парчиња или нивната тежина;
5. Суровините и адитивите користени за подготовка на храната, според количината, по опаѓачки редослед;
6. Рокот на траење на храната (има трајност до...) или во случај на микробиолошкн лесно расипливи производи датумот до кој храната е безбедна за употреба (мора да се употреби до...)
7. Специфичните услови за складирање неопходни за одржување на безбедноста на храната, препораки за условите за употреба доколку тие значително влијаат на рокот на употреба на храната, односно на рокот до кој храната задолжително треба да се употреби; и
8. Нутритивниот состав во случај кога храната е наменета за посебна нутритивна употреба.
Легислатива
Обврските за означувањето кои ги имаат производителите и трговците со храна се регулирани со Законот за безбедност на храната како и со подзаконските акти кои произлегуваат од него .
Задолжителните барања за означувањето на храната се дадени во Правилникот за начинот на означување на храната (Сл.ужбен весник на РМ бр. 118/05).
Дополнителните барања за означувања кои се дефинирани во зависност од категоријата на храна се пропишани со правилниците за посебните барања за безбедност или правилниците за квалитет на оделни видови храна / прехранбен производ.